Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги (page 169)

Младински лиги

Сара Митова: Со Русија покажавме дека можеме да се носиме со секој на ова првенство

vardarfans mitova

Нашата младинска селекција има забележителен настап на Европското Првенство во Валенсија каде оствари една победа , едно реми и еден пораз . Младата Сара Митова беше една од подобрите во црвено-жолтиот табор , таа беше во топ-5 стрелци во нашата репрезенација на првенството . -Задоволна сум од прикажаното на натпреварите во нашата група, како од целата екипа, така и од ... Read More »

Нина Ладева од Вардар, избрана за најдобар играч во нашата репрезентација, на мечот со Русија

vardarfans nina

Голманката на Македонската репрезентација до 19 години, Нина Ладева е прогласена за најдобар играч на мечот на нашата селекција со Русија. Овој натпревар заврши со поделба на бодовите (26:26) , иако нашите младинки на неколку секунди до крајот имаа предност. Македонија го освои третото место во групата со три освоени бодови. Забележавме една победа(Литванија), еден пораз(Германија) и еден нерешен резултат(Русија). ... Read More »

Младинките испуштија победа, против фаворизираната Русија

vardarfans remi

Само неколку секунди ја делеа Македонската репрезентација до голема победа против еден од најголемите фаворити на ова Европско првенство. Младинките ремизираа со Русија(26:26) и ќе се борат за пласман од деветото место на Европското младинско првенство, кое се одржува во Валенсија. Иако можеби малку очекуваа дека можеме да се спротиставиме на големата Русија, девојките на Симовски го демантираа тоа. Излегоа ... Read More »

Нашите младинки, вечерва играат против Русија

vardarfans mladinki

Младинската репрезентација вечерва го игра последното коло од групната фаза, на Европското првенство во Валенсија. Противник ни е селекцијата на Русија и само победа од овој дуел, ќе значи пласман во следната рунда за нашите девојки. Во претходните две кола, остваривме една победа(Литванија) и еден пораз(Германија) и на табелата се наоѓаме на третото место. Избраничките на Симе Симовски во пријатна ... Read More »

Тодоровска и Нолевска од Вардар, се во ТОП 15 листа на најдобри стрелци на ЕП во Валенсија

vardarfans strelci

После две одиграни кола на Европското првенство за младинки во Валенсија, денеска е слободен ден за сите репрезентации. Македонската селекција има остварено половичен успех по првите два дена, една победа и еден пораз е учинокот за избраничките на Симе Симовски. Во првото коло забелажавме победа, против Литванија (31:27). Вчера го доживеавме првиот пораз од репрезентацијата на Германија (31:21). Ние како ... Read More »

Лошото второ полувреме, пресудно за поразот на младинската репрезентација

vardarfans mladinki

Младинската женска ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство за девојки до 19 години, кое се одржува во Валенсија. По стартната прва победа против селекцијата на Литванија, вчера нашите избранички доживееа пораз од Германките. Лошото второ полувреме беше пресудно за високиот пораз на младинките. Во текот на целото прво полувреме успешно се спротиставувавме на противникот, дури и имавме ... Read More »

Младинките со победа го отворија Европското Првенство , вардарките најефикасни

vardarfans 63

Младинките имаа одличен старт на Европското Првенство кое се одржува во Валенсија -Шпанија . Избраничките на Симе Симовски ја победија Литванија со резултат 31-27 (15-13) во премиерниот меч од групата за нашите девојки . Нашите девојки се наоѓаат во групата Б на Е.П во која се одигра уште еден меч таму Русија  и нанесе пораз на Германија со резултат 26-18 . ... Read More »

Кадетките се подготвуваат за Европското првенство во Скопје

vardarfans kadetki

Женската кадетска репрезентација го стартуваше вториот дел од подготовките, за престојното Европско првенство за девојки до 17 години. Ова натпреварување ќе се одржи во нашиот главен град Скопје. Во понеделникот беше означен стартот на припремите, кои се одвиваат во малата сала во спорскиот центар Јане Сандански. Не се планирани некои подготвителни турнири, а репрезентацијата ќе одигра неколку пријателски натпревари со ... Read More »

Младинките пристигнаа во Валенсија

vardarfans mladinki

Околу 13:30 часот младинската ракометна репрезентација пристигна во Валенсија, каде во следниов период ќе учествува на Европското првенство за девојки до 19 години. Нашата репрезентација веќе се смести во хотелот “Холидеј Ин“ каде ќе престојува се додека учествува на ова натпреварување. Девојките тргнаа вчера вечерта со автобус до Софија, од каде со авион пристигнаа до градот каде ќе се одржи ... Read More »

Младинската ракометна репрезентација, вечерва тргнува за Валенсија

vardarfans-zdrepka-636x330

Женската младинска ракометна репрезентација вечерва тргнува на пат за Шпанија, каде ќе се одржи Европското првенство за младинки до 19 години. Девојките вечерва со автобус патуваат за Софија, од каде со авион ќе пристигнат во Валенсија. Избраничките на Симе Симовски имаа можност, месец и повеќе да се подготвуваат за ова големо натпреварување. Во текот на подготовките одиграа четири подготвителни натпревари, ... Read More »