Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим (page 737)

Прв Тим

Почнува новата сезона во Лигата на Шампионите,Вардар стартува против екипата на Целје Пивоварна Лашко.

Почнуваат новите возбудувања во најголемото ракометно натпреварување,почнуваат нови големи натпревари за Вардар,со надеж дека ќе одиме едно скалило погоре од минатата сезона.Прв противник на Вардар е шампионот на Словенија,екипата на Целје Пивоварна Лашко. Целје влегува во новата сезона без своите најдобри стрелци од минатата сезона Маргуц и Зеленовиќ. Минатата сезона во Л.Ш,Целје постигна забележителен настап за своите можности и успеа ... Read More »

Вардарци рутински против Нексе.

Со постојано водство во текот на целиот натпревар,екипата на Вардар им се врати на победите во Сеха-лигата против екипата на Нексе.Вардар забележи убедлива победа со резултат 31:22.Во првите 30 минути,тимот од Хрватска успеваше да нема поголема негатива од четири гола. Натпреварот беше изедначен до 5 минута,од тие моменти почна доминацијата на Вардар која траеше во целиот натпревар.Највисоко водство црвено-црните имаат ... Read More »

Рк Вардар поразен од Веспрем,во дербито на Сеха-лигата.

Црвено-црните го доживеаа првиот пораз во Сеха-лигата,од екипата на Веспрем со резултат 31:23.Заслужена победа на Унгарскиот тим,кој го контролираше натпреварот и не дозволи ни во еден момент Вардар да има водство на овој дуел. Првиот гол падна дури во 6 минута за водство на Веспрем,кој набргу имаа предност и од 3:0.Вардарци својот прв гол го постигнуваат во 8 минута,дело на ... Read More »

Ви ја Преставуваме екипата на Веспрем,следниот противник на Вардар во Сеха-Лигата.

Оваа сезона,Сеха-лигата ќе биде посилна за уште еден великан на европскиот ракомет кој секоја година е во најдобрите топ 8 екипи во Европа.Екипата на Веспрем одлучи од оваа година да се приклучи на ова натпреварување,кое важи за голем проект,и кое прераснува во многу силна и почитувана лига од Ехф. Тимот од Унгарија,направи неколку мали промени во играчкиот кадар.Екипата ја засилија: ... Read More »

Вардар убедливо против Борац Бања Лука.

Рк Вардар ја забележа и третата победа во Сеха-лигата,совладувајќи ја екипата на Борац со резултат 22:31.Екипата на Борац беше достоен противник само во воведните 15 минути од натпреварот кога резултат беше израмнет 5:5.Од тогаш па се до крајот,црвено-црните доминираа на теренот и на крајот забележаа убедлива победа.Со два гола по ред на Шишкарев и еден на капитенот Лазаров,во 19 минута ... Read More »

Вардар против Борац Бања Лука,за трета победа победа во Сеха-Лигата.

Во среда со почеток од 20:00,екипата на Рк Вардар ќе го одигра и третиот натпревар во Сеха-лигата.По првите две воведни кола и победите против Војводина и Металург,овој пат противник е екипата на Борац. Минатата сезона,екипата на Борац ја одбрани дуплата круна во својата земја.Во регионалната лига минатата сезона,остварија резултат од 5 победи и 13 порази.На двата дуели одиграни изминатата сезона,Вардар ... Read More »

Одлично издание на црвено-црните против Металург,за нова победа во Сеха-Лигата.

Вардар им се врати на победите во дуелите со Металург,и на убедлив начин и доминација во текот на целиот натпревар забележаа победа.Момците на Раул Гонзалес влегоа многу мотивирано на овој дуел уште од првата минута,со некои мали падови на моменти во играта.Со погодокот на Шишкарев Вардар веќе има водство од 5:0,а екипата од Автокоманда својот прв гол го постигнува дури ... Read More »

Вулканот Кале повторно се активира,со дерби натпреварот помеѓу Вардар и Металург.

Во сабота со почеток од 20:15 во С.Р.Ц.Кале,Вардар ја пречекува екипата на Металург во рамките на 2 коло од Регионалната лига.Дефинитивно Кале е вулканот и неосвоивата тврдина и за Вардар и за Комити,каде паѓаат и најголемите екипи.По изгубената титула минатата сезона токму од овој противник,и поразот во финалето на Струшкиот турнир,во сабота се очекува момците на Раул Гонзалес да покажат ... Read More »

Рк Вардар со победа започна во Регионалната лига.

Екипата на Рк Вардар со победа против Војводина во Нови Сад ја започна одбраната на трофејот во Сеха-лигата освоен мината сезона.Првите 13 минути од натпреварот не навестија дека Вардар ќе има поголеми проблеми во мечот,во тие моменти имаа предност од 1:6 со голот на Тимур Дибиров.Тренерот на Војводина повика тајмаут што резултираше во продолжение со подобра игра на тимот од ... Read More »

Ви ја преставуваме екипата на Војводина,првиот противник на Рк Вардар во Сеха-лигата

481 (1)

Екипата на Војводина од Србија,втора сезона по ред ќе се настапува во Регионалната лига.Тоа е клуб кој претрпе најголеми промени во играчкиот кадар од сите други екипи кои ќе се натпреваруваат во оваа лига.Минатата сезона го освоија седмото место,и имаа скор од 7 победи и 11 порази.Во меѓусебните дуели на Вардар и Војводина,по една победа им припадна на двата тима. ... Read More »