Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови (page 292)

Останати спортови

КУГЛАЊЕ! Вардар триумфално мина низ Битола, Миле Димковски најдобар поединец

kugla-92

Викендов на програмата беше треттото коло во Македонската кугларска лига-МКЛ, во истото црвено-црните куглари гостуваа во градот  Битола. Домаќин  ни беше екипата на КК Хераклеа. Избраниците на Драги Димитровски на овој првенствен дуел остварија висока гостинска победа, која беше изразена со резултат 1-7. Во Битола мечевите се играат во куглана која е доста постара и тешко се постигнуваат врвни резултати, ... Read More »

АТЛЕТИКА! Завировски како “тајфун” се посилен, со нов најдобар резултат во кариерата постигнат во Подгорица

petre-09

Младиот Вардаров атлетичар Петре Завировски незнае за доста. Викендов Недела, 30 Октомври во Подгорица се одржа 23 издание на Подгоричкиот маратон. Младиот и надежен Вардарец Петре Завировски настапи на полумаратонската трка. Во склоп на подгоричкиот полумаратон се одржа и Балканското првенство во полумаратон. Со што најдобрите полумаратонци од Балканот беа присутни на овој настан. Свое учество земаа и елитни атлетичари ... Read More »

(ВИДЕО) Вардаровиот атлетичар Завировски гостин во спортската емисија “Полн погодок“

ТВ Гостување

Атлетичарот на Вардар младиот и надежен Петре Завировски во текот на вчерашниот ден беше гостин во спортската емисија “Полн погодок“ која се емитува на телевизија Сонце.  Тој со домаќините разговараше за приликите во нашата атлетика, за своите очекувања и настапи во идинина. Во продолжение погледнете го интервјуто со  Завировски кое започнува на временскиот исечок 19:40 минути. Read More »

БОРЕЊЕ! БК Вардар ќе ја преставува Македонија на Светското екипно првенство

bk

Ни пристигна убава вест за нашиот црвено-црн борачки колектив. Нашиот Борачкиот клуб Вардар ќе биде македонски преставник и ќе учествува на  Светското екипно првенство во борење. Истото ќе се одржи  во  Храков – Република  Украина. Според претходно зацртаниот план Светското екипно првенство во борење  ќе се одвива од 28 ноември се до 2 декември во Украина. Вардарци ќе имаат одлична ... Read More »

АТЛЕТИКА! Завировски ќе ги брани боите на Македонија на Балканско првенство во крос кантри

petre-zaviroski

Петре Завировски младиот Вардарец по петти пат ќе настапи во дресот на Република Македонија на големо натпреварување. Овој пат со исполнета норма ќе настапи на Балканското првенство во крос кантри во катгоријата до 23 години на патека долга 8 километри. Балканското првенство ќе се одржи на 5-ти Ноември, во Чуприја соседна Србија. Завировски моментално е во фантастична форма. На последните ... Read More »

КУГЛАЊЕ! Вардар гостува в Битола кај екипата на Хераклеа

vardarfans-81-660x330

Викендов на програмата во Македонската кугларска лига е треттото првенствено коло во сезоната 2016/2017 година. Во истото избраниците на Драги Димитровски ќе гостуваат, ова е наше второ гостување по ред откако во минатото коло гостувавме кај екипата на КК ГТЦ Мусанадра. Во ова третто коло ние сме гости кај екипата на КК Хераклеа. Мечот ќе се игра во градот Битола ... Read More »

АТЛЕТИКА! Тројца вардарци ќе учествуваат на Подгоричкиот маратон

y

На 30 Октомври во недела,  со почеток во 9-00 часот традиционално по 23 пат во главниот град на Црна Гора ќе се одржи Подгоричкиот маратон. Неколку години наназад во соработка со Скопскиот маратон се организира бесплатен автобуски превоз и бесплатно сместување за 50тина натпреварувачи од Македонија. Вардар ќе настапи со три свои представници на овој меѓународен настан и тоа: Влатко ... Read More »

КУГЛАЊЕ! Дуото Влаќевски-Димитровски “досадно одлични“, повторно со место во топ-6 и ова коло

ggggggggggggggggggggggggggggggggggg

Минатиот викенд се одигра   второто коло во Македонската кугларска лига-МКЛ. Кугларскиот клуб Вардар во истото  се сретна со екипата на градскиот ривал КК ГТЦ Мусандра. Избраниците на Драги Димитровски дојдоа до првата победа сезонава, со  резултат 3-5. Вардарци имаа 3407 “соборени дрва“, апак домаќините останаа на 3269 “дрва“. Победивме со 3-5 (9-15 во сетови). Повторно како и по секое минато коло ... Read More »

И овој викенд кошаркарите и одбојкарите на Вардар немаа настапи

kosarka

Овој викенд спортското друштво Вардар требаше да биде побогато за уште два нови настапи во различни спортови. Кошаркарите на Вардар знаеме дека оваа сезона ќе се натпреваруваат во првата лига на Македонија. Нашите кошаркари во првото коло требаше да се сретнат со Струмица, но како што е добро познато, и овој викенд прволигашка кошарка немаше. Покрај кошаркарите на Вардар, и ... Read More »

КУГЛАЊЕ! Вардар триумфално со ГТЦ, “Димитровски-Влаќевски“ повторно држеа кугларски лекции

mkl2-660x330

Викендов на програмата беше второто коло во Македонската кугларска лига-МКЛ. Во истото нашиот црвено-црн кугларски колектив се сретна со екипата на кугларскиот тим “ГТЦ Мусандра“. Избраниците на Драги Димитровски дојдоа до првата победа оваа сезона одкако во првото коло беа поразени од КК Макпетрол во дербито. Со екипата на КК ГТЦ Мусандра нашиот КК Вардар однесе победа со 3-5. Во ... Read More »