Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 (page 26)

У-19

Вонредно 6 коло во младите фудбалски лиги, Вардар се сретнува со Њу Старс

258815567_645894736774692_8480198269032551935_n

Во вторник и среда ќе се одигра вонредното 6.коло во младинските фудбалски лиги. Вардар за противник ќе го има тимот на Њу Старс. Во вторник, кадетите и младинците на Вардар ќе бидат домаќини на Њу Старс. Натпреварите ќе се одиграат на теренот во населбата Хиподром, во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во среда, пионерските екипи ќе гостуваат на истиов ... Read More »

Младите екипи на ФК Вардар освоија максимални 12 бодови во 5.коло

258111021_10220563530940441_5485569813184594711_n

Младинските екипи на ФК Вардар освоија максимални 12 бодови на натпреварите со екипата на Скопје. Сите четири екипи триумфираа на дуелите со овој противник, а како најубедливи се покажаа помладите пионери. Кадетите и младинците славеа на домашен терен, додека пионерските екипи победија на теренот во Нова Колонија. Во продолжение комплетните резултати во сите четири категории. Помлада пионерска Супер лига: ФК ... Read More »

Младинците на Вардар високо го совладаа ФК Скопје со резултат 5:0

258319185_2930321523945552_3635257610120991790_n

Младинците на ФК Вардар денес во 5.коло беа домаќини на тимот на ФК Скопје, на меч на кој доминиравме дојдовме до висока победа. Црвено-црните триумфираа со резултат 5-0 (3-0). Бабунски започна со овие момци: Јовчев, Јовановски, Ричков, Ѓоргоски, Хасани, Дошев, Мирков, Тасевски, Марковски, Јусуфи и Стојилевски. Доминиравме на самиот почеток на дуелот, тоа донесе рано водство на истекот на 2.минута ... Read More »

Вардар против Скопје, во рамките на 5.првенствено младинско коло

45

Екипата на Скопје ќе биде противникот за младите екипи на ФК Вардар, во рамките на 5.првенствено коло. Во сабота, кадетите и младинците на Вардар се домаќини на Скопје, се работи за новиот прволигаш во најсилната Супер лига. Натпреварите во сабота ќе се одиграат на теренот во Хиподром со почеток од 10:00 и 12:00 часот. Во истите саатници, следниот ден, во ... Read More »

Гоце Јовчев запиша настап за Македонија У19 на натпреварот со Албанија

257673434_1034049090716732_7308703730797750508_n

Три порази од исто толку одиграни натпревари за македонската фудбалска репрезентација до 19 години. На квалификацискиот турнир во Албанија, нашата млада репрезентација заврши на последното место, откако и на последниот натпревар беше поразена. Во последното коло за противник ја имавме домашната репрезентација на Албанија, од која бевме поразени со резултат 3:1. Свој настап имаше вардаровиот голман, Гоце Јовчев кој застана ... Read More »

Вардар собра 7 бодови на натпреварите со Работнички, преглед на 4.коло

41

Во рамките на 4.првенствено коло, се одигра градското дерби меѓу екипите на Вардар и Работнички. Нашите млади надежи излегоа како победници на натпреварите со помладите пионери и младинците, пионерите одиграа со нерешен резултат, додека само кадетите останаа без бодови. Ова коло не го комплетираа натпреварите на Шкендија и Њу Старс во кадетската и младинската лига, додека Пелистер беше слободен во ... Read More »

Победа за младинците во градското фудбалско дерби, кадетите со четврти последователен пораз

253076578_4473626139350864_8034706522571485300_n

Денес на Алумина своите натпревари од 4.првенствено коло ги одиграа кадетите и младинците на Вардар кои гостуваа кај екипата на Работнички. На овие натпревари остваривме половичен успех од една победа и пораз. Кадетите не успеаа да освојат бодови ниту после четири одиграни кола, па оваа генерација на Вардар има четири порази од исто толку одиграни натпревари. Работнички беше подобар за ... Read More »

Глигоров верува во младите надежи, Филип Ѓоргиевски стартер на четири натпревари сезонава, Дарио Јовановски на два

248349410_624508225397850_7855431191910670637_n

Вардарци се наоѓаат во серија од пет последователни победи во Втората Лига-Запад Шефот на стручниот штаб, Никола Глигоров, верува во младите надежи па така на последните натпревари шанса во стартниот тим добиваат играчи кои се генерација 2003. Филип Ѓоргиевски е играчот кој добива најголема минутажа сезонава што се однесува до играчите од младинскиот погон. Ѓоргиевски на четири натпревари сезонава започна ... Read More »

Градско дерби во 4.коло во младите фудбалски лиги, Вардар на мегдан со Работнички

Претстојниов викенд на програмата е дербито во 4.коло на младите фудбалски категории. Градско дерби меѓу Вардар и Рабитнички ќе гледаме во ова коло. Сите четири натпревари ќе бидат одиграни во недела, пионерските екипи се домаќини на теренот во Хиподром, додека кадетите и младинците на Вардар ќе гостуваат на Алумина. Натпреварите ќе се играат во термините од 10:00 и 12:00 часот. ... Read More »