Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги (page 17)

Младински лиги

ЕСЕНСКИ ПРВАК! Падна и Шампион пред налетот на кадетките на ЖРК Вардар

315

Да не должиме со она што веќе неколку пати го елабориравме околу тоа како ја започнаа оваа сезона, со шест заминати и две повредени девојки, на нивно место дојдоа дузина нови релатино помлади дами. Сепак кадетките на ЖРК Вардар предводени од Платон и Папуџиева со пет победи се есенски шампиони во нивната група. Вчера, во рамки на  5.коло се играше ... Read More »

Клучниот дуел на кадетките со РК Шампион закажан за недела

265382356_10220663557201035_8514893513739138319_na

Кадетките на ЖРК Вардар по 4.кола имаат исто толку победи, главниот ривал за првата позиција со кого го делиме врвот по овие рунди ни е следен противник. Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева играат во 5.коло против екипата на РК Шампион. Натпреварот од Групата-А во кадетската лига е закажан за задутре, недела (19.декември), истиот ќе се игра во салата ... Read More »

Среќен роденден Тошевска Магдалена

magde

Свој 17.роденден прославува една од најмладите членови на ЖРК Вардар, бекот Магдалена Тошевска. Станува збор за играч кој допрва треба да ги презетнира своите најдобри игри во црвено-црниот дрес, беше дел од кадетската репрезенација на Република Македонија која го освои златото на ЕХФ Шампионатот оваа година. Играч со над 180см висина пред кој е блескава иднина доколку се развива на ... Read More »

Кадетките домаќини на ЖРК Куманово

264145295_2357117201091470_95860704806690920_n

Кадетките на ЖРК Вардар, утре (сабота 11/12/2021) ќе бидат домаќини во рамки на 4.коло од групата-А. Црвено-црните дами ќе се соочат со тимот на ЖРК Куманово од истоимениот град. Натпреварот во малата сала „Јане Сандански“ е закажан со почеток во 12-00 часот, правдата ќе ја делат Лејла Јашар и Михаела Капсарева. Девојките на Платон и Папуџиева досега имаат максимален ефект, ... Read More »

Платон и Папуџиева создадоа нови „лавици“, Металург на „колена“ во Автокоманда

d-2

Кадетките на ЖРК Вардар денес го имаа најважниот дуел во групата, тие гостуваа во дербито кај тимот на Металург. Платон и Папуџиева оваа есен мораа да внесат во систенот голем број на нови девојки, по заминувањата, имаше и повредени девојки како Бојана Коцева која не можеше да настапи денес. Сепак покажаа дека нивната работа со млади категории е фантастична, тие ... Read More »

(Стрим) Металург-ЖРК Вардар, кадетски дуел од 13 часот

6776-601x330

Кадетките на ЖРК Вардар, црвено-црните избранички на Анжела Платон и Папуџиева Марија  денес гостуваат во дербито кај Металург. *Натпреварот во салата „Автокоманда“  е со  почеток во 13-0о часот, стрим од истиот ОВДЕ! Read More »

Кадетките утре играат дерби во Автокоманда кај Металург

met

Кадетките на ЖРК Вардар одлично ја започнаа сезоната со две победи на воведните два дуела. Ги очекува важен и тежок натпревар во недела. Црвено-црните избранички на Анжела Платон и Папуџиева Марија гостуваат во дербито кај Металург. Натпреварот во салата „Автокоманда“ во истоимена скопска населба се игра во недела (05/12/2021) со почеток во 13-0о часот.  Read More »

Кадетките со 2/2 на стартот, победа кај ЖРК Илинден

3e

Во втората средба за нив ова есен, кадетките на ЖРК Вардар гостуваа кај тимот на ЖРК Илинден во истоимената скопска населба. Избраничките на Платон Анжела и Папуџиева Марија дојдоа до втора победа сезонава, на денешниот меч триумфиравме со резултат 14-26 (6-10). На почетокот на оваа кадетска средба во населбата Илинден ние поведовме со 0-1, потоа се играше рамноправно негде до ... Read More »

(Видео Стрим) ЖРК Илинден-ЖРК Вардар 20:30 часот

9999999999999999999999999999

 Кадетките на ЖРК Вардар, девојките на Платон Анжела и Марија Папуџиева гостуваат во Населба Илинден. Дуелот се игра денес (среда, 01/12/2021) кај тимот на ЖРК Илинден Вардар. Натпреварот кој ќе се игра во салата „Гоце Делчев“ е закажан  во 20 часот и 30 минути. *Натпреварот може да го погледнете на следниот ВИДЕО СТРИМ! Read More »