Стефан Спировски и официјално е промовиран во нов играч на унгарски Ференцварош. Спировски одма по историскиот успех и пласманот на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа, ги финализираше личните услови за трансфер во овој унгарски тим. Спировски стави потпис на двегодишен договор. Колку Вардар доби од овој трансфер сеуште не е познато. Инаку, исто така Вардар денеска ја промовираше замената ... Read More »
Прв тим
Марковиќ претставен во дресот на ФК Вардар
ФК Вардар денеска го претстави своето ново засилување. Како што е добро познато, станува збор за Вања Марковиќ. Марковиќ доаѓа во Вардар од редовите на Корона Киелце, настапува на средината од теренот. Марковиќ за клубскиот сајт на Вардар изјави: „Уште пред да дојдам знаев дека Вардар е голем клуб и дека во последните пет години, четири пати ја освои шампионската титула. ... Read More »
Вардар без деветмина репрезентативци ќе одигра меч од Купот в среда против Локомотива
Избраниците на Чеде Јаневски во среда на, 30-ти месецов во Скопје ќе го одигра заостанатиот натпревар од шеснаесетфиналната рунда во Купот на Македонија. На овој дуел ние гостуваме кај екипата на скопскса ФК Локомотива, црвено-црните ќе играат со играчите кои не се повикани за селекциите. Голем број играчи на Вардар имаат покани, за своите земји. Повик за настап ... Read More »
(ВИДЕО) Џигаури и Глигоров го замолкнаа Истанбул
Вардар по втор пат го “нокаутираше„ Фенербахче и обезбеди историски пласман во групната фаза од лигата на Европа. Црвено-црните иако имаа предност од првиот меч одигран во Скопје (2:0), успеаа и на реваншот во Истанбул да слават иако имаа негатива. Сепак за да нема поголеми возбудувања се погрижија Џигаури и Глигоров кои ја затресоа противничката мрежа, за целосен резултатски пресврт. ... Read More »
Нови играчи од Вардар повикани за националните репрезентации, за претстојните квалификациски натпревари
Фудбалскиот клуб Вардар продолжува да дава репрезентативни играчи, кои во наредниот период ќе бидат дел од своите национални селекци,во рамките на квалификациите за пласман на светското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Русија. Повик за настап во репрезентацијата на Ерменија добија двајцата единствени играчи кои доаѓаат од оваа земја, а се дел од екипата на Вардар. Се ... Read More »
(ФОТО) Вие одлучивте – Гачевски најдобар поединец во Турција
Вие одлучивте. На анкетата на “Вардар Фанс”, според нешто повеќе од 414 навивачи, јунак на средбата во Турција беше голманот на Вардар, Филип Гачевски. Популарниот Гача во неколку наврати со одлични интервенции ги откажа sвездите на Фенербахче. Фото од анкетата: Read More »
Глигоров: Не би се сложил со многумина дека противниците не се атрактивни
Фудбалерот на Вардар Никола Глигоров, на вчерашната прес-конференција видно беше задоволен и среќен по пласманот на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа. Глигоров изјави: „Не би се сложил со многумина дека противниците не се атрактивни. Зенит на пример секоја година игра во групна фаза од Лигата на шампионите и претендира да игра во елиминациската фаза. Реал Сосиедад е екипа ... Read More »
Дарко Панчев: Без нашиот сопственик Самсоненко, овој успех немаше да се случи, нека биде мотив и за следните години
Фудбалскиот клуб Вардар денес одржа прес-конференција на која го потенцираше успехот од пласманот во групната фаза на лига Европа. Спортскиот директор на нашиот шампион искажа задоволство од историскиот успех, со надеж дека ова ќе биде мотив за успеси и во иднина. Тој на прес-конференцијата го изјави следново: -Искрено ми беше полесно кога играв отколку сега кога сум на оваа функција. ... Read More »
Младинците со “петарда“ за Ренова! Јаневски, Панчев, Бабунски имаа што да гледаат
Денес во рамки на првото коло во младинската лига се одигра деби дуелот оваа сезона за избраниците на Петар Горгиевски кои оваа сезона го води младинскиот тим. Тие се сретнаа на домашен терен во “Јане Сандански“ со ривалите од Тетово, ФК Ренова. Нашите момци дојдоа до убедлива победа во меч во кој доминираа со резултат 5-0 (3-0). За црвено-црните стартуваа: ... Read More »
Јаневски: Ќе одиме фронтално, ќе ротираме играчи да направиме на секој натпревар тим кој што ќе постигнува добри резултати
Чедомир Јаневски на денешната прес-конференција на ФК Вардар, истакна дека историски е успехот пласманот во Лигата на Европа. Исто така Чеде говореше и за новите противници во групната фаза: „Ја добивме групата вчера, и можам да кажам дека истата е тешка како и сите останати. Ние тука на Балканот повеќе би сакале тимови од средна Европа, Италија, Германија, Франција… Но, ... Read More »