Утрово, Платон Анжела и Марија Папуџиева во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, за првпат имаа тренинг со кадетскиот тим на ЖРК Вардар. Покрај минатосезонските имиња, денес тимот доби уште едно засилување во ростерот. Нов член на „Лавиците“ е Попова Нина, играч кој игра на позицијата пикер, а може да одговори и на задачите на левата бековска позиција. Таа минува ... Read More »
ЖРК Вардар
(ФОТО) „Лавиците“ на прва смотра, Платон и Папуџиева ги отпочнаа летните подготовки со кадетките
Денес во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во Скопје кадетскиот тим на ЖРК Вардар го имаше првиот собир на овие летни подготовки. „Лавиците“ се собраа по пауза од месец март, поради пандемијата со Ковид-19. Платон Анжела и Марија Папуџиева го имаа првиот тренинг со тимот, во продолжение неколку фотогpафии од истиот. Read More »
(Фотогалерија) ЖРК Вардар ги „запали моторите“, започнаа летните подготовки
Вчера, се собра тимот на ЖРК Вардар на прв тренинг. По посебен протокол истиот беше реализиран на фудбалскиот терен до С.Ц „Јане Сандански“. Целиот ростер беше на располагање заедно со засилувањата, Попова Јасмина , Михаела Стојановска и Цветковска Сања. Се работеше на топло време, девојките одлично истрчаа она што им беше зададено. Во продолжение 70-сетина фотографии од овој тренинг. Read More »
Цветковска: Преминав во Вардар бидејќи е ракометен спортски бренд, очекувам успех со тимот
Вчера, вторник 4.август, ЖРК Вардар официјално ги „запали моторите“ и ги започна летните подготовки за сезоната 2020/2021 година. Првиот тренинг се одвиваше на фудбалскиот терен крај Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. На првиот тренинг се појави ново име, станува збор за третото засилување на тимот, бекот од Металург, Сања Цветковска е нов вардаров играч. Таа е родена 2003 година ... Read More »
(ФОТО) ЖРК Вардар со прва прозивка, покрај двете засилувања на прв тренинг и новото, Цветковска од Металург
Денес по голема пауза, уште од месец март кога започнаа рестрикциите поради Корона вирусот, се собра тимот на ЖРК Вардар на тренинг. По посебен протокол истиот беше реализиран на фудбалскиот терен до С.Ц „Јане Сандански“. Целиот ростер беше на располагање заедно со двете најавени засилувања, Попова Јасмина и Михаела Стојановска. Денес деби во својот нов тим имаше и засилувањето од ... Read More »
Заменик капитенот на ЖРК Вардар, Миновска, со одличен настап на Атлетскиот Куп на РМ
Капитенот на македонската кадетска репрезентација, вардаровото крило Миновска Сара го искористи периодот на прекин на активностите во ракометот поради пандемијата за настап во кралицата на спортовите, Атлетиката. Заменик капитенот на црвено-црните дами имаше забележителен настап на финалето од Купот на Република Македонија во Атлетика кој се одржа овој викенд на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Веќе некое време работам ... Read More »
Лавиците во среда на кејот крај Ј.Сандански ги „палат моторите“
Младиот женски ракометен тим на Вардар, кадетскиот состав кој во претходната сезона дојде до две титули, пионерска и кадетска, ги троши последните слободни денови. Платон Анжела и Марија Папуџиева се подготвуваат да ги започнат активностите за новата сезона. „Лавиците“ летните подготовки ќе ги стартуваат во среда, 5.август. Истите започнуваат во 18-00 часот со состанок, односно половина час покасно со првиот ... Read More »
ЖРК Вардар задутре во 18:30 часот стартува со подготовките на фудбалскиот терен во Ј.Сандански
Задутре, понеделник 3.август ќе започнат подготовките на ЖРК Вардар за новата сезона 2020/2021 година. Најпрвин ќе има состанок на тимот потоа ќе се обработи првиот тренинг. Истиот ќе се одвива на фудбалскиот терен крај Спортскиот центар “Јане Сандански” во Скопје. Ристова ќе го има целиот ростер на располагање, за голманите и понатаму задолжен е Царчев. Read More »
Борбената, Ана Марија Коларовска го замени Вардар со РК Спартак
Девојката која ја красеше голема борбеност и енергичност, средниот бек на црвено-црниот женски ракометен тим, Ана Марија Коларовска во идната сезона 2020/2021 ќе игра во нов тим. Таа ги мина сите младински категории на ЖРК Вардар, во тимот беше регрутирана од „Јуниор лигата“. Кадетската репрезентативка на Македонија потпиша договор со тимот на РК Спартак од Скопје каде ќе настапува во ... Read More »
Среќен 18.роденден Јаковчевска Ива
Денес свој роденден прославува ракометарката на ЖРК Вардар, крилото на црено-црните Ива Јаковчевска. Таа го прославува своето полнолетство, односно нејзиниот 18.роденден. Станува збор за инспиративна и талентирана млада девојка, во тимот настапува на десната крилна позиција, дојде како „производ“ на Вардар Јуниор лигата во нашиот тим и ги мина сите скалила од пионерска до сениорска категорија. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИВА! Read More »