Изминатиов викенд стартуваше новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски категории. На отварање на сезоната, Вардар за противник ја имаше екипата на Брегалница. На четири одиграни натпревари со штипската екипа остваривме две победи, еден пораз и нерешен резултат. На гостувањето во Штип, до победа стигнаа помладите пионери, додека реми одиграа пионерите. На домашен терен, кадетите на Вардар беа минимално поразени, а ... Read More »
У-18
Младинците со „петарда“ во мрежата на Брегалница, кадетите поразени на отварање на новата сезона
Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром своите натпревари од 1.коло во Супер Лигата ги одиграа кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Кадетите со пораз ја стартуваа новата натпреварувачка сезона. Иако имавме и свои шанси сепак нашите млади надежи на крајот доживеа пораз од екипата на Брегалница. Одлучувачкиот момент се случи во 75 минута кога Марио Аџијев постигна гол ... Read More »
После долго очекувања започнува сезоната во младите фудбалски лиги, Вардар стартува со Брегалница
После долго очекување, новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги ќе стартува од претстојниов викенд. Во рамките на 1.коло, Вардар за противник ја има екипата на Брегалница од Штип. Најпрво во сабота, своите натпревари ќе ги одиграат пионерските екипи кои ќе гостуваат на „игралиштето Бело Брдо“ со почеток од 10:00 и 12:00 часот. Во недела, Вардар е домаќин со кадетите ... Read More »
Убедлив триумф за вардаровите кадети против екипата на Тетекс
Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до убедлива победа на контролен натпревар. На спортскиот комплекс во населбата Хиподром, избраниците на Пепи Ѓоргиевски ја победија екипата на Тетекс со конечен резултат од 9:1. Самиот резултат говори за доминацијата на вардаровите надежи кои целосно ја надиграа екипата од Тетово. По два гола на овој натпревар беа дело на Никола Анчевски, Филип Јовановски ... Read More »
Македонија Ѓ.П подобри од кадетите на Вардар
Изминатиов викенд активни со контролни натпревари беа и кадетите на Вардар. Нашите млади надежи на теренот во населбата Хиподром беа поразени од екипата на Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 2:3 После одигрување на првото полувреме резултатот беше 1:1. Противникот прв успеа да го отвори резултатот, но Вардар со голот на Никола Величковски успеа да го израмни резултатот. Во ... Read More »
Кадетите на ФК Вардар поразени од Работнички
Вчера на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, контролен натпревар против екипата на Работнички одиграа нашите кадети. Натпреварот заврши во корист на градскиот ривал кој славеше со резултат 1:2 Екипата на Работнички прва успеа да го отвори резултатот на 1:0, кој беше актуелен на полувреме. Во второто полувреме, Вардар постигна гол за израмнување на 1:1, со погодокот на Теодор Перковски. Сепак ... Read More »
Само во Македонија не се игра младински фудбал
Долго време размислувавме да ја започнеме оваа тема, но чекавме дали може да се случи „чудо“ и да започне сезоната во младинските фудбалски категории. Дефинитивно само во Македонија не се игра младински фудбал, збориме секако за официјални натпревари во првата, втората и третата младинска лига, како и оние на помалите петлиња во детската лига. Очигледно е дека само во нашата ... Read More »
Познат распоредот за младинските екипи на ФК Вардар, прв ривал Брегалница, во 2.коло против КУЛ
ФФМ го закажа почетокот на младинските лиги за идниот месец. Познат е распоредот за младите екипи на ФК Вардар (младинци, кадети, пионери и пом.пионери). Во првото коло закажано за на 11/12.август ривал ние е Брегалница, во второто коло за противник ја имаме екипата на ФК КУЛ од Скопје која прв пат игра во Суперлигашката конкуренција. Во 3.коло за ривал го ... Read More »
Од утре со тренинзи стартува младинската школа на ФК Вардар, познати се тренерите на генерациите
Од утре со тренинзи стартува и младинската школа на фудбалскиот клуб Вардар. На својата официјална страна клубот излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост: Веќе од утре стартува со работа најтрофејната и најуспешна Младинско – пионерска школа, па ви ги претставуваме новините: За Координатор на Младинско Пионерската школа е назначен Зоран Бошковски – Чоко. Тренери по генерации: Генерација ... Read More »
Дарко Трпезановски помина најмногу минути на теренот за вардаровите кадети
Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар без разлика на промените во составот, се наоѓаа на добар пат да ја освојат Шампионската титула, но сезоната беше прекината после 14 одиграни натпревари. Што се однесува до статистиката во оваа екипа, како играч со најголема минутажа се покажа бекот Дарко Трпезановски. Погледнете ја листата на играчи кои запишаа минути за кадетите на ФК Вардар. ... Read More »