Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 338)

Прв тим

Блажевски е вистински “џокер“ на Седлоски, Вардар победи во Кратово и направи уште еден исчекор кон освојување на нова титула

Денес на стадионот во Кратово се одигра натпревар од 27 коло во ПМФЛ помеѓу екипите на Силекс и Вардар. Црвено-црните триумфираа минимално 0:1, со погодокот на Блажевски и направија уште еден исчекор кон освојување на нова првенствена титула. Тренерот Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Велковски, Демири, Николов, Спировски, Фелипе, Којашевиќ, Балотели, Барсегјан. Прв директен удар кон голот ... Read More »

Барсегјан најдобар играч, додека Хуан Фелипе со најубав гол во месец март

Според анкетата која се водеше на официјалната страна на клубот, Тигран Барсегјан е најдобар играч на ФК Вардар за месеците февруари и март. Тој доби најмногу гласови пред Хуан Фелипе и Дејан Блажевски. Зслужено признание за Тигран, кој беше еден од најдобрите поединци на црвено-црните на изминатите натпревари. Најубавиот пак погодок за месец март го има Хуан Фелипе и тоа ... Read More »

(Видео линк) за денешниот натпревар во Кратово

fkv-kojasevic

Попладнево со почеток во 16 часот во Кратово силите ќе ги одмерат фудбалските тимови на Силекс и Вардар. Нашиот тим на Вардар, ќе атакува на уште една победа во низа во првата македонска фудбалска лига. На единаесет кола пред крајот, Вардар веќе има единаесет бодови предност пред Шкендија. http://tv.ffm.mk/ –  Линкот е превземен од Фудбалската федерација на Македонија   Read More »

Ставрев главен судија на реванш натпреварот од купот, помеѓу Шкендија и Вардар

Александар Ставрев е делегиран за главен судија, за реванш натпреварот од полуфиналето на купот на Македонија, помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Мечот е закажан да се одигра на 19-ти април (среда), со почеток од 16 часот. По првиот дуел одигран во Скопје, тимот од Тетово славеше со резултат 1:3 и обезбеди значајна предност на реваншот кој се игра на ... Read More »

По три бодови и во Кратово

Утре на програмата е новото 27. коло во првата македонска фудбалска лига. Во ова коло лидерот на табелата тимот на Вардар, гостува во Кратово кај тимот на Силекс. Овој натпревар Вардар го дочекува како лидер, нашиот тим е првопласирана екипа на табелата со дури единаесет бодови предност пред Шкендија. Тимот на Силекс се наоѓа на петтата позиција на табелата со ... Read More »

Далибор Ѓорѓевски главен судија на мечот во Кратово

dalibor-sudija

Попладнево во просториите на ФФМ беа извлечени арбитрите за престојното коло кое е на програмата овој викенд, поточно в сабота. На натпреварот во Кратово на кој се среќаваат домаќинот Силекс и Вардар, главен делител на правдата ќе биде Далибор Ѓорѓевски од Куманово. Натпреварот помеѓу овие два тима ќе биде одигран в сабота со почеток во 16 часот. Очекуваме Вардар да ја ... Read More »

Изберете најдобар играч на Вардар за изминатиот месец (линк за гласање)

Веќе традиционално секој месец нашиот фудбалскиот клуб Вардар со помош на публиката,  избира најдобар играч и најдобар гол за изминатиот месец. Овој пат се избира најдобар играч на месеците февруари и март, а номинирани се следните фудбалери: Тигран Барсегјан Дејан Блажевски Хуан Фелипе Рибеиро За најдобар играч на Вардар за месеците февруари и март можете да гласате на следниот линк: ... Read More »

Против Силекс одиме да ја продолжиме низата, вардарци на последните 14 меча секогаш погодуваа, очекуваме во сабота да дојдат до бројката 15

Во македонскиот фудбал нашиот црвено-црн фудбалски колектив во момвентов  ја има најдолгата серија мечеви  со постигнат гол. Момците на Гоце Седлоски се во низа од 14 меча по ред како ја тресат мрежата на противничкиот голман. Следниот предизвик е Силекс, 15-ти април во сабота, на тој дуел нашиот тим  ќе се обиде  да дојде и до бројката од 15 меча ... Read More »

(ФОТО) Целиот распоред до крајот на шампионатот, Вардар чекори кон нова титула

Шампионот на Македонија Вардар, има комотна предност и оваа сезона да ја одбрани титулата во првата македонска фудбалска лига и уште една сезона во серија да излезе на меѓународна сцена, односно во квалификациите за Лигата на шампионите. Вардарци на десет кола пред крајот имаат предност од девет бодови пред единствениот конкурен за титулата тимот на Шкендија. Вардар в недела му ... Read More »

Гласајте за најубав гол на месец март

ФК Вардар ви овозможува да гласате за најубав погодок за месец март. Во конкуренција се двајца наши играчи. Хуан Фелипе на натпреварите против Шкупи и Шкендија постигна одлични погодоци, но и Стефан Спировски на натпреварот против Македонија ЃП постигна убав погодок. Гласајте за вашиот фаворит на следниот линк: https://apps.facebook.com/my-polls/form/1756864 Гласањето трае до петок (14.04.2017) до 20 часот, а резултатите и ... Read More »