Денес старуваше 12 издание на силниот меѓународен ракометен турнир “Метковиќ 2017“, на кој се натпреваруваат и две генерации на ракометниот клуб Вардар. Кадетките на Вардар одиграа два натпревари и забележаа една победа и пораз. Треба да се напомене дека на турниров се натпреваруваме со екипи кои се две години повозрасни од нашите ракометарки, а екипата ја води Марија Папуџиева. На ... Read More »
ЖРК Вардар
Лејно имаше осум одбрани, додека Лакрабер постигна еден гол, во нерешениот резултат на Франција во дуелот со Шпанија
Ракометната репрезентација на Франција за која настапуваат две ракометарки на Вардар, Амандин Лејно и Александра Лакрабер во текот на вчерашниот ден го одиграа четвртото коло на СП во Германија. Противник им беше селекецијата на Шпанија, со која ремизираа со резултат од 25:25. “Триколорите“ и “фуријата“ во еден израмнет натпревар на крајот ги поделија бодовите. Двете репрезентации има период на добра ... Read More »
Поискусниот Вардар подобар од “сестринскиот“ Вардар Јуниор, во рамките на женската супер лига
Нашиот женски ракометен шампион, екипата на Вардар славеше во дуел со “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор, кој го совлада убедливо со резултат 10:45. Овој натпревар се одигра во малата сала на С.Ц. Јане Сандански и очекувано им припадна на поискусниот и подобриот состав на Вардар. Помладите вардарки имаа слабо полувреме, кога за 30 минути успеаа да постигнат само два гола, ... Read More »
Познати составите на двете генерации на РК Вардар, кои ќе не претставуваат на турнирот во Метковиќ
Пионерките и кадетките на РК Вардар, во периодот од 8-10-ти декември ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир, или 12 издание на турнирот “Метковиќ 2017“. Кадетките ќе бидат во група со екипите на Метковиќ, Сплит, Катарина – Мостар и Далматинка – Плоче. Утре ги стартуваме настапите на турнирот, а отвараме со екипата на Катарина Мостар (15:50 часот), додека истиов ден ќе ... Read More »
Андреа Лекиќ ги постигна првите три гола на СП, исто толку погодоци и за Радичевиќ во победата на Црна Гора над Тунис
Црна Гора освои два, додека Србија еден бод, во рамките на четвртото коло на СП во Германија. Радува веста дека на теренот се врати Андреа Лекиќ која даде значителен придонес во нерешениот резултат против Холандија. Србија втор последователен натпревар одигра со нерешен резултат, овој пат против селекцијата на Холандија (27:27). Има за што да жалат Србинките со оглед дека во ... Read More »
Победничката турнеја на Вардарки вечерва продолжи и во Прилеп, каде беше совладана екипата на Деспина
Турнејата на ЖРК Вардар продолжи од Куманово во Прилеп, каде вечерва гостуваа на екипата на Деспина, во рамките на натпревар од женската супер -лига. После убедливата вчерашна победа против Куманово, избраничките на Дибирова вечерва беа подобри и од екипата на Деспина, совладувајќи ја со резултат од 41:24. Иако се играше во Прилеп, Вардар се водеше како домаќин на овој натпревар, ... Read More »
Комплетирано третото коло во женскиот дел на ракометната “Јуниор“ лигата
Изминативе два викенди се одигра третото коло во женскиот дел на “Јуниор“ лигата. На програмата беа натпревари кај генерацијата родени “2004/05“ и “2006/07“ година. Во двете возрасни генерации после три одиграни кола, првото место на табелата го држи РК Кале од Кичево. Резултати и табела, кај генерацијата 2004/05. РК НОВО ЛИСИЧЕ ВАРДАР – РК ДЕЛЧЕВО ВАРДАР 18:25 (08:10) РК ВАРДАР ... Read More »
Вардарки лесно минаа низ Куманово, Керамичиева повторно прв стрелец
Избраничките на Дибирова иако играа без повеќе првотимки Вардар немаа проблеми на гостувањето во Куманово во дуел од суперлигашката конкуренција. Тие од ова гостување се враќа со триумф од 42-15. Првпат сезонава за Вардар настапија и Леонида Гичевска и Милица Николиќ кои постигнаа вкупно 8 голови. Тие добија привремена прекоманда од вториот тим и до крајот на полусезоната ќе играат за ... Read More »
Цвијиќ донесе бод за Србија, Радичевиќ постигна седум голови кои се покажаа како недоволни за победа, втор триумф на СП за Лакрабер и Лејно
Во текот на вчерашниот ден се одигра третото коло на светското ракометно првенство во Германија. Настапи имаа и ракометарките кои доаѓаат од екипата на Вардар. Србија за која настапуваат Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ успеа да освои голем бод во дуелот со домашната селекција на Германија и да остане непоразена и после три одиграни кола на мундијалот. Германија имаше добар ... Read More »
Андреа Кликовац дополнително повикана за својата селекција, на СП во Германија
Во претсојниов период ќе гледаме уште една ракометарка од Вардар, на светското првенство кое од 1-ви декември стартуваше во Германија. Се работи за Андреа Кликовац, која доби дополнителен повик од селекторот на Црна Гора, Пер Јохансон откако се повреди Ема Рамусовиќ која важи за играч во одбраната. Токму на Кликовац падна одлуката да биде замена за повредената ракометарка. После две ... Read More »