Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > Author Archives: Д.Гогов (page 81)

Author Archives: Д.Гогов

Време е за дерби, Вардар атакува на победа!

fkv

По паузата поради репрезентативните настапи, се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако Вардар одигра дерби дуел минатото коло со Пелистер, на ред е уште една дерби пресметка, овој пат против лидерот на табелата тетовска Шкендија. Вардар и на овој натпревар фаворитската улога му ја препушта на противникот. Васоски има рецепт за победа на Градски, па така сака ... Read More »

Супер Стоилов за нов рекорд во ЛШ!!!

vardarfans-stoilov-2-660x330

Вардар 1961 ја запиша првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ откако го совладаа Фленсбург во Скопје со 31:26. Актуелниот Европски шампион на овој натпревар беше воден од капитенот Стојанче Стоилов, кој го запиша својот најдобар поентерски натпревар во својата кариера кога е во прашање Лигата на шампионите. Стоилов стрелаше на осум наврати на вчерашниот дуел од ... Read More »

(ВИДЕО) Најинтересните моменти од вчерашниот дуел

rkv

Вардарци ја забележаа првата победа сезонава во Лигата на шампионите. Вчера вечер во С.Ц. ,,Јане Сандански”, избраниците на Алушовски беа подобар противник од тимот на Фленсбург, кој го победија со резултат 31:26. Во текот на целиот натпревар Вардар беше во постојано водство, на крајот крунисано со убедлива победа против тимот на Фленсбург кој отвори на супер начин сезонава со три победи ... Read More »

Супер игра на Вардар за водство на полувреме

rkv

Ракометарите на Вардар одиграа супер прво полувреме и заслужено имаат предност од два гола разлика, 17-15 . Првиот дел во целост му припадна на тимот на Вардар. Освен на стартот, актуелниот Европски шампион го контролираше првиот дел во целост, па дури во некој мигови од натпреварот имаше и напад за дури пет позитива. Сепак и ова е добро. Сите играчи во ... Read More »

Мицевски со деби настап за Македонија

fkv-micevski

Капитенот на ФК Вардар, Дарко Мицевски вчера го имаше своето деби за А-селекцијата на Македонија. Играчот од средината на теренот влезе во игра во 88.минута од натпреварот и ги одигра последните минути без грешка. Уште еднаш се потврдува фактот дека Вардар давал и ќе дава во иднина квалитетен фудбалски кадар за репрезентацијата на Македонија. Во следниот квалификациски циклус, очекуваме уште повеќе ... Read More »

УБАВИ ВЕСТИ: Вардар – Фленсбург низ директен ТВ пренос на МТВ 1!!!

rkv

Конечно, убави вести за сите љубители на ракометот и на ,,црвено – црните” бои. Утрешниот дерби натпревар на Европскиот првак Вардар и Бундес-лигашот Фленсбург од Скопје, од СЦ.„Јане Сандански“ ќе биде директно пренесуван на МТВ 1. Ова е супер вест за сите во нашата држава кои немаат Арена Спорт, кои нема да имаат потреба да бараат стримови и слично. Се надеваме дека утре ќе уживаме ... Read More »

Пелко: Победата ја посакувам повеќе од вообичаеното!

tddrd

Конечно, по едномесечна пауза, Вардар одново ќе одигра натпревар од Лигата на шампионите и тоа утревечер во Скопје во СЦ „Јане Сандански“, каде гостин ќе биде Бундес-лигашот Фленсбург. Германскиот тим во Скопје доаѓа со максимален учинок, односно три победи од исто толку натпревари. Во тимот на противникот утре ќе настапи и еден довчерашен ракометар на Вардар. Се работи за Доминик Сикошек Пелко кој од ... Read More »

Познато е кој ракометар на Вардар е позитивен на коронавирусот

rkv

Сеуште европскиот ракометен првак Вардар пред натпреварот против Флензбург во Лигата на шампионите пријави дека по новите тестирања еден играч е позитивен на коронавирусот. Се работи за македонскиот репрезентативец, Томислав Јагуриновски кој имал зголемена температура пред неколку дена и сега ќе треба да е во домашна изолација откако неговиот тест бил позитивен. Добрата вест е тоа што сите други ракометари имаа негативни тестови, па ... Read More »

Дербито на Градски в сабота од 14:30 часот

fkv

По дерби дуелот со Пелистер во Битола и несреќните загубени два бода, ,,црвено – црните” ги очекува уште еден дерби дуел, овој пат во Скопје на Градски против големиот ривал Шкендија. Дуелот на Вардар и Шкендија наместо в недела и дефинитивно ќе биде одигран ден порано на нашиот најголем стадион во државава и тоа со почеток од 14:30 часот. Сигурно ... Read More »

Мицевски доби повик за дуелот со Грузија

vardarfans-micevski

Капитенот на ФК Вардар, Дарко Мицевски е еден од четворицата играчи од Првата македонска фудбалска лига што добија дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски и треба да се појават во А-репрезентацијата на Македонија за претстојниот натпревар против Грузија во Лигата на нации в среда. Добрите партии во дресот на шампионот на Македонија му носат шанса на Мицевски да дебитира во А-репрезентација на ... Read More »