. Капитенот на македонската репрезентација, човекот кој порасна во Вардар и засекогаш остана верен на црвено-црните бои! . “Вардар не е само Скопје, Вардар е Македонија!” е пораката на нашиот Стефан. . ОДИМЕ НА ГРАДСКИ – ЗА ВАРДАР! . - Видеото погледнете го ТУКА. Read More »
Прв тим
Џамбазов: Елате народе на фудбал, Вардар!
Уште само еден ден до големиот спектакл на Градски и прославата на роденденот на Фудбалскиот клуб Вардар и на најголемата и најдобрата навивачка група во Македонија, Комити. По повод утрешниот спектакл со Железничар, и маестро Игор Џамбазов се потсети на убавите моменти минати на стадион и навивањето за Вардар. Џамбазов вели, елате народе на фудбал, Вардар! - Видеото погледнете го ТУКА. Read More »
(ФОТО) Абутовиќ повикува – сите на стадион!
Продолжува акцијата на навивачите на Вардар за што е можна поголема мобилизација за натпреварот во среда. . Иако беше член на ракометниот клуб Вардар, сепак длабоко поврзан со црвено црната магија. Илија Абутовиќ секогаш дел од нашата борба! . Read More »
Вардар загуби минимално од Работнички, на тест натпревар одигран на Алумина
Екипата на ФК Вардар денес на теренот на Алумина одигра контролен натпревар против екипата на Работнички. Градскиот ривал славеше минимален триумф со резултат 2:1 (1:0). Екипата на Работнички успеа многу бргу да го отвори резултатот на 1:0, резултат кој долго време беше актуелен. Во вториот дел, вардарци успеаа да го израмнат резултатот со погодокот на нововлезениот Никола Величковски за 1:1 ... Read More »
Во сабота, ФК Вардар ќе одигра контролен натпревар со екипата на Работнички
Со оглед дека претстојниов викенд ќе нема натпревари во ВМФЛ, паузата во лигата, Вардар ќе ја искористи да одигра контролен натпревар против екипата на Работнички. Натпреварот ќе се одигра во сабота (19.11) на теренот на Алумина со почеток од 13:00 часот. Во среда (23.11), Вардар го слави јубилејот по повод 75 години постоење, додека во наредното коло на ВМФЛ ќе ... Read More »
Ве фрустрира вашата немоќ да сте – Вардар!?
Најтрофејниот македонски клуб Вардар вчера доби финансиска помош од својот основач, градот Скопје, во висина од 250.000 евра, но не помина ни еден цел ден од одлуката на Советот на градот за субвенцијата кон црвено-црните, а да не излезат дежурните сејачи на магла да ја оспорат одлуката – како тоа смеело народни пари да се трошат за македонската гордост. Штом ... Read More »
Град Скопје му даде 250.000 евра помош на ФК Вардар!
Град Скопје вчера му одобри финансиска помош на најтрофејниот македонски клуб Вардар од 15 милиони денари (250.000 евра) на седницата на Советот на градот. Вардар од поодамна се гуши во финансиски проблеми, уште во последните години од владеењето на бившиот газда Сергеј Самсоненко, а беспарицата ги оптоварува и актуелните газди кои го преземаа лани клубот и градот Скопје по предлог ... Read More »
Вардар низ директен ТВ пренос на Спорт Клуб 2
Сите оние кои немаат можност да бидат на стадион, имаат шанса да го проследат својот миленик низ директен ТВ пренос на Спорт Клуб 2. Дуелот започнува од 13.00 часот. Вардар брка нова победа и враќање на лидерската позиција. Нема да биде ни малку лесно, бидејќи гостинот е добар тим, а пак Вардар има проблеми со повредени играчи, посебно во навалната линија. ... Read More »
Пилешков од Штип, главен судија на дуелот на Вардар и Беласица
Утре на стадионот во Автокоманда, во рамките на 12.коло во ВМФЛ, Вардар е домаќин на тимот на Беласица. За главен судија ФФМ го делегираше Димитар Пилешков од Штип, додека негови помошници ќе бидат Петар Новачев (Велес) и Александар Гигов (Штип). Четврти судија ќе биде Дарко Стојанов од Штип. Натпреварот во недела ќе стартува од 13:00 часот. Read More »
СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ кој не смее да се пропушти! ,,Комитите” и ФК Вардар слават роденден – ќе има големо шоу на трибините
СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ кој не смее да се пропушти! По повод роденденот на ФК Вардар и најголемата и најверната навивачка група во Македонија, Комити – во Скопје ќе гостува тимот на Железничар од Сараево на Градсиот стадион во Скопје. По овој повод, се спрема невиден спектакл во режија на Комитите, затоа купете билети кои се по симболична цена од 100 денари ... Read More »