Комити најверните Вадарови следбеници излегоа со соопштение по повод саботниот меч од првата Македонска лига со Тетовчани тимот на Ренова . Ова е целото соопштение: Осум кола до крајот, осум кола во кои ќе се сретнеме со противници кои ни се конкуренти за највисок пласман. Серијата тешки натпревари ја отвораме против екипата која на неколку пати ни покажа како се ... Read More »
ФК Вардар
Младинските категории на Фк Вардар, во борба за финале во купот
Сите категории на Фк Вардар, освен помладите пионери, утре ќе ги одиграат реванш натпреварите од полуфиналето на купот на Македонија и ќе бркаат финале. -Помладите пионери својот натпревар од групата со екипата на Шкендија ќе го одигра на 4-ти мај. Оваа генерација е речиси со една нога во финалето на купот, откако претходно ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П. со резултат ... Read More »
Во сабота со Ренова
Дуелот против тетовска Ренова нема да се одигра во недела, туку ќе се одигра во сабота со почеток во 16 часот. Ова ќе биде одличен дуел, со оглед на фактот дека Ренова е секогаш незгоден противник за Вардар, уште повеќе загрижува податокот што Ренова се наоѓа во одлична форма во последно време. Но тоа не треба да биде никакво оправудање ... Read More »
Филип Трајчевски: Секој дуел ни е битен, без разлика на противникот
Утре на теренот на Железара со почеток од 14 часот, ќе се одигра реваншот од 1/2 во националниот куп, помеѓу фудбалските кадетски екипи на Металург и Вардар. Црвено-црните влегуваат со предност од првиот дуел одигран на домашен терен, кога забележаа минимална победа од 1:0. -Првиот натпревар на домашен терен го победивме со резултат 1:0. Сега на гостински терен одиме со ... Read More »
Мирза Дураковиќ: Купот е нешто посебно, кој секој тим би сакал да го освои
После Велигденските празници, следуват полуфиналните натпревари во националниот куп кај младинските категории на Вардар. Младинците во среда на теренот во Чаир, гостуваат на екипата на Шкупи. Мечот ќе се одигра со почеток од 15 часот. -Купот е нешто посебно кој секој тим би посакал да го освои. Така ќе дадеме се од себе да поминеме во среда и да се пласираме ... Read More »
Следуваат три клучни натпревари за Фк Вардар
По низата од две победи над Тетекс и Силекс, на црвено – црните момци им следуваат три клучни натпревари во борба за титулата. Најпрвин во недела на наш терен гостува екипата на Ренова. Тетовскиот тим секогаш бил незгоден противник за Вардар, но на оваа средба момците мора да покажат што знаат и умеат! Потоа ни следува најжешкото гостување оваа сезона, ... Read More »
(ВИДЕО) ФК Силекс – ФК Вардар 0:2 (0:1)
Црвено-црните успеаа повторно триумфално да продефилираат низ Кратово оваа пролет. Како и на првиот меч во Кратово така и на Велика сабота Вардар однесе победа . Стрелци за гостите повторно како и во првиот пролетен дуел со кој се отвори оваа фудбалска пролет беа Ивановски и Блажевски . Вардар уште во 2 минута го навести својот триунф преку Ивановски кој ... Read More »
Вардар победнички низ Кратово!
Нашиот тим екипата на Вардар победнички се врати од Кратово. На денешната средба Вардарци победија со 0:2 и се одалечија на првенствената табела пред главниот конкурент Работнички со 4 бода предност. Уште на стартот во 2 минута Филип Ивановски ја начна мрежата на Горан Симов. за водство на Вардар од 0:1 Во првиот дел Вардар имаше уште неколку одлични прилики ... Read More »
НЕМА ДЕНЕС ИЗВЕШТАИИ НА ВАРДАРФАНС ОД МЕЧЕВИТЕ НА РК,ЖРК,ФК СИТЕ СМЕ НА ТРИБИНА ,НА ВАРДАР МУ ТРЕБАМЕ СИТЕ
Ве известуваме дека денес нашите фанови ќе бидат скратени за можноста да ги известиме со текст за случувањата на мечевите на сите три наши црвено-црни колективи. Жал ни е и им се извинуваме на најверните наши читатели и фанови ама денес е едноставно ден да се иде во живо да се доживееат овие мечеви. Фк вардар игра во Кратово кај ... Read More »
Комити двојна програма!
После одличниот навивачки почеток на пролетната полусезона и одлично одработените гостувања ни следува гостување во градот каде што започна нашата приказна за оваа календарска година. Вардар после неколку бледо одиграни натпревари конечно успеа да слави во првенствените дуели, а откако ги одигравме дуелите со условно полесните противници, ни следуваат натпреварите во кои ќе се решава шампионот. Нашата поддршка во Кратово ... Read More »