Изминатиот викенд во Вардар јуниор лигата момчињата од сите три генерации, 2006/07, 2004/05 и 2002/03 ги завршија натпреварите од третото коло, кое се одигра во текот на две недели. Момчињата од генерацијата 2002/03 натпреварите ги играа на 25 номври и 5 декември годинава, додека другите две генерации играа на 25 ноември и 3 декември. Кај момците во генерацијата 2002/03 натпреварот ... Read More »
Младински лиги
Четворица играчи на Вардар, дел од кадетската ракометна репрезентација, за претстојниот турнир во Романија
Машката кадетска ракометна репрезентација во периодот од 14-18-ти декември ќе биде дел од силен меѓународен турнир во Романија, заедно со репрезентациите на Белорусија, Израел и домаќинот, Романија. Селекторот на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на овој турнир кој ќе се одигра во Васлуи. На него се најдоа двајцата голмани на Вардар Јуниор, се ... Read More »
(Фотогалерија) Избраниците на Будимир, со 100% ефект во кадетската лига по победата од “27 плус“ над РК Војнисон
Вчера, недела во салата “Кале” во Скопје кадетската екипата на Вардар ја пречека екипата од Кичево, тимот на РК Војнисон Вардар. Избраниците на Адријана Будимир повторно доминираа и запишаа шестта победа во исто толку дуели во кадетската лига, со што имаат 100% ефект. Кормиларот на црвено-црните реши да настапи со комбиниран состав што не беше никаков проблем да доминираат целосно на овој дуел. ... Read More »
Младинското ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар заврши без победник
Младинците на Пелистер и Вардар ремизираа во младинското ракометно дерби, кое денес се одигра во Битола. Резултатот на овој натпревар гласеше 29:29. Пелистер подобро го отвори натпреварот кога во неколку наврати имаше предност од два, а највисоката беше три голови разлика за домашниот тим од Битола. Беше во првите минути 2:0, па 3:1, 6:3 и 7:4, за избраниците на Чивлачки ... Read More »
РК Војнисон “лесен плен“ за црвено-црната “ пеколна машина“ на Будимир, кадетите на Вардар со 6/6 во лигата
Денес во салата “Кале” во Скопје екипата на Вардар во дуел од кадетската лига ја пречека екипата на РК Војнисон Вардар од Кичево. Момците на Будимир кои се помали од останатите екипи во кадетска конкуренција ( пионери по возраст) повторно доминираа и запишаа шестtа победа во исто толку дуели во кадетската лига. Тренерот на црвено-црните, Будимир Адријана реши да настапи ... Read More »
Ракометната Вардар Јуниор лигата в недела гостува во Велес (распоред)
Минатиот викенд почна со дуелите во СЦ “Кале“-Скопје, а викендов во градот Велес се доигрува третото коло од ракометната Вардар Јуниор лига. Натпреварите се играат во недела на 3 декември во салата во ОУ „Блаже Коневски”. Првиот натпревар, според распоредот треба да почне во 9.50 часот. Дуели играат момчињата и девојките од Велес, Делчево, Кавадарци, Скопје и Виница, и тоа во ... Read More »
Викендов атаци на нов триумфи за младите женски и машки тимови на РК Вардар (распоред)
Викендов повторно на сцена се натпреварите за младите вардарови ракометни екипи. Бројот на мечеви овој викенд е помал бидејќи кај дел од екипите веќе е завршена “есенската полуетапа“ од првенството. Овој викенд за младите екипи на ракометниот клуб Вардар на програмата имаме еден дуел кај дамите и два дуела во машка конкуренција за одигрување. Пионерската селекција на Вардар во женска ... Read More »
Петар Цветковски: “Јуниор“ лигата ја гледам како проект, кој ми дава можност да се надоградам како личност и ракометар
Актуелна е третата сезона на ракометната “Јуниор лига“ во која се натпреваруваат школи од цела Македонија. Овој проект на РК Вардар кој веќе трета година успешно функционира им ги дава сите предуслови на младите ракометари да ги покажат своите квалитети и знаења, и преку континуираното играње на натпревари да го стекнуваат потребното искуство и постојано да се надоградуваат со нови ... Read More »
(Фотогалерија) РК Ангели го совлада Урдаревски, во машкиот дел на “Јуниор“ лигата кај генер. 2004/05
На натпревар од “Јуниор“ лигата“ помеѓу екипите на РК Ангели Вардар и РК Урдаревски Вардар, поуспешен беше тимот на Ангели со резултат 26-19 (14-10). Ова е меч од машкиот дел, кај генерацијата родени 2004/05 година. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар. Read More »
Младинците на РК Вардар дојдоа до петта победа по ред, момците на Чивлачки и Грчевски го “растурија“ Еурофарм
Младинците на РК Вардар во младинската лига во рамки на шестото коло во СРЦ Кале ја пречекаа екипата на Еурофарм Работник од Битола. Нашите момци кои се предводени од Чивлачки и Грчевски триумфираа во еден дуел во кој целосно доминираа со резултат 41-20 (23-9). Со новиот успех стигнавме до петта победа по ред сезонава, со што сме и првопласирани на табелата во ... Read More »