Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 1172)

Author Archives: Звонко Ивановски

Денес официјално беше претставен “Вардар турнирот“ во машка и женска конкуренција

vardarfans pretstaven vardar turnirot

Денес на прес конференција беше претставен турнирот во машка и женска конкуренција, кој ќе биде организаран од ракометниот клуб Вардар. Истиот ќе се одвива во периодот од 24-ти август до 1-ви септември, на кој ќе учествуваат квалитетни екипи. -Доаѓаат Металург, Кристијанстад, Краснодар, Нексе и Чеховски Медведи на машкиот турнир. Будуќност, Подравка, Лајпциг, Савехоф и Ростов Дон на женскиот . Секој ... Read More »

Леонида Гичевска од Вардар, избрана за најдобар играч на последните два натпревари на кадетската репрезентација

vardarfans dev

Леонида Гичевска е Вардаровата гордост која не претставува на европското првенство за кадетки, кое во изминатиов период се одржува во Скопје. На последните два дуели на Македонската репрезентација, против селекциите на Шпанија и Германија, Леонида заслужено е прогласена за најдобар поединец кај нашите девојки. На натпреварот со Шпанија постигна три голови и беше втора по ефикасност во составот предводен од ... Read More »

Според ЕХФ, меч на неделата во 4 коло од ЛШ ќе биде помеѓу Вардар и Рајн-Некар

vardarfans- tut

ЕХФ веќе ги одреди натпреварите од првите шест кола во лигата на шампионите, кои ќе бидат меч на неделата. Во четвртото коло, најпривлечен дуел според ЕХФ ќе биде оној во С.Ц. Јане Сандански помеѓу нашиот шампион и бундес лигашот, Рајн-Некар Левен. Директен пренос од овој натпревар ќе врши ЕХФ ТВ. Со истиов противник имавме можност да играме и минатата сезона, ... Read More »

Елвир Рамиќ: Ќе излеземе на терен, со цел да освоиме три бода

vardarfans ramik

Со градското дерби помеѓу Вардар и Работнички ќе започне новата првенствена сезона во младинските категории. Пионерите се домаќини на своите врсници од Работнички, каде ќе се обидат да ја започнат лигата со победа. Мечот ќе се одигра во сабота со почеток од 12 часот, на теренот на Локомотива. Припремите пред почетокот на сезоната беа долги, со одигрување на неколку пријателски ... Read More »

Амандин Лејно донесе прва победа за Жрк Вардар на “Букурешт трофеј“

zhrk-vardar-vardar-24.03.2015-1178(1)

Во една неизвесна завршница екипата на Жрк Вардар ја забележа првата победа на турнирот “Букурешт трофеј“. Иако во поголем дел од натпреварот имавме негатива, сепак благодарение на одличната Лејно на голот успеавме да забележиме триумф со минимални 27:26. Првите два голови беа постигнати од ударите за седум метри, по еден на двете страни. Се играше израмнето се до 10 минута, ... Read More »

СТРИМ ВО ЖИВО ! ЖРК ВАРДАР-Корона Брашов

zhrk-vardar-podobar-i-vo-vtoriot-prijatelski-mech-so-esbjerg-1270

Денес со почеток од 18:00 часот, екипата на Жрк Вардар ќе го одигра првиот натпревар на турнирот “Букурешт трофеј“ во организацијана ракометниот клуб ЦСМ Букурешт. На него ќе учествуваат силни европски екипи, меѓу нив е нашиот шампион и актуелниот европски првак-Будуќност. Нема многу одмор за нашите девојки кои од Франција, директно слетаа во Романија да учествуваат на овој силен турнир.  ... Read More »

Големи играчки промени во пионерската екипа на Жрк Вардар

vardarfans- hh

Пионерките на Жрк Вардар започнаа со тренинзи за новата сезона, со големи промени во играчкиот кадар. Екипата ја напуштија дури девет ракометарки кои си најдоа нов клуб. Ана Божиноска, Михаела Крстиќ, Ивона Ангелеска, Ана Ристевска, Невена Ацевска, Ивона Арсовска, Анета Тодоровска, Ангела Колева и Златица Бошкоска, не се повеќе дел од овој тим на Вардар. Испразнетото место по нивното заминување ... Read More »

Кристијан Николовски: Ние секогаш одиме на победа, така ќе биде и на градското дерби

vardarfans nikolovski

Започнува новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Викендот кој следи ќе се одигра првото коло, со дерби дуелот помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Нашите младинци подготвени го дочекуваат овој натпревар, надевајќи се на позитивен резултат. Во подготвителниот период одиграа неколку пријателски натпревари, на кои забележаа добри резултати. -Припремите ги поминавме одлично, работевме доста напорно речиси еден ипол ... Read More »

Од денес пуштени во продажба билетите за машкиот и женскиот дел од “Вардар турнирот“

vardarfans bileti

Од денес на билетарата кај спортскиот центар Јане Сандански ќе бидат пуштени во продажба билетите за машкиот и женскиот дел од “Вардар турнирот“, кој е во организација на нашите ракометни клубови. Цената на еднодневниот билет ќе изнесува 200 денари. Со него ќе можат да се проследат двата натпревари, кои ќе бидат на програмата во еден ден. ВИП картите ќе чинат ... Read More »

Започнува “Букурешт трофеј“ , денес Вардарки играат со Корона Брашов

vardar-krim-merkator-lsh-832(1)

После завршената мини турнеја во Франција, каде одигравме четири натпревари и забележавме две победи и два порази, екипата на Жрк Вардар се сели во Романија. Нашиот шампион веќе пристигна во Букуреш, каде од денес ги започнува мечевите на турнирот. На него ќе земе учество и актуелниот европски првак, екипата на Будуќност. Ова ќе биде прв посериозен и посилен тест за ... Read More »