Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 426)

Прв тим

Вардар ТВ: Гости Деревен и Лазаров

vardar tv

Погледнете го најновото издание на Вардар ТВ кое се емитува секоја недела од 11-15ч на Алфа ТВ. Во најновото издание на Вардар ТВ можете да ги погледнете сите актуелности поврзани со Вардар. Гости во денешното издание се ракометарите на Вардар Деревен и капитенот Лазаров Филип. Read More »

Вардар се враќа со победа од Бугарија

fkvardar-pirin

Вардарци не застануваат и на пријателските натпревари. Следен на ”менито” на црвено – црните беше тимот на ОФК Пирин од Благоевград. На теренот на Пирин нашите момци во целост го надиграа противникот и славеа со резултат 0:1 (0:1) ВАРДАР: Пачовски, Попов, Таневски, Грнчаров, Брдаровски, Спировски, Фелипе, Асани, Ќеран, Глишиќ, Стојков. Играа уште: Гачевски, Мијушковиќ, Којашевиќ, Денковски, Грозданоски, Љамчевски, Ивановски и Петковски. ... Read More »

Вардарци заминаа на пат за Бугарија

fkvardar-vardarfans

По одржаниот утрински тренинг во 10ч, Вардарци тргнаа на пат за Бугарија, каде утре со почеток во 14 часот на стадионот “Христо Ботев“ силите ќе ги одмериме против последно пласираниот тим во бугарската прва лига, тимот на ОФК Пирин. Ова ќе биде тест дуел и одржување на формата на Вардарците кои немаат обврски кон репрезентациите овој викенд, ова ќе биде и убава можност ... Read More »

Фокс Спорт снима документарна емисија за Попов

popov

Холандската телевизиска екипа на  каналот „Фокс Спорт“,  четири дена ќе биде  во посета на левиот бек на црвено-црните Горан Попов. Тие ќе снимаат документарен филм, посветен токму на вардаровиот фудбалер, кој пред шест години одигра  2 сезони во редовите на холандски Херенвен. Документарниот филм веќе ги имаше својте први клапи, првите сцени беа снимени на утринскиот тренинг вчера, кој се одржа во теретаната во ... Read More »

90 Минути за Николов и Велковски против Исланд

makedonija-vardarfans

Денеска во Скопје младите надежи на Македонија до 21 година одиграа натпревар во рамките на групата 3 од квалификациите за ЕП. Нашите млади надежи одиграа реми 0:0 против првопласираниот тим во нашата група Исланд. Во составот на нашата млада репрезентација (у-21) настапија и нашите млади играчи Бобан Николов и Дарко Велковски. И двајцата играчи одиграа одличен натпревар. Велковски одигра на ... Read More »

Глигоров одигра 73 минути за Македонија

gligorov-makedonija-fkvardar

Вчера репрезентацијата на Македонија одигра пријателски натпревар против селекцијата на Словенија во Марибор. Овој натпревар го доби домашната селекција со резултат 1:0 (0:0) Од редовите на ФК Вардар настапи во стартните 11-мина и Никола Глигоров. Глигоров го одигра натпреварот се до 73 минута, кога беше заменет од страна на уште еден екс играч на Вардар Мите Цикарски. Во вторник нашата ... Read More »

Црвено-црните во петок по утринскиот тренинг заминуваат за Благоевград

furiozno-prodolzhena-pobednichkata-serija-37861-660x330

Избраниците на Гоце Седлоски ќе ја искористат паузата во првата лига заради репрезентативни термини и ќе одиграат тест-меч со екипата на бугарски ОФК Пирин од Благоевград. Тие денес ќе бидат во Скопје каде ќе ги имаат стандардните активности во тренажниот процес. Утре во петок ќе одржат утрински тренинг кој е закажан со почеток во 10-00,  а по завршувањето на истиот со ... Read More »

Потврда од Вардар: Во сабота во Бугарија против Пирин!

fkvardar

Стигна потврда и од ФК Вардар на напишаното на Вардар фанс. Во сабота и дефинитивно ФК Вардар ќе замине за Бугарија, и ќе ја искористи оваа пауза поради репрезентативните обврси, и ќе одигра натпревар против ОФК Пирин од Благоевград. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток во 14 часот на теренот на ОФК Пирин („Христо Ботев“ ). Пирин во бугарскиот ... Read More »

Одложен дуелот на Б тимовите на Вардар и Работнички

fkvardar-vardarfans

Натпреварот на Б тимовите на ФК Вардар и Работнички требаше денеска да се одигра од 14 часот на теренот на Алумина, но овој натпревар е одложен поради настапите на кадетите и младинците во купот нa РМ. Кога ќе биде одигран овој прв натпревар оваа пролет за б тимовите сеуште не е познато. Read More »

Погледнете го новото издание на Вардар ТВ

vardar tv

Овој викенд излезе и најновото издание на Вардар ТВ. Во ова издание можете да ги погледнете сите актуелноси поврзани со спортското друштво Вардар. Како и секоја недела, така и оваа има гости во емисијата. Во ова ново издание гости се младите ракометарки на Вардар Јуниор  Сара Митова и Симона Стојановска. Read More »