Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 293)

Прв тим

Гезтепе го запре Фенербахче

dssds

Новиот турски прволигаш, тимот на Гезтепе на домашен терен го запре фаворизираниот тим на Фенербахче. Јаховиќ и друштвото покажаа дека Фенербахче има и свои слаби страни. Гостинот поведе уште во 5. минута со голот на Потук, три минути подоцна Јаховиќ му асистираше на Андре Кастро за израмнување на 1:1. Целосниот пресврт тимот на Гезтепе го направи преку Езекиел Скарионе во 57. минута од натпреварот. Фенербахче од пораз го ... Read More »

Вардар одбра нов напаѓач

fkv

Шампионот на Македонија ја пронајде замената за Балотели. Станува збор за нов играч од Бразил, неговото целосно име е Хозе Оливеира дос Сантос – Итало. Итало има 29 години и доаѓа од редовите на Сао Паоло. Овој играч во својата кариера има настапувано за голем број на тимови како: Маритимо, Паулиста, Интернационал, Сао Паоло.. Итало во 2011 беше блиску до потпис со ... Read More »

Пораз на стартот од шампионатот, никогаш послаб натпревар на Вардар

Вардар новиот шампионат го започна со пораз. Попладнево шампионот на Македонија не одигра буквално ништо во Тетово, за 90 минути Вардар упати само еден удар во рамките од голот на Захов. Домаќинот заслужено се радуваше на три бода. Головите на овој натпревар ги постигнаа Алими и Жуниор во вториот дел. Вардарци првиот дел го одиграа многу лошо, додека пак домаќинот можеше само ... Read More »

ТВ Нова ќе го пренесува фудбалското дерби, помеѓу Шкендија и Вардар

nova

ТВ Нова ќе го пренесува денешното дерби, помеѓу шампионот на Македонија, екипата на Вардар и Шкендија од Тетово. Овој натпревар ќе се одигра на градскиот стадион во Тетово, со кој ќе се означи стартот на новата натпреварувачка сезона, во која Вардар го брани трофејот освоен од минатата сезона. Љубителите на фудбалот и Вардаровите навивачи ќе имаат можност преку директен пренос ... Read More »

Уште на стартот да покажеме дека и оваа сезона сме најдобри

Денеска започнува новата сезона во ПМФЛ. И оваа сезона, како и минатата, за титулата ќе се борат само две екипи. Ждребот сакаше уште на самиот старт токму силите да ги одмерат двата конкурента за титулата, тимовите на Вардар од Скопје и Шкендија од Тетово. Вардар и оваа сезона влегува со најголеми шанси за нова титула, Вардар и оваа сезона е ... Read More »

Среќен роденден Грнчаров

Денеска својот 35-ти роденден прославува играчот на ФК Вардар и капитен на тимот Бобан Грнчаров. На капитенот Грнчаров му посакуваме денешниот роденден да го прослави со победа и гол против Шкендија во Тетово. Среќен роденден Грнчаров. Read More »

Мечкаровски ќе суди на дербито Шкендија-Вардар

Фудбалската федерација на земјава  ги одреди судиите за првото коло на новата сезона 2017/2018  во првата македонска фудбалска лига.  Дербито кое се игра денес во Тетово, помеѓу Шкендија и Вардар ќе го води Димитар Мечкаровски од Скопје. Натпреварот се игра со почеток во 17-00 на Градскиот стадион во Тетово, двата црвено-црни тима ќе  атакуваат на победа, со која ќе го ... Read More »

Билети сега можат да се набават и за Јужна

navivaci-gradski

Вардар во слободна продажба сега ја пушти и јужната трибина. Сега сите симпатизери и навивачи на Вардар можат да набават билети и за јужната трибина по цена од 300 денари. Ова значи дека навивачите на Фенербахче ќе бидат сместени на источната трибина. Билетите ќе се продаваат на следните продажни места: СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако ... Read More »

Ал Гарифа официјално го претстави Балотели

20773722_10210115760872719_223764699_o

Поранешниот напаѓач на фудбалскиот клуб Вардар, бразилскиот интернационалец  Џонатан Балотели е претставен официјално како нов фудбалер на Ал Гарифа, тим кој настапува во шампионатот на Катар. Тој веќе пристигна во својот нов клуб, ги мина лекарските прегледи и официјално беше претставен во својот нов клуб. Бразилецот во квалификациите за лигата на шампионите беше  стрелец на единствениот гол во  против Копенхаген на ... Read More »