Кошаркарите на Вардар се израдуваа на првата победа сезонава откако денеска го победија тимот на КК Шкупи на гостински терен со резултат 67:77. Денешниот натпревар беше неизвесен се до последната четвртина, кога Вардар одигра маестрално, и со 24 постигнати поени забележа убедлива победа од плуст десет, иако пред стартот на последиот период имаше кош заостанување. Ова е многу важен триумф за ... Read More »
Кошарка
(ФОТО) КК Вардар М16 го совлада Водно Санс Партизан
На дуелот во лигата М16 се сретнаа екипите на КК Вардар и тимот на КК Водно Санс Партизан генерација 2003. Натпреварот се одигра во малата сала “Кале“ во Скопје. Ова беше заостанат натпревар од лигата, и во истиот нашите момци дојдоа до победа. Црвено-црните момци успеаа да отидат над “100ка“ на оваа средба, победата беше изразена со 17 коша позитива. ... Read More »
Провел прв стрелец во шампионатот на Македонија
Организаторот на играта на Вардар Провел, игра одлично сезонава и заслужено се наоѓа на првата позиција по одиграни пет рунди според постигнатите поени по натпревар. Нашиот кошаркар има фантастична статистика зад своето име, бележи 25,8 поени по натпревар и заслужено го носи епитетот прв поентер според статистиката. На второто место е играчот на Гостивар Фурстингер со 22,3 поени по натпревар, а на ... Read More »
Утре во “Кале“ започнува втората сезона од “Младинска кошаркарска лига Вардар“
Кошаркарскиот клуб Вардар кој е најдобра младинска екипа во земјава лани го отпочна проектот “Младинска кошаркарска лига Вардар“. Во истиот се натпреваруваа млади кошаркари кој се дел од младинските екипи и не се дел од системот на натпреварување на федерацијата. Вардар се нафати и реализираше еден навистина одлично замислен проект. Првата сезона мина успешно, младите надежи играа, се дружеа и ... Read More »
Шкупи вистинска шанса за прва победа на КК Вардар, дуелот се игра утре 17-00ч.
Чаирскиот прволигаш ги елиминира проблемите со кои се соочи минатата недела и во шестото коло ќе го продолжи својот пат во Првата лига. Долговите кон Македонската кошаркарска федерација, поради кои Шкупи беше суспендиран претходниот викенд, се подмирени и во следниот круг екипата ќе го пречека Вардар на домашен терен. Натпреварот од 6.коло во Првата кошаркарска лига се игра утре, сабота, ... Read More »
ЖКК Вардар гостува кај Работнички, вардарки не го даваат врвот
ЖКК Вардар во рамки на 4.коло од женската прва кошаркарска лига ја совлада екипата на ЖКК Струга 2009, нашиот тим дојде до победа со високи 91 – 49. Тоа беше четврта победа во исто толку дуели за вардарки, нашиот тим е првопласиран на табелата. По четири кола со максимални 8.бода сме на првата позиција, Бадел со далеку послаба кош-разлика е зад нас. Овој викенд ... Read More »
Кошарка: Три победи за младите категории на Вардар овој викенд
Изминатиов викенд донесе три победи за нашиот клуб, Вардар во рамките на младинското кошаркарско натпреварување. Селекциите на црвено-црните М14, М15 и М18 извојуваа значајни победи во своите конкуренции. Во продолжение постигнатите резултати на нашите кошаркарски надежи? М14 КК В. Лисици – КК ВАРДАР 40:75 М15 КК ВАРДАР – КК Ринија 73:57 М18 КК ВАРДАР – КК ЧАИР 2030 86:79 Read More »
ЖКК Вардар лесно со Струга 2009, Деловска: Играме тимски тоа е наша предност
ЖКК Вардар во рамки на 4.коло од женската прва кошаркарска лига ја пречека екипата на ЖКК Струга 2009. На дуелот одигран во салата “Кале“ поискусниот тим дојде до победа со високи 91 – 49. Ова е четврта победа во исто толку дели за вардарки, нашиот тим е првопласиран на табелата. Симона Деловска која веќе три години е дел од црвено-црното семејство, а ... Read More »
Вардар поразен и од Блокотехна
Блокотехна лесно и убедливо го победи нашиот Вардар во Кале 67-88 и му го нанесе четвртиот пораз. Нашите кошаркари беа рамноправни во првата, третата и четвртата четвртина, но ја загубија втората со катастрофални 18 поени разлика доволни за нов неуспех. Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени беа најпрецизни и единствени двоцифрени во победничкиот табор, додека кај домаќините се истакнаа Провел ... Read More »
Јована Петрушевска од ЖКК Вардар повикана за квалификациските дуели со Шведска и Хрватска
Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство. Кон крајот на месец ноември, сениорките ќе ги одиграат последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година.На 17. ноември, в Скопје, во малата сала при спортскиот ... Read More »