Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 218)

Прв Тим

Штербик: Во Вардар сите бевме како едно, беше прекрасно чувството да бидеш дел од тој тим

sterbik

Голманската легенда на Европскиот ракомет, Арпад Штербик во интервју за ЕХФ, говореше и за освоената титула во Лигата на Шампионите со екипата на Вардар. Штербик помина четири сезони на голот на црвено-црните и во 2017 година успеа да ја освои Европската титула, додека во 2018 година исто така играше со Вардар на завршниот турнир. Тој се наврати пред три години ... Read More »

Вардарци доминираат во најдобриот тим на СЕХА-лигата, составен од играчи кои биле дел од Ф4 турнирите

80467008_10158830439820348_6762684255345573888_o

Медија тимот на СЕХА-лигата, направи избор на најдобриот тим во историјата на ова натпреварување, односно на играчи кои биле дел од завршниот турнир на СЕХА. Покрај тоа што Вардар доминира по бројот на освоени трофеи, вкупно пет, црвено-црните можат да се пофалат дека имаат најмногу играчи во идеалниот тим. Се работи за Арпад Штербик, Тимур Дибиров, Даинис Кристопанс и Игор ... Read More »

Скубе: На лето ќе го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно

skube-1

Уште еден ракометар од шампионската генерација на РК Вардар најави дека од следната сезона нема да биде дел од нашиот тим. За голема штета на сите нас, Скубе повеќе нема да го носи дресот на Вардар и е уште еден во низата што ја завршува авантурата во Скопје. Самиот Скубе на својот Инстаграм профил го најави заминувањето, каде напиша: „Има само ... Read More »

Горбок: Загрижени сме за иднината на Вардар, не за долговите

vardarfans-gorbok

Во време на прекин на сите спортски настани, Сергеј Горбок како и повеќето играчи на Вардар се во Македонија. Тој за рускиот сајт “Брз центар“ даде свое видување за сегашната состојба и каква е перспективата на напреварувањата кои се во прекин. Поради епидемијата, сите сме дома и се допишуваме на социјалните медиуми. Клупските проблеми не се решени, само сега се ... Read More »

Гуенштед: Се чувствував како да сум на фудбалски стадион, досега не сум видел такво нешто во мојата ракометна кариера

hqdefault

Дарио Гуенштед, чуварот на мрежата на великанот Кил, вели дека секогаш ќе остане во неговото сеќавање гостувањето во Скопје бидејќи се чувствувал како да е на фудбалски стадион. Исто така Гуенштед потенцираше дека досега никогаш не видел такво нешто во неговата ракометна кариера. „И покрај тоа што јасно победивме, Вардар прослави со фанатичните навивачи. Атмосферата во салата беше феноменална. Се чувствував како да сум ... Read More »

Пред точно една година, Вардар го победи Загреб и го освои 5.трофеј во СЕХА-лигата

seha

Пред точно една година, ракометниот клуб Вардар трет пат во серија успеа да го одбрани трофејот во СЕХА-лигата, вкупно петти за црвено-црните во ова натпреварување. На завршниот турнир на најдобрите четири екипи, кој минатата сезона се одигра во Брест, вардарци успеаа во големото финале да го победат тимот на ППД Загреб (23:26) и само да ја потврдат доминацијата во СЕХА-лигата. ... Read More »

Финалето меѓу Вардар и ПСЖ доби најмногу гласови во анкетата на „Скај Спорт“

879207_800x450

Во период кога нема ракометни возбудувања во Лигата на Шампионите, спортскиот канал Скај Спорт во Германија изнесе четири натпревари на кои гледачите можеа да гласаат кој дуел да се емитува на телевизијата. Убедливо најмногу гласови, или 62% доби големото финале од 2017 година, меѓу екипите на Вардар и ПСЖ, кој му припадна на нашиот шампион, за кој беше прв трофеј ... Read More »

СЕХА прашува ? кој е вашиот фаворит за трофејот на Ф4 турнирот во Задар

91837905_2304273029675424_5068384554029416448_o

Претстојниов викенд на програмата требаше да биде завршниот турнир во СЕХА-лигата. Истиот требаше да се одигра во Задар, по кој ќе го дознавме и победникот во деветтата сезона на ова натпреварување. На својата официјална страна, медија тимот на СЕХА-лигата прашува кој е вашиот фаворит за Ф4 турнирот кој ќе се одигра во Задар. Претходно Вардар стануваше шампион на Ф4 турнирите ... Read More »

Погледнете го првиот тим на Вардар и запознајте се со историјата на нашиот клуб

clip_image002

Ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 годнина, со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето, клубот успева да се пласира во II сојузна лига и во натпреварувачката сезона 1961/62 година да го освои II место. Најпосле, во натпреварувачката 1975/76 година клубот го освојува I место во II лига и се пласира ... Read More »

Дибиров: Во Вардар го остварив својот сон, морав да останам и да помогнам во тешките моменти

vardarfans-dibirov

Тимур Дибиров ја игра својата седма сезона во дресот на Вардар, екипа со која успеа да освои многу трофеи, а секако највредните беа оние од Лигата на Шампионите, кога на два пати со својот тим се искачи на врвот на Европа. Дибиров важи за еден од најдобрите стрелци на Вардар во изминативе сезони, како и еден од играчите кој е посебно ... Read More »