Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 339)

Прв тим

Бодовната предност на “тест“, ФК Вардар со четири гостувања по ред во низата од 7 меча во дваесетина дена

dz

Изминатите две кола беа идеални за црвено-црниот фудбалски колектив, во нив влеговме со бодовна предност од шест бода, а излеговме речиси со двојно повеќе, односно единаесет бода позитива. Нашите момци одлично во Тетово одиграа и по пет години ја совладаа Ренова, а во изминато коло на домашен терен во “македонското дерби“ го совладаа Пелистер. Нашиот конкурент Шкендија од двата меча ... Read More »

(ВИДЕО) Вардар го надигра Пелистер, Барсегјан со гол на сезоната

ФК Вардар продолжува да реди победи, вчера нашите играчи стигнаа до нова победа во лигата, во Скопје беше надигран тимот на Пелистер. На овој натпревар Вардар уште по првите 45. минути го реши победникот. Третиот погодок на Барсегјан беше нешто ретко видено во ПМФЛ, нашиот играч од речиси половина терен успеа да го совлада голманот на Пелистер. Претходно стрелаа Балотели ... Read More »

Вардар го победи Пелистер, Барсегјан со ремек-дело погодок (ВИДЕО) Шкендија “киксна“, сега сме на 11 плус

Денес на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје се играше  дербито помеѓу Вардар и Пелистер. Во овој натпревар од 26.коло во првата лига нашиот Вардар дојде до победа со 3-1, триумфот беше сигурен уште по 45 минути кога водевме со 3-0. Седлоски мечот го почна со овој стартен состав: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 14. ... Read More »

Вардар – Пелистер директно на Сител 3

vardarfans-pelister-660x330

Дербито на 26. коло е во Скопје каде се среќаваат вечните ривали, тимовите на Вардар и Пелистер. Овој натпревар е на програмата в недела со почеток во 16 часот. Овој меч сите љубители на Вардар и “црвено – црните” бои кои нема да бидат на стадион ќе можат да го проследат со директен тв пренос на Сител 3. Се надеваме ... Read More »

Мечкаровски ќе го суди фудбалското дерби помеѓу Вардар и Пелистер

Во недела на арената “Филип Втори“ ќе се одигра Македонското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Ова е натпревар од 26 коло во ПМФЛ, кој ќе започне во 16 часот. Веќе е одреден главниот арбитар за ова дерби, а него ќе го суди Димитар Мечкаровски. Вардарци се во серија на победи, која се надеваме деќа ќе продолжи и ... Read More »

ОФИЦИЈАЛНО! ДАРКО ПАНЧЕВ НОВ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА ФК ВАРДАР

Официјално денес фудбалскиот клуб Вардар  во просториите на Фудбалската Академија на ФК Вардар, позади источната трибина на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје,  одржи прес конференција на која ќе биде промовиран новиот спортски директор на клубот, Дарко Панчев. . На прес конференцијата  присуствуваат новиот спортски директор, легендата на нашиот тим Панчев и  претседателот на Ф.К. Вардар г-н Мирко Спасески, и ... Read More »

Среќен роденден Љамчевски

Денеска роденден прославува нашиот крилен играч Благојче Љамчевски. Вардар Фанс му посакува среќен роденден на нашиот играч и оваа година да го подигне трофејот со ФК Вардар во домашната лига, како и успех на меѓународна сцена. Среќен роденден Љамче! Read More »

Добро дојде дома Панчев, ФК Вардар најави утре промоција на нов спортски директор

Фудбалскиот клуб Вардар најави дека утре ќе го промовира новиот спортски директор во 11-00 часот. Во извесувањето не го пишува неговото име, ама сите знаме и очекуваме дека тоа ќе биде легендата на црвено црните ДАРКО ПАНЧЕВ. Добре дојде дома ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА. Во продолжението соопштението на клубот: Фудбалскиот клуб Вардар ги информира сите медиуми дека утре, петок, 07.04.2017 со почеток ... Read More »

(ФОТО) Шиле не вивна на плус девет на табелата, македонското дерби со Пелистер веќе во недела

Вчера нашиот црвено-црн фудбалски колектив во Тетово по “пост“ од пет години триумфираше над екипата на Ренова. ФК Вардар однесе победа со 1-0, голот го постигна “џокерот“ од клупата на Седлоски, (видео) Дејан Блажевски-Шиле. Овој негов погодок беше доволен за нови три бода. Покрај ова нашиот конкурент тетовска Шкендија се “лизна“ во мечот со Работнички. По крајот на ова 25.коло ... Read More »

(ВИДЕО) Блажевски стрела за големи три бода во Тетово

Вчера на градскиот стадион во Тетово се одигра натпревар во рамките на првата Македонска фудбалска лига. Во него се сретнаа домашниот тим на Ренова и лидерот, екипата на Вардар. По пет години без победа на теренот на противникот, “црвено-црните” конечно ја прекинаа лошата традиција и славеа минимално со резултат 0:1. Дејан Блажевски во 73. минута донесе три бода за тимот ... Read More »