Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 84)

ЖРК Вардар

ЖРК Вардар со силен тест, Куманово гостува во Скопје

z8-660x330

ЖРК Вардар конечно го закажа првиот тест-напревар во 2021 година. Подготовките се започнати во јануари, досега единствено тестиравме со кадетскиот тим предводен од Платон Анжела и Папуџиева Марија. Наш ривал во првиот пријателски дуел ќе биде екипата која оваа есен замина на зимска пауза како убедлив лидер на табелата, тимот на ЖРК Куманово. Кумановчанки овој викенд беа поразени на тест-дуел ... Read More »

Куп: ЖРК Вардар ги дозна ривалите во 1/4-фин. група

d24

Денес во просториите на РФМ, беа извлечени ¼-финалните групи за женскиот Куп на Република Македонија. Има 4.групи чии победници одат директно на Ф-4 завршниот турнир. ЖРK Вардар се наоѓа во групата „В“ заедно со екипите на ЖРК Стружанка од Струга и РК Овче Поле СУ од Свети Николе. Бидејќи сме носители поради есенскиот пласаман на табелата ќе бидеме слободни во ... Read More »

„Лавиците“ газат сениорски екипи со висока разлика, совладан Спартак со 8 плус

147502553_10218996754011997_601790018323119983_o

Вчера, кадетскиот состав на ЖРК Вардар  го   одигра својот прв контролен дуел во 2021 година. Девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваа кај тимот на РК Спартак Кисела Вода. Помалку неочекувано за оние кои не ги следат, но најквалитетните кадетки во земјава повторно совладаа суперлигашки, сениорски тим. Одличната работа на Платон и Папуџиева придонесе да се создаде еден квалитетен млад состав кој не се плаши од ... Read More »

„Лавиците“ денес повторно по скалпот на сениорскиот тим на Спартак

hhhhhhhhhhhhhhh

Денес, петок 12/02/2021,  кадетскиот состав на ЖРК Вардар ќе го   одигра својот прв контролен дуел во 2021 година. Девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваа кај тимот на РК Спартак Кисела Вода. Дуелот ќе се игра од 15-30 часот во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода. Младите дами ќе се обидат уште еднаш да го совладаат суперлигашот, тоа им појде од рака лани, на ... Read More »

Среќен роденден Платон Анжела

pionerkite-ja-zavrshija-polusezonata-so-5-pobedi-od-5-natprevari-14199

Денес свој роденден слави предводникот на кадетскиот состав на ЖРК Вардар, Анжела Платон. Таа ги предводи од самиот почеток  девојките  родени 2004 и 2005 година, имаше визија и успеа во истата, од нив создаде композитен тим кој не знае за пораз со години и ги освојува сите домашни лиги каде што се натпреварува. Честитки од редакцијата на Вардар фанс до  поранешниот играч ... Read More »

Познати ривалите на кадетките и младинките за ЕХФ шампионатите

120-660x330

Вчера во Виена, во седиштето на Европската ракометна федерација  се одржа ждрепката за Европските првенства и ЕХФ шампионатите за кадетки и младинки. Македонската младинска женска репрезентација ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот и ја избра групата во која ќе игра. По натпреварите во групната фаза, прво и второпласираните играат полуфинале, а освојувачот на ЕХФ шампионатот обезбедува место на Светското првенство ... Read More »

ЖРК Вардар лигата ќе ја започне на 1.април, во март само два Куп меча

a2

ЖРК Вардар од минатиот месец е во процес на подготовки, веќе се одработени десетици тренинзи тимот се подготвува за пролетните предизвици. Пред нас се вториот дел од Супер лигата и Купот на Република Македонија. Познат е почетокот на лигашкиот дел, уште долго ќе почекаат девојките на првенствен дуел. Лигата е закажана да започне  на 1.април. Во првото коло сме домаќини ... Read More »

(Фотогалерија) Двата тима на ЖРК Вардар на „мегдан“

d16

Веќе дваесетина дена, двата тима  на ЖРК Вардар се во тренажен процес подготвувајќи се за пролетните предизвици. Викендов првиот тим на Вардар одигра тест-напревар со “лавиците“, односно кадетската екипа на црвено-црните. Во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ двата тима имаа прилика да ги покажат своите вештини. Во продолжение 60-сетина фотографии од овој “сестрински дуел“, кој мина во надигрување,  двете ... Read More »

Женските селекции на Македонија наскоро ќе ги дознаат ривалите

130-660x330

РФМ излезе со информација за престојните шампионати У17 и У19 за женските македонски селекции. Во истото се вели: Ве известуваме дека во канцелариите на ЕХФ во Виена согласно ранкингот во млади категории беше направена поделба на репрезентациите учеснички за младински категории во женска конкуренција (W17) и (W19) кои ќе се одиграат во летниот период во 2021 година. За генерацијата до 17 години македониските репрезентативки ќе биде учеснички на шампионатот во Литванија (07–15.08.2021 година), ... Read More »

Среќен роденден Попова Јасмина

1612515998976

Денес свое полнолетство прославува бекот на ЖРК Вардар, Попова Јасмина. Таа есенва ја засили  конкуренцијата на бековските позиции од каде имавме заминувања. Станува збор за девојка за  која се смета дека има голем потенцијал. Девојката која денес полни 18.години истиот го покажа оваа есен кога впиша 20.погодоци зад своето име. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЈАСМИНА! Read More »