Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги (page 114)

Младински лиги

Вардарки доминираат во составот на младинската ракометна репрезентација за квалификацискиот турнир за ЕП во Словенија

vardarfans-mladinki

Во понеделник во С.Р.Ц. Кале младинската ракометна репрезентација ќе го има првиот собир, како подготовка за квалификацискиот турнир кој од 17-19-ти март ќе се одигра во Скопје, за пласман на европското првенство кое оваа година ќе се игра во Словенија. Селекторот Борче Марковски веќе го објави списокот на ракометарки на кои ќе може да смета за претстојните натпревари. Нашата репрезентација ... Read More »

Започнува пролетната сезона за младите екипи

rk vardar pioneri-10

Викендов започнуваат и младите екипи на Вардар во пионерска машка и женска конкуренција, и во кадетска женска. Викендов сите екипи ќе одиграат на гостински терен. Во машка конкуренција во рамките од Група 1, пионерите ќе гостуваат во Тетово кај Кромак, овој натпревар ќе биде одигран утре со почеток во 11 часот. Пионерите на Вардар во моментов се на втората позиција ... Read More »

Евгенија Ристевска: “Јуниор“ лигата има големо значење за нас младите, бидејќи само така можеме да го покажеме нашиот талент

vardarfans-ristevska

Изминатиов викенд стартуваше пролетниот дел во ракометната “Јуниор“ лига. И оваа сезона ќе ги бараме победниците во ова натпреварување во сите возрасни генерации во машка и женска конкуренција. Една од школите која е дел од овој голем проект е РК Кале од Кичево која успешно се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Тие се победници во својата возрасна генерација 2004/05 од минатата ... Read More »

(ФОТО) Сите табели и постигнати резултати во првото пролетно коло во Јуниор лигата

29

Викендов се одигра првото пролетно коло во Вардар Јуниор ракометната лигата.  Таа се одигра во три  салите, поточно  во спортските центри Кале и „Јане Сандански”. Настапи имаа момците и девојките од генерациите 2000/01, 2002/03 и 2004/05, како и мешаните тимови од генерациите 2006/09. Кај момците постигнати се овие резултати и табелите изгледаат вака. Кај девојките се одиграа интересни мечеви овој ... Read More »

Победи за РК Урдаревски кај генер. 2002/03 во машкиот дел и РК Вардар-Виница во женскиот дел кај генер. 2000/01

vardarfans-naslovna

На последните два натпревари од првото пролетно коло во ракометната “Јуниор“ лига кои се одиграа на Кале победи забележаа машката екипа на РК Урдаревски и женската на РК Вардар-Виница. Во машкиот дел кај генерација родени 2002/03 се сретнаа екипите на ГРК Гостивар и РК Урдаревски. Победата им припадна на тимот на РК Урдаревски, кој славеше со резултат 13:15. Урдаревски имаше ... Read More »

(Фотогалерија) Девојките на Вардар Виница триумфираа со РК Будимир во меч од “Јуниор“ лигата

e2

Вчера во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ продолжија мечевите од првото пролетно, односно 7.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај девојките во генерација родени 2000 и 2001 година се сретнаа екипите на Вардар Виница и  РК Будимир, виничанки триумфираа со 25-16. Read More »

По една победа и пораз за РК Филип Вардар во “Јуниор“ лигата, кај генер. 2000/01

vardarfans-rk-filip-vardar-660x330

Екипата на РК Филип од Прилеп забележа една победа и пораз кај генерација родени 2000/01 година. Во машкиот дел Филип-Вардар беше поразен од Кисела Вода, додека кај девојките Филип-Вардар триумфираше против Кузман. Екипата на РК Филип Вардар иако важеше за фаворит во дуелот со Опш.Кисела Вода, сепак на крајот го загуби натпреварот. На самиот старт Кисела Вода поведе со 0:3, ... Read More »

Јуниор лига: Сите резултати кај најмалите генер.2006/2009

1

Викендов повторно има возбудувања во ракометната Вардар Јуниор лига. По двомесечна зимска пауза,  се одигра првото пролетно коло овој викенд во Скопје. Во малата сала при С.Ц „Јане Сандански” се одиграа дуелите кај најмладите учесници 2006/2009 година кои играат во мешани женско машки тимови. Во продолжение сите резултати од денешните натпревари, фотогалерија од денешните мечеви може да погледнете на нашиот сајт-тука. ... Read More »

Очекувани победи за РК Кастратовиќ и РК Кале во женскиот дел од “Јуниор“ лигата кај генер. “2004/05

vardarfans-naslovna26-660x330

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од првото пролетно коло во ракометната “Јуниор“ лига. Први на програмата беа натпреварите во женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година. Утринската програма се отвори со натпреварот помеѓу екипите на Опш.Кисела Вода 2 и РК Кастратовиќ. Победата очекувано им припадна на РК Кастратовиќ кои се вицешампиони од последното издание на зимскиот турнир. Во ... Read More »

Фотогалерија од одиграните натпревари кај најмладите генерации 2006/09 во “Јуниор“ лигата

16681500_10208671368963824_7660139662063780119_n

Денес во мала сала при С.Ц “Јане Сандански“ продолжија мечевите од првото пролетно, односно 7.коло во ракометната Вардар Јуниор лига  кај најмладите генерации родени 2006-2009 година.  Тие  играат во мешани тимови машки и женски. Натпреварите се играат во две полувремиња, по 7 минути. Ви пренесуваме фотогалерија од овие натпревари. Read More »