Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 82)

ЖРК Вардар

Преглед 14.коло! ЖРК Вардар и водечката тројка со победи во првата пролетна рунда

fb_img_1615806359690

Викендов се одигра првото коло во женската Супер ракометна лига оваа 2021 година. Сосема очекувано топ-5 екипите во дуелите со тимовите подолу на табелата дојдоа до победи. Чаир го совлада во гости Кузман со 21-35, Металург имаше лесна задача во Автокоманда со Пелистер (40-20), исто како и Куманово на домашен терен кога го совлада тимот на Спартак со 41-21. Екипата ... Read More »

ЖРК Вардар покажува врвна форма, Стружанка повторно поразена (ФОТО)

160554800_10219197931361305_6285995291016866539_o

ЖРК Вардар уште еднаш ја совлада Стружанка за седум дена, овој пат во 1.коло во 2021 година. Денес во Јане Сандански девојките на Ристова, Хмирова и Царчев, потешко од минатиот пат победија со 25-22. Ние отворивме фуриозно и поведовме со 5-1 на оваа средба, со голот на Костовиќ Ангела во 11.минута. Игравме добро во одбраната, Грујовска Симона забележа неколку интервенции ... Read More »

Ристова: Задоволна сум од пласманот на Ф-4, нашата цел е место погоре и во лигата

ris2

Изминатиот викед, ЖРК Вардар се пласираше на завршницата во Купот (Ф-4), утре го има својот прв дуел во лигата. Предводникот на тимот успеа да ја хомогенизира екипата која претрпе кадровски измени на почетокот од сезоната. Екипата е подготвена според нејзината визија на високо ниво, тактички, технички и физички. Во продолжение краток разговор со Ристова Драгана, пред утрешното прво пролетно коло ... Read More »

Вардар во сабота повторно ја пречекува Стружанка, овој пат во првата пролетна рунда

7

Викендов започнува пролетната сезона во женската ракометна Супер лига. За ЖРК Вардар ќе има реприза на финалето од минатата недела во 1/4-финалната група на Купот. Повторно во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје гостува тимот од Струга, екипата на Стружанка. Дуелот против тимот кој го совладавме со 27-19 и го исфрливме од Купот на Република Македонија обезбедувајќи си Ф-4, е закажан ... Read More »

(Фотогалерија) ЖРК Вардар на Ф-4 во Купот по победата над Стружанка

159477334_10219170723041114_4108867991527354633_o

Викендов во „Јане Сандански“,  ЖРК Вардар и Стружанка одиграа дуел кој беше финале во 1/4-финалната група „В“. Ние обезбедивме пласман на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија. Стружанка беше во егал во 42.минута, имаше 17-17, но вардарки во одбраната играа на ниво, Џатевска и Дамјаноска беа непремостлив бедем, цела шесторка пред  Грујовска која не прими гол 17.минути беше ... Read More »

Џатевска на скратениот список за претстојните квалификации за СП

a

Денес, селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го скрати и го објавува списокот на повикани ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светско Првенство во 2021 кое ќе се игра во Шпанија. На неговиот список се најдоа 20 ракометари, повеќето интернационалки, но има и девојки кои ги бранат боите на клубови од домашниот шампионат. Вардар на поширокиот список ... Read More »

Хмирова се враќа во ЖРК Вардар, овој пат како асистент тренер во првиот тим

km

Во европската одисеја на ЖРК Вардар, дел од ѕвездениот состав кој играше значајна улога во ЛШ завршниците беше и руската интернационалка, Татјана Хмирова. Таа повторно е дел  ЖРК Вардар, но овој пат во друга улога. Хмирова е во Скопје, по нејзината последна ракометна епизода во Тенерифе, овој пат таа започнува тренерска кариера. Нејзин прв предизвик е Вардар, каде ќе работи во првиот тим. Сакајќи ... Read More »

КУП: На вардарки ривали на Ф-4 се Металург, Чаир и Куманово

158174996_273211171098524_3592135353801275753_o

Викендов се дефинираа четирите женски ракометни тима кои ќе играат на завршниот Ф-4 турнир во ракомет.  Покрај нашиот црвено-црн тим, Вардар тука се и екипите на: ЖРК Куманово,  ЖРК Чаир и ЖРК Металург.  Ови четирите екипи кои ќе се борат за титулата. ЖРК Вардар славеше над ЖРК Стружанка 27-19, дуелот имаше две лица. Во 42.минута беше 17:17, потоа нашата одбрана ... Read More »

Стружанка имаше реми, но Грујовска и одбраната не дозволија гол цели 17.минути, за пласман на Ф-4 во Купот

158342988_273211414431833_2184480720413842740_o

Малата сала СЦ „Јане Сандански“ во Скопје денес беше домаќин на финалниот дуел од 1/4-финалната Куп група „В“. На овој меч ЖРК Вардар ја пречека екипата на ЖРК Стружанка која вчера со победата над Овче Поле дојде на мегдан со девојките на Ристова и Царчев. Она што се гледаше на подготовките и го потенциравме денес се покажа како точно, вардарки ... Read More »

Стружанка го совлада О.Поле и гостува во финалето кај ЖРК Вардар

777777777777777777777777777777777777777777

Вчера, ракометарките на Стружанка очекувано стигнаа до победа против составот на Овче Поле СУ со 24:16 (9:11) и обезбедија дуел против екипата на Вардар за пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија. Денес во финалето од 1/4-финалната група екипата од Струга гостува во Скопје  кај нашиот Вардар. Победникот од овој финален дуел ќе се пласира на Ф-4 турнирот во ... Read More »