Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 341)

Прв тим

Јакимовски Дејан ќе ја дели правдата на мечот Вардар – Работнички

Попладнево во просториите на ФФМ беа извлечени главните судии за натпреварите од престојното коло во ПМФЛ. На неделниот дерби дуел на кој се среќаваат Вардар и Работнички ждребот сакаше фудбалската правда да ја дели Јакимовски Дејан од Скопје. Се надеваме на добро завршена работа на судиите на овој меч. Натпреварот помеѓу овие две екипи се игра в недела со почеток ... Read More »

Градското дерби Вардар-Работнички со пренос на Сител-3

По еднонеделна пауза повторно се враќаат возбудувањата во првата фудбалска лига,   викендов на програмата е 24. коло.  Тимот предводен од Гоце Седлоски  нашиот Вардар се среќава со градскиот ривал тимот на ФК Работнички.  Ова “градско дерби“ ќе се игра  в недела со почеток во 15-00 часот. Од овој натпревар директен пренос покрај на стандарните видео стримови ќе може да погледнете ... Read More »

Фелипе во Вардар до 2020 година!

Одлични вести ни пристигнуваат денеска од ФК Вардар. Нашиот најдобар играч во моментов Фелипе Алвес Рибеиро го продолжи договорот со “црвено – црните” до 2020 година. Ова значи дека Фелипе уште најмалку три години ќе го носи дресот на најтрофениот клуб во Македонија. Фелипе дојде во редовите на Вардар во летниот преоден рок 2015 година од ЦСКА Софија, досега овој играч има ... Read More »

Одлични вести: Хамбарѕумјан се враќа брзо на терен

hajj3

Гоце Седлоски може да здивне. Еден од најдобрите играчи на Вардар, Хофханес Хамбарѕумјан не е сериозно повреден. Првичните информации беа загрижувачки околу нашиот играч но по направените прегледи во Германија тие се отфрлени, па така Хоф ќе паузира само околу 10-сетина дена. Ова значи дека Хамбарѕумјан ќе го пропушти неделниот натпревар против Работнички и наредниот. На негово место во тимот на Вардар ... Read More »

Се враќаат возбудувањата во ПМФЛ

По еднонеделна пауза повторно се враќаат возбудувањата во ПМФЛ. Овој викенд на програмата е 24. коло во него шампионот на Македонија, тимот на Вардар, се среќава со градскиот ривал тимот на Работнички. Овој натпревар нашиот тим го дочекува на првата позиција на првенствената табела со досега освоени 53 бодoви, нашиот противник се наоѓа на третата позиција на табелата со досега ... Read More »

(Ретро видео) Вардар го надигра Динамо Загреб пред полн стадион

Во сезоната 1986/87 онаа славна генерација на ФК Вардар го надигра во целост тимот на Динамо Загреб во Скопје (2:0) и со победата стана есенски шампион на Југославија, а потоа и шампион на Југославија. Погледнете го овој видео клип, вреди да се погледне како некогаш играа славните генерации на нашиот тим. Read More »

Деби погодок на Спировски, Македонија убедлива против Белорусија!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во низа, вечерва во Скопје нашата репрезентација ја совлада Белорусија со убедливи 3:о. Стрелци на головите од овој меч беа Стефан Спировски, за кој ова беше деби погодок во националниот дрес и Горан Пандев кој постигна два погодоци. И на овој натпревар како и на натпреварот во Лихтенштајн, со гол мечот го отвори ... Read More »

Нова победа на младите надежи, настап на петмина играчи од редовите на Вардар

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година продолжува со одличните игри и победи. По победата над Црна Гора, попладнево нашите играчи на пријателски натпревар ја победија и селекцијата на Бугарија со резултат 1:0, стрелец на голот беше Марјан Радески во 44. минута од мечот. На овој натпревар дури петмина играчи од редовите на Вардар забележаа настап. Тоа беа: Игор Алексовски (голман), ... Read More »

Којашевиќ и Барсегјан со настапи за своите репрезентации

Нови двајца играчи на Вардар забележаа настапи за своите репрезентации. Тигран Барсегјан со селекцијата на Ерменија одигра натпревар против Казахстан, овој меч селекцијата на Ерменија го доби со резултат 2:0. Нашиот играч иако не започна како стартер уште во 5 минута доби шанса од клупата за резерви. Хамбарџумјан не се најде во составот за овој дуел. Дамир Којашевиќ пак, имаше уште една ... Read More »

Пет играчи на Вардар настапија за своите репрезентации

nikolov-makedonija

Вчера настап со своите репрезентации имаа пет играчи од редовите на ФК Вардар. Петар Петковски со репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра пријателски натпревар против младите надежи од Црна Гора, овој меч нашиот тим го доби со 2:0. На овој натпревар Петковски беше капитен и одигра вкупно 69 минути. За А селекцијата на Македонија настапија тројца играчи од Вардар ... Read More »