Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Slider (page 22)

Slider

Од Вардар порачаа: „Победниците никогаш не се откажуваат“

88316-vardarci-porachuvaat-pobednicite-nikogash-ne-se-predavaat-foto

Вардар денес игра ново големо финале во Лигата на Шампионите, против екипата на Веспрем. Играчите уште еднаш имаат можност да испишат нова голема историја за себе, за Вардар и за Македонскиот спорт. Тие порачаа: „Победниците никогаш не се откажуваат“, како најава за ова епско финале против Веспрем.   Read More »

Ново „епско“ финале за Вардар, уште добри 60 минути не делат до нова Европска Титула

vardarfans-najava

Остана само уште еден натпревар, уште само 60 минути до нова историја за Вардар и втора Европска титула. Веспрем ќе биде екипата која денес ќе ни се спротивстави и ќе биде последната пречка за црвено-црните до искачување на врвот. Вардарци повторно се надминаа на вчерашното полуфинале, имаа големо враќање на дуелот со Барса, која во еден момент се гледаше како ... Read More »

Финалето, Вардар со Веспрем, директно на Арена Спорт 1

vardarfans-prenos

Денешното финале од Лигата на Шампионите помеѓу екипите на Вардар и Веспрем, ќе се емитува со директен пренос на Арена Спорт 1.  Само една екипа на крајот ќе може да се радува на скапоцениот трофеј, се надеваме дека тоа ќе биде Вардар. Финалето започнува со почеток од 18:00 часот, а вие повторно уживајте во коментаторот Стеван Стевановиќ, кој е голем ... Read More »

Денешното финале на видео бим, на плоштадот во Скопје

vardarfans-video-bim

Градоначалникот на град Скопје најави дека ќе има организирано следење од денешното финале на Вардар против екипата на Веспрем. Видео бим ќе биде поставен на плоштадот и сите кои имаат желба можат да дојдат и да навиваат за Вардар. Финалето започнува од 18:00 часот, а црвено-црните ќе се обидат да стигнат до втората Европска титула и да испишат историја. Дојдете ... Read More »

Карачиќ ќе игра во големото финале, Штербик и Наѓ во составот на Веспрем

vardarfans-karacic

Денес со почеток во 18:00 часот на програмата е големото финале во ЛШ, во кое ќе се сретнат екипите на Вардар и Веспрем. Остана за црвено-црните уште една пречка, кон освојување на нова Европска Титула. Гарсија Парондо и Давид Дејвис ги објавија составите за денешното финале. Кај Вардар и покрај повредата, Карачиќ ќе стисне заби и денес ќе се појави ... Read More »

Парондо: Горди сме што ќе играме во финалето – Карачиќ: Само ние и нашите навивачи верувавме во победа

vardarfans-izjavi

Вардар и Веспрем ќе играат денеска во големото финале на завршниот турнир во Келн. Црвено-црните направија нов подвиг и успеаа во полуфиналето да го совладаат тимот, кој покажа најмногу сезонава, тоа е екипата на Барселона. Иако во еден момент делуваше изгубен меч, кога имавме голема негатива од седум голови, вардарци повторно покажаа дека не се предаваат, полека ја топеа негативата ... Read More »

Не е чудо, кога имаш „голманиште“ како Милосављев, се е можно, дебитант на Ф4 а имаше 18 одбрани

61603892_10158131921520348_8147868391500152832_n

Вардар направи ново големо чудо, но кога на голот го имаш Дејан Милосављев, се е можно. Иако млад и неискусен, дебитант на еден завршен турнир, популарниот „Банда“ повторно покажа голем квалитет на голот, полуфиналето со Барса го заврши со неверојатни 18 одбрани. Ниту во еден момент оваа сезона не се почуствува заминувањето на Штербик од Вардар. Штета што младиот Милосављев ... Read More »

(ВИДЕО) ШАМПИОНЕ, ШАМПИОНЕ, АЛЕ, АЛЕ, АЛЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕ

rkv

Вардар ќе игра во ново големо финале во ЛШ, откако успеа во полуфиналето да ја победи екипата на Барселона. Со чуден пресврт во последните десет минути од мечот, црвено-црните се изборија за нова можност да играат во финалето и да се борат за својата втора Европска титула. Голема беше радоста на вардарци, после победата, тие веднаш потрчаа накај трибината каде ... Read More »

(ФОТО) Самсоненко со играчите ја прослави победата и големото финале

61701277_2283425261738994_3503840071038009344_n

Вардар ќе игра во големото финале на ЛШ, откако после неверојатен пресврт ја победи екипата на Барселона. Иако Вардарци во еден момент губеа со седум голови разлика (26:19), до крајот на мечот направија чудо и славеа со резултат 27:29 Победата се прослави и во собекувалната а заедно со тимот беше и сопственикот на Вардар, господинот Сергеј Самсоненко кој заедно со ... Read More »

ПАДНА Барса, ВАРДАР СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ПОБЕДИ И ЌЕ ИГРА ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

vardarfans-rk-vardar

Вардар со неверојатен пресврт ја победи Барса и ќе игра во големото финале од Лигата на Шампионите, Екипата на Барселона прва го отвори резултатот, откако Дика Мем успеа да погоди од трет обид, претходно ддва удари на противникот беа успешно блокирани. Имаше Барса и водство од 2:0, но црвено-црните вратија на ист начин и со головите на Шишкарев и Скубе ... Read More »