Попладнево во Битола можеме да го добиеме новиот шампион на Македонија во ракомет. Доколку ,,црвено – црните” од Скопје одиграат повторно добар натпревар и слават трет пат сезонава над Еурофарм Пелистер, сите дилеми ќе бидат решени. Вардарци веќе се на пат за Битола, каде од 18 часот го играат натпреварот. Здравствениот билтен во редовите на тимот од Скопје е добар за ... Read More »
Прв Тим
Прв трофеј за Алушовски како тренер
Поранешниот играч и капитен на Вардар, Стевче Алушовски изминатиов викенд испиша своја историја. Предводникот на ,,црвено – црните” со победата на Вардар во Купот на Македонија, успеа да го освои првиот трофеј како ракометен тренер. По само неполна недела откако го освои првиот трофеј, предводникот на РК Вардар 1961 веќе утре ќе има можност да го запише и вториот. Доколку вардарци ... Read More »
МТВ со директен пренос од Е.Пелистер-РК Вардар
Утре, четврток (20.05), PK Вардар гостува во Битола кај екипата на Еурофарм Пелистер во дербито на колото. Со евентуална победа, црвено-црните сигурно дека ќе се промовираат во Шампиони на Македонија. На Вардар му одговара и пораз, но тоа да не биде поголем од осум голови разлика. Натпреварот во четврток во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе стартува од 18:00 часот од ... Read More »
(ВИДЕО) Гласајте за Тимур Дибиров за најдобро лево крило во ЛШ
Во тек е гласањето за најдобриот тим во Лигата на Шампионите за тековната натпреварувачка сезона. Двајца играчи на Вардар се најдоа во изборот и ќе конкурираат да влезат во идеалниот тим на ЛШ. Еден од нив е секако, Тимур Дибиров, стана навика секоја сезона Дибиров да се најде во овој избор. Негови конкуренти за најдобар на позицијата лево крило се ... Read More »
Официјално, Дисингер заминува во Динамо Букурешт
Официјално денес уште еден член на шампионската генерација на Вардар ќе го напушти македонскиот првак, откако по Иван Чупиќ договор со својот нов клуб потпиша и Кристијан Дисингер. Германскиот интернационалец кариерата ќе ја продолжи во романскиот шампион Динамо Букурешт каде ќе настапува од идната сезона. Неговиот нов тим денеска и официјално го потврдија потпишувањето на 2.годишниот договор и му посакаа ... Read More »
Начевски и Николов по трет пат сезонава ќе им судат на Вардар и Еурофарм Пелистер
Најдобрата судиска двојка во Македонија Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и по трет пат сезонава ќе им судат на Вардар и Пелистер. Повторно честа да го судат македонското ракометно дерби ја добија секако најдобрите. Истиве судии беа дел и од првиот натпревар кој се одигра во Јане Сандански кој заврши со победа на Вардар (35:27), како и во финалето на ... Read More »
Во четврток Вардар гостува во Битола, по заверка на шампионската титула
Ракометната федерација на Македонија ги одреди термините за натпреварите од 10.коло во плеј-офот на ракометната Супер лига. Во четврток (20.05), Вардар гостува во Битола кај екипата на Еурофарм Пелистер во дербито на колото. Со евентуална победа, црвено-црните сигурно дека ќе се промовираат во Шампиони на Македонија. На Вардар му одговара и пораз, но тоа да не биде поголем од осум ... Read More »
Дибиров: Сакаме со победа во Битола да ја завериме титулата
Во големото финале од Купот на Македонија, екипата на Вардар успеа да излезе како победник на дуелот со екипата на Еурофарм Пелистер. Црвено-црните стигнаа до триумф со резултат 26:24, на натпревар на кој постојано имаа предност, која во еден момент достигна и шест голови разлика. На тој начин, Вардар стигна до првиот трофеј сезонава, или вкупно 14-ти во Купот на ... Read More »
Двата натпревари од 1/8 финалето против Металопластика ќе се одиграат во С.Ц Јане Сандански
До крајот на оваа натпреварувачка сезона за тимот на РК Вардар 1961 останува да одиграат уште пет натпревари во плеј-офот од Супер лигата, како и осминафиналниот двомеч против екипата на Металопластика, во рамките на СЕХА-лигата. Вардар1961 и Металопластика се договорија своите две средби од осмина-финалето да ги одиграат во Скопје, на 7 и 8 јуни. Првата средба е закажана за ... Read More »
До крајот на сезоната во Супер лигата остануваат уште пет кола, Вардар е многу блиску до обединување на двојната круна
Вардар го освои првиот трофеј сезоната, а има шанси до крајот на сезоната да стигне и до втората титула во домашните натпреварување. До крајот на сезоната во Супер-лигата остануваат уште пет натпревари, а Вардар е лидер на табелата со максимален број на освоени бодови. Во следното 10.коло на програмата е дербито во Битола, каде црвено-црните гостуваат кај екипата на Еурофарм ... Read More »