Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги (page 121)

Младински лиги

Сања Цветковска: “Јуниор“ лигата е од голема значајност бидејќи ни дава можност да се натпреваруваме, дружиме и пред се да се градиме како личности

vardarfans-naslovna

На средина сме од втората натпреварувачка сезона во ракометната “Јуниор“ лига. Пред нас е есенскиот дел каде се одиграа шест кола, а следно на програмата ќе биде второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Ракометниот клуб Вардар дојде прв до идејата да ги обедини сите ракометшни школи од Македонија во една лига, засега во овој проект се вклучени ... Read More »

Годината започнува со третото издание на ракометниот младински турнир, “Вардар, еден живот, една љубов“

vardarfans-228

На повидок е третотото издание на младинскиот ракометен турнир, “Вардар, еден живот, една љубов“ кој е во целосна организација на нашиот клуб. Турнирот ќе се игра во вкупно 5 сали, и тоа во малата и големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански”, како и во салата на спортскиот центар Кале, и Основните училишта „Круме Кепески” и на „Невена Георгиева – ... Read More »

(Фотогалерија) РК.Филип Вардар новогодишна фотосесија

30

Лесно е да се  биде дел од големото ракометно црвено-црно семејство “Вардар“,  секој може да има таква прилика доколку се придружите во една од  двесет и двете ракометни школи низ земјава. Во градот Прилеп фунционира  една од најуспешните ако не и најуспешна школа во вардаровата Академиј, екипата на РК Филип Вардар. Предводена е од Александар Таневски, тие во јуниор лигата ... Read More »

(Фотогалерија) Доделување награди за бронзените екипи на РК Вардар на одиграниот турнир во Белград

g2

Од 27-29 декември три екипи на ракометниот клуб Вардар беа дел од силен меѓународен турнир кој се играше во главниот град во Србија. На крајот две наши екипи завршија на третото место, додека една беше четвртопласирана. Машката екипа родени 1999/2000 беше предводена од тренерскиот тандем, Чивлачки-Петковски и го освои третото место. Тие во малото финале беа подобри од екипата на ... Read More »

По празниците, ракометните школи во склоп на Вардар ќе започнат со финалните подготовки за зимскиот турнир “Еден живот една љубов″

20

Есенската полусезона во големиот ракометен црвено-црн проект вардаровата Јуниор лига веќе е зад нас. По крајот на 6.коло следува зимска пауза во лигата.  Но, тука нема да престанат натпреварувањата во организација на ракометната академија на ракометниот клуб Вардар. Следно што ќе се одржи е Зимскиот турнир „Вардар-Еден живот една љубов″. Ракометните школи се на кратка пауза поради празниците. По завршување ... Read More »

Драгана Ристова: Успехот на турнирот во Белград секако дека е одличен, но мислам дека со нашата игра заслуживме да играме во големото финале

vardarfans-pionerki

Пионерките на ракометниот клуб Вардар направија голем успех на силниот меѓународен турнир во Белград. Избраничките на Драгана Ристова и Билјана Пецевска со бронзен медал се вратија од Србија, освојувајќи го третото место. За “влакно“ им избега пласманот во големото финале, откако во полуфиналето за само еден погодок беа поразени од домашната екипа на Белград. Претходно во групната фаза, нашите млади ... Read More »

Кадетките на ЖРК Вардар загубија во борба за бронзата

15697837_1710648832579500_8163411627379772131_n

Кадетките на ЖРК Вардар денеска загубија во битка за бронзата на турнирот во Белград. Попладнево нашите млади девојки беа минимално поразени од тимот на Белград. Честитки до целиот тим и тренерите за настапите на овој турнир. Во првиот дел екипите на Белград и Вардар одиграа тврдо полувреме. Во последната минута  од првиот дел влеговме со предност од 8-4. Потоа србинките ... Read More »

Пионерките на Вардар ја освоија “бронзата“ во Белград. Совладана екипата на Будуќност

vardarfans-pionerki

Денес на турнирот во Белград младите ракометарки предводени од Драгана Пецевска Ристовска, пионерките на Вардар дојдоа до бронзата на турнирот. Тие во дуелот на Меѓународниот турнир „Трофејот на Белград-2016”  се сретнаа со екипата на Будуќност од Црна Гора. Триумфиравме со 21-13, а на полувреме водевме високо со 11-5. Црвено-црните девојки почнаа офанзивно прототив црнагорскиот ривал, поведувајќи на почетокот. Се одлепивме ... Read More »

ВИДЕО Стрим во живо од мечевите на трите млади вардарови екипи на „Трофеј Белград”

vardarfans-kadetki-8

По одличните настапи во групата и избореното полуфинале и несреќните порази во него трите екипи составени од млади ракометари на Вардар на Меѓународниот турнир „Трофејот на Белград” ќе играат за трето место денес, односно ќе се борат за бронза. Сите мечеви ќе може да ги следите во живо преку видео стрим. Натпреварите на нашите три млади колектива ги имаат следните ... Read More »

Кадетките и пионерките на РК Вардар без финале на турнирот во Белград, утре ги играме натпреварите за третото место

vardarfans-kadetki

Пионерките на РК Вардар утре ќе разигруваат за третото место на турнирот во Белград, откако во полуфиналето беа минимално поразени од екипата на Белград. Избраничките на Ристова одчино го започнаа натпреварот и по пет минути играа имаа водство од 4:2. Сепак во продолжение од мечот, противникот успева да постигне пет последователни голови и да поведе со 4:7. Ова водство екипата ... Read More »