Чедомир Јаневски нема да може да смета на Владица Брдаровски во првите две пролетни кола. Десниот бек на Вардар се повреди на еден пријателски дуел во Анталија, за среќа повредата не е сериозна но бара одреден период мирување. Значи утре на дерби пресметката со Шкендија, Брдаровски нема да може да помогне и в недела на домашен терен против Победа. Се очекува ... Read More »
ФК Вардар
Вардаровите генерации “2003“ , “2004“ и “2005“ ќе учествуваат на турнирот “Пирин Куп“
Во периодот од 15-18-ти февруари, нови три генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Пирин Куп“ во градот Сандански (Бугарија). Како што е познато, дел од истиов турнир пред неколку дена настапуваат и генерациите родени “2006“ година која освои прво место, потоа “2007“ која заврши како четвртопласирана и “2008“ која го освои второто место. Сега на ... Read More »
Александар Ставрев главен судија, на дербито помеѓу Шкендија и Вардар
Најдобриот Македонски судија според ФФМ за 2017 година, Александар Ставрев е делегиран за главен судија, на фудбалското дерби помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Овој натпревар ќе го означи стартот на пролетниот дел од сезоната, а на програмата е во среда во Тетово, со почеток од 14:00 часот. Екипата од Тетово влегува со осум бодови предност пред екипата на Вардар, ... Read More »
(ФОТО) Доделување на трофеи и дипломи, за освоеното прво и второ место на вардаровите генерации “2006“ и “2007“ на турнирот “Пирин Куп“
Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар, во периодот од 7-11-ти февруари беа дел од силниот меѓународен турнир “Пирин Куп“. На истиот прво место освои генерацијата родени “2006“ година, додека генерацијата “2008“ го освои второто место. Генерацијата “2007“ на крајот заврши на четвртото место. Трофеите за освоеното прво и второ место, како и дипломите ги примија капитените на двете генерации, Дарко ... Read More »
Вардарци се подготвуваат, Шкендија мора да падне!
Шампионот на Македонија наголемо се подготвува за можеби најважниот дуел оваа сезона во ПМФЛ. Во среда „црвено-црните“ ќе заминат за Тетово со една цел, победа и докажување по којзнае кој пат дека и оваа сезона се најдобриот тим во нашата лига и се зрели за одбрана на титулата. Во Тетово е секогаш тешко за игра, но токму овие играчи на Вардар ... Read More »
Толку од Хамбарџумјан, спогодбено ќе биде раскинат договорот
Помирување на релација Јаневски – Хамбарџумјан дефинитивно нема па така ќе биде спогодбено раскинат договорот со Хофханес Хамбарџумјан. Хамбарџумјан како и што објавивме пред неколку денови, тренираше одвоено со младите надежи на Вардар во Академијата што беше доволен знак дека играчот е на прагот да си замине од тимот на Вардар. И пак “црвено – црните” прават грешка, доколку не сметаа на Хоф требаше ... Read More »
Фото: „Екипа ПИВО – ФКВ“ во посета на Симоновски
Во посета на фудбалерот од шампионската генерација на Вардар, Венцислав Симоновски, беа „екипа ПИВО – ФКВ“ , кои му доставија облека, медицинска и прехранбена помош. Дека Венцислав Симоновски не е заборавен од најверните, покажува токму оваа фотографија. Read More »
Четврто место за генер. “2007“ на ФК Вардар, на турнирот во Бугарија
Четврто место за генерацијата “2007“ на ФК Вардар, на турнирот “Пирин Куп“, кој овие четири денови се играше во градот Сандански. Во малото финале, Вардар беше минимално поразен од екипата на ЦСКА Софија, со резултат 1:0. На целокупниот турнир одигравме вкупно шест натпревари, на кои забележавме четири победи и два порази, кои дојдоа во завршницата на турнирот. Успеавме да триумфираме ... Read More »
Пом.пионери на “Рап Тап“ убедливи против Пирин, на пријателски меч одигран на Академијата
Помладите пионери на ФК Вардар предводени од Сашо Тодоровски продолжуваат со добрите игри, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, каде се наоѓаат на првото место во лигата со голема бодовна предност пред најголемите конкуренти и со обебеден пласман во полуфиналето на купот. Утрово на теренот на Академијата, генерацијата родени “2002“ на ФК Вардар беше подобра од генерацијата “2001“ на ... Read More »
Освоен Пирин и Бугарија, младите надежи на ФК Вардар генер. “2006“ во финалето ја победија Витоша и со само еден примен гол го освоија силниот турнир “Пирин Куп“
Генерацијата родени “2006“ година на фудбалскиот клуб Вардар го освоија Пирин и Бугарија и успеаа да го освојат силниот меѓународен турнир “Пирин Куп“, кој од 8-11 февруари се играше во Сандански. Избраниците на Сашо Јанев успеаа да ја поминат и последната пречка кон освојување на златниот медал и трофејот, откако утрово во еден тежок натпревар успеаа да ја совладаат екипата ... Read More »