ЖРК Вардар искажува голема благодарност до Општината Аеродром и жителите на истата за одобрената финансиска поддршка на црвено-црниот женски ракометен колектив. Во овие тешки времиња за сите сфери на општеството во време на светска пандемија, каде особено е погоден спортот во целост ваквиот стимул ќе значи продолжување на една успешна приказна. Клубот е благодаран, бидејќи беше препознаен проектот за создавање ... Read More »
ЖРК Вардар
Листи: Трпевска суверена на врвот кај стрелците, „дежа ву“ кај голманите, Грујовска прва
Во женската Супер ракометна сениoрска лига се одигра 13.коло, по кое одиме на зимска пауза со 28.бода. ЖРК Вардар одигра 12.меча, победивме на 9.дуели, одигравме херојско реми со лидерот Куманово и забележавме два пораза, но на гостински терен кај силни противници. Девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев одигаа повеќе од солидна есен, оваа полусезона влеговме со целосно изменет лик на бековската линија со замена ... Read More »
(Фотогалерија) ЖРК Вардар со висока победа против Ѓорче
Викендов, ЖРК Вардар ја заврши есенската полусезона со победа, високо ја совладавме екипата на РК Ѓорче Петров на домашен терен. Девојките на Ристова и Царчев победија со 32.гола повеќе односно со резултат 46:14 (18:8). Read More »
Преглед 13.коло! Вардар се изедначи со Куманово, прва радост за РК Кузман Илинден
Зад нас е 13.коло во женската сениорска лига, вардарки ги одиграа сите 12.кола и заминуваат на одмор со девет победи, едно реми и два пораза. Вкупно освоивме оваа есен 28.бода од можните 36 на 12.мечеви, што е одлично во однос на реконструкцијата на тимот особено во бековската линија оваа есен, нешто што Ристова мораше да го увежбува. Сепак иако е ... Read More »
Висока победа против Ѓорче во последното есенско коло за ЖРК Вардар
ЖРК Вардар ја заврши есенската полусезона со победа, денес високо ја совладавме екипата на РК Ѓорче Петров на домашен терен. Девојките на Ристова и Царчев победија со 32.гола повеќе односно со резултат 46:14 (18:8). Вардар тргна офанивно по првата судиска свирка, почнавме да правиме предност на самиот почеток. По 10.минути игра водевме со плус пет, на семафорот беше 7-2 за ... Read More »
ЖРК Вардар домаќин во последното коло на Ѓорче Петров
Утре, ЖРК Вардаp ќе го одигра последното коло од есенскиот дел во сениорската лига. Ние сме домаќини во „Јане Сандански“ на РК Ѓорче Петров. Мечот од ова 13.коло се игра со почеток во 14:00 часот. Во истиот влегуваме како големи фаворити за победа. На мечот кој ќе се игра во малата сала, правдата ќе ја делат Блаже Михајлов и Благоја Кимовски ... Read More »
Преглед 12.коло! ЖРК Вардар слободен, но ја задржа 2.позиција, поранешните вардарки „решетаат“
Завчера се одигра некомплетното предпоследно, 12.коло во женската сениорска ракометна лига. Вардар во рунда беше слободен поради непарниот број на екипи кои се напреваруваат во оваа сезона 2020/2021 во сениорска конкуренција кај дамите. Во дуелите кои се одигра интересен факт е дека доминираа како први стрелци девојки кои заминаа од Вардар и во новите средини се носители на тимовите. Деспина ... Read More »
Среќен 18.роденден Лазаровска Михаела
Денес својот 18.роденден го слави левиот бек на ЖРК Вардар, Лазаровска Михаела. Полнолетство го дочека во редовите на црвено-црните, каде пристапи овој летен преоден рок. Претходно има настапувано во ЖРК Гевгелија, а минатата сезона ја мина во сениорската екипа на скопскиот тим, РК Спартак Кисела Вода. Станува збор дама за огромен ракометен потенцијал, девојка висока 190см која по доаѓањето во нашиот тим ... Read More »
Среќен роденден „Трпе“, денес Ивона полни 19.години
На денешен ден пред 19.години на свет дојде една од најдобрите поединци на ЖРК Вардар, девојката со посебен талент, младинската репрезентативка, Трпевска Ивона. Популарната „Трпе“ во моментов е прв стрелец на црвено-црните оваа сезона по 11.рунди, со просек од над 5 гола по одигран меч. Таа постојано си поставува се повисоки и повисоки стандарди кои ги надминува од меч во меч. Станува збор ... Read More »
Преглед 11.коло! Стружанка го изненади Металург, Вардар сигурен со Деспина
По прекинот поради промените во Протоколот за заштита во време на падемијата со Ковид-19, повторно женскиот сениорски ракомет се врати на сцена. Изминатиот викенд се одигра едно коло, на програмата беше 11.рудна од сезоната 2020/2021. ЖРК Вардар го искористи домашниот терен и ја совлада екипата на РК Деспина од Прилеп. Ние искористивме тоа што тимот на Металург кој е наш ... Read More »