Остана уште час и половина пред почетокот на првиот натпревар, во рамките на второто квалификациско коло, помеѓу екипите на Апоел и Вардар. Веќе се познати и составите на екипите кои ќе настапат на овој меч. Тренерот Сергеј Андреев се одлучи за следниве единаесетмина фудбалери кои ќе истрчаат на теренот: ВАРДАР: Пачовски, Велковски, Грнчаров, Мијушковиќ, Попов, Хамбарѕумјан, Глигоров, Николов, Фелипе, Ивановски ... Read More »
Прв тим
Нашиот шампион го одржа последниот тренинг на “ГСП“ стадионот
Вардаровите фудбалери вчера вечерта го одржаа последниот тренинг пред натпреварот со Апоел. Тренингот се одржа на “ГСП“ стадионот, каде и вечерва ќе се одигра мечот. Момците имаа можност да го почуствуваат теренот на кој ќе му се спротистават на Кипарскиот првак. Се воигруваат последните тактики и полека се склопува составот кој ќе излезе на вечерашниот дуел. Во целата екипа владее ... Read More »
Саша Ќириќ за Вардарфанс : За мене позитивен резултат од Кипар е реми !
Во пресрет на утрешниот дуел на црвено- црните со Апоел во Никозија, нашата редакција зема изјава од легендата на македонскиот фудбал Саша Ќириќ . Решивме како познат познавач на фудбалските прилики да сподели свое мислење за нашите фанови. За Саша не треба да се трошат зборови, тоа е фудбалерот кој бомбардираше во почетните години од создавањето за македонскот фудбалски шампионат во дресот ... Read More »
(ФОТО)Вардарци тренираа во Никозија
Момците на Сергеј Андреев го одработија првиот тренинг во кипарската престолнина Никозија. Момците ја осетиа типичната клима која владее на оваа островска земја . Момците имаа лесен тренинг со мал физички напор. Денес ќе тренираат во термин на одигрување на утрешниот дуел на стадионот ГСП кој ќе биде место на утрешниот двобој на македонскиот и кипарскиот шампион . Read More »
Вардарци пристигнаа во Никозија
Екипата на Фк Вардар пристигна на Кипарско тло, по неколку часа патување. Момците вече се сместија во хотелот “Хилтон“ каде ќе престојуваат се до вторник кога ќе го одиграат првиот меч против Апоел, во лигата на шампионите. Веќе треба да биде во тек и тренинг од полесен карактер. Вардарци имаат доволно време да се аклиматизираат на новите услови и средина. ... Read More »
Вардар тргна во освојување на Никозија
Екипата на Фк Вардар утрово замина за Кипар, каде во вторник ги очекува натпревар со Апоел од Никозија. Момците во расположена и пријатна атмосфера тргнаа во освојување на Никозија, каде ќе се обидат да извлечат поволен резултат од ова гостување. Стручниот штаб со себе поведе 22 фудбалери, кои ќе се стават на располагање на тренерот Андреев. Во тимот за овој ... Read More »
Испаѓањето на ЦСКА Москва од ВАРДАР, според УЕФА едно од најголемите изненадувања во ЛШ
Елиминацијата на Московска ЦСКА од нашиот шампион, екипата на Вардар се смета за едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на Шампионите. УЕФА реши да направи преглед и избор на најголемите сензации досега во најголемото натпреварување. Во овој избор се најде токму Вардар кој во сезоната 2003/2004 на експресен начин го исфрли големиот и познат Руски клуб и помина ... Read More »
“Комити“ им посакаа среќа на своите миленици
Попладнево околу 18:30 часот на теренот близу до спортскиот центар Јане Сандански, екипата на Фк Вардар го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Кипар. Во вторник момците ги очекува првиот меч во дуелот со Апоел од лигата на шампионите. Како и што навестија Комити, денес се собраа и беа присутни на тренингот на своите миленици. Тие нема да бидат во ... Read More »
Вандаир за Вардарфанс: Вардар ќе биде секогаш во моето срце ! Во ЛШ очекувам чудо како со ЦСКА
Во пресрет на првиот меч со Апоел во вторник во изјава за Вардарфанс со нашите фанови, своите очекувања за истиот и спомените од дуелите кога тој настапуваше во Вардар ги споделува Вандаир . Бразилецот имаше значајна улога во црвено – црниот табор како во неколкуте сезони во домашниот шампионат така и во европските купови. Вандаир зад своето име го запиша рекордот ... Read More »
ФК Вардар утре патува за Никозија
Црвено – црните утре од Скопје ќе заминат за главниот град на островската држава Кипар – Никозија каде ги чека меч од најквалитетното европско клубско натпреварување.Тие два дена порано ќе пристигнат во градот кој во оваа доба од годината има исклучително неповолна клима за да може да се адаптираат на истата. Во Никозија каде на 14ти Јули ќе се игра ... Read More »