Екипата на ФК Вардар го доби и вториот пријателски натпревар во подготвителниот период. Црвено-црните успеаа да излезат како победници и на натпреварот со екипата на Скопје 3:1 (1:1). На овој натпревар својот деби настап го имаа двајца играчи од младинската школа на клубот. Се работи за Нуман Ајетовиќ (2006) и Ѓорѓи Дошев (2005). Дошев успеа и да се запише во ... Read More »
Прв тим
Вардар губеше, па на крајот го победи Скопје
Вардар иако имаше негатива од ден гол, сепак на крајот успеа да победи на контролниот натпревар против екипата на Скопје. Пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот во населбата Автокоманда заврши со триумф на црвено-црните со резултат 3:1 (1:1). Екипата на Скопје прва успеа да го отвори резултатот за 0:1, но Вардар со крајот на првиот дел израмни на 1:1 ... Read More »
Утре во Автокоманда, Вардар ќе игра со Скопје
Утре со почеток од 14:00 часот, тимот на ФК Вардар ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период. На стадионот во Автокоманда за противник ја имаме екипата на Скопје. Вардарци славеа на првиот пријателски натпревар против екипата на Тетекс (5:0), додека на 11.02 ќе имаме и тест натпревар со тимот на Работнички. Read More »
Среќен роденден Мартин Радуловиќ Величковиќ
Денес свој роденден прославува повратникот во Вардар, Мартин Радуловиќ-Величковиќ. Мартин е дете на Вардар, клуб во кој ги помина сите младински категории, а во 2020 година дебитираше за првиот тим, за следната година да замине од клубот. Вчера, Вардар го промовираше во ново засилување, а нашата редакција му посакува здравје, среќа и успеси со Вардар. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАРТИН !! Read More »
ФК Вардар со четврто ново име, „дома се враќа“ Радуловиќ-Величковиќ
ФК Вардар подолжува да носи нови имиња во ростерот, денес го промовираше засилувањето број-4. Станува збор за играч кој е „производ“ на црвено-црниот тим. Во информацијата која ја објавија се вели: Мартин Радуловиќ -Величковиќ е четврто ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. Мартин има 20 години, доаѓа од словачката екипа Слован Братислава и потекнува од нашата ... Read More »
Вардар со висока победа против Тетекс во подготвителниот период
Екипата на ФК Вардар стартуваше со победа на првиот контролен натпревар, како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ. Денес на теренот во Кадино, избраниците на Бобан Грнчаров, славеа убедливо со резултат 5:0 на натпреварот со екипата на Тетекс. Иако со тренинзи стартувавме пред пет дена, вардарци денес одлично делуваа на теренот и стигнаа до висок триумф ... Read More »
Вардар претстави ново засилување, Роберт Митев ќе го носи црвено-црниот дрес
После Размоски и Цветаноски, ФК Вардар денес претстави и трето засилување за пролетниот дел од сезоната. Роберт Митев е трето ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. 28 годишниот крилен напаѓач потекнува од нашата фудбалска академија, доаѓа од екипата на Охрид, а во својата досегашна кариера има играно и за екипите на Силекс, Тиквеш, Беласица… Добредојде назад ... Read More »
Вардар не запира: Промовиран и Цветаноски!
Дејан Цветаноски е уште еден нов играч во ФК Вардар. 32 годишниот напаѓач доаѓа од екипата на Силекс, со големо искуство во домашното првенство играјќи за екипите на Струга, Ренова, Победа, Пелистер. Вардар денес го потврди и Дарко Размоски, со што покажа дека излегува од кризата и мисли на новите играчи кои ќе доаѓаат во клубот и ќе ја зголемат конкуренцијата ... Read More »
Прв контролен натпревар за ФК Вардар, утре тестираме со Тетекс
Утре со почеток од 13:00 часот на теренот во Кадино, екипата на ФК Вардар ќе го одигра првиот контролен натпревар во подготвителниот период. Екипата на Тетекс која исто така се натпреварува во ВМФЛ е првиот наш противник во новата година. Тетекс во пролетниот дел ќе го предводи Љупчо Марковски-Калц. Денес, Вардар го претстави и првото засилување, се работи за Дарко ... Read More »
Дарко Размоски го засилува ФК Вардар
После заминувањето на неколку играчи, од редовите на најтрофејниот македонски клуб го најавија првото засилување. Дарко Размоски е нов играч на ФК Вардар. Има 23 години, доаѓа од екипата на Охрид, во својата кариера меѓу другото бил дел од екипите на Академија Пандев, Беласица, Пелистер. Игра на крилните позиции, а со најтрофејниот клуб во Македонија потпиша договор до крајот на ... Read More »