Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 456)

Прв тим

Конечно Стојков погоди за ФК Вардар!

stojkov-vardarfans

Конечно Ацо Стојков го ”скрши мразот” оваа сезона. Стојков конечно погоди, тоа се случи на неделниот натпревар во Турново. Ацо Стојков влезе во игра на средината на вториот дел, а во 79 минута по една акција на ФК Вардар успеа да ги измами своите противнички играчи, и среќно да постигне прв погодок оваа сезона во дресот на ФК Вардар. Се ... Read More »

Гачевски на голот против Шкендија

gacevski-vardarfans

Во четврток ФК Вардар го игра првиот 1/4 финален натпревар од  купот на РМ. Се по извесно е дека на голот на ФК Вардар на Чаир ќе застане Гачевски. По пропустот на Пачовски во Турново, и поразот од 2:1, се очекува конечно Седлоски да му укаже шанса на вториот голман на ФК Вардар, кој дојде ова лето во клубот. Гачевски ... Read More »

Ставрев на центарот во Чаир

aleksandar-stavrev-vardarfans

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев ќе биде на центарот во четврток, на првиот 1/4 финален натпревар од Купот на РМ. ФФМ одлучи, најдбориот судија на Македонија, да ја дели правдата. Натпреварот започнува во 13 часот на стадионот во Чаир. Read More »

Шкендија одигра само нерешено со Ренова и остана на табелата зад “лидерот“ Вардар

13

Денес со натпреварот помеѓу Шкендија и Ренова се комплетираше 15 коло во првата Македонска фудбалска лига. Двете екипи ги поделија бодовите, одигрувајќи без голови 0:0. Иако Шкендија важеше за голем фаворит на овој дуел, на крајот не ја оправда оваа улога и остана на табелата зад нашиот шампион. Ова е веќе втор последователен нерешен резултат за екипата од Тетово, откако ... Read More »

(Видео) Кикс на Пачовски, пораз на ФК Вардар

fkvardar-vardarfans

(ВИДЕО) ФК Вардар го доживеа првиот пораз оваа сезона. Вчера нашиот тим ”капитулираше” во Турново, за прв пат оваа сезона. Нашите момци на ова видео, јасно се гледа, дека имаа неколку добри шанси за голови, но мрежата на голоманот на Турново, остана совладана само еднашка. Можеби Блажевски да погодеше од пенал, работите ќе се одвиваа според очекуваниот план.   Read More »

ФК Вардар загуби по подолга пауза

12107018_880900845338264_746356370432718899_n

ФК Вардар капитулираше во Турново, првиот пораз на ФК Вардар оваа сезона. Денеска нашиот тим беше совладан од домашниот тим Хоризнот Турново со резултат 2:1 На денешниот дуел во Турново, шефот на стручниот штаб се одлучи за овие почетни 11-сетмина: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 14. Велковски, 16. Глигоров, 19. Хамбарџумјан, 22. Ивановски, 58. Цезар ... Read More »

ВИДЕО СТРИМ! Хоризонт-Вардар 13-00ч, познат составот на црвено-црните

1

ФК Вардар како лидер  денеска гостува на стадиот „Кукуш“ во Село Турново кај тимот на Хоризонт турново во меч  од 15,коло од првата македонска фудбалска лига. Црвено-црните ќе се обидат да ја продолжат својата низа без пораз која трае од почетокот на оваа сезона и со победа да се зацврстат на лидерската позиција. Мечот ќе може да го проследите преку видео ... Read More »

Сериозен клуб, со сериозни проекти!

otvoranje-na-trening-centarot-vo-hipodrom-1503(1)

Голем белег во историјата на ФК Вардар се случи денеска. Запаметете го овој датум, 21.11.15 г. Господинот Сергеј Самсоненко направи тренинг комплекс на ФК Вардар, кој ќе биде можеби цела вечност во употреба. Господинот Самсоненко, замолкна многумина усти, докажа, и покажа на дело, дека во Вардар не е дојден поради некој свои лични причини, туку е дојден да инвестира, и ... Read More »

(ФОТО) Денес Ф.К Вардар доби современ тренинг центар

naslov

Денес беше  свечено пуштено во употреба новиот тренинг центар на ФК Вардар. На истото  присуствуваа сите одговорни лица во клупското раководство, играчите од првиот тим, како и дечињата кои се дел од вардаровите  младински екипи. Со изградбата на овој капитален објект во вредност од 4 милиони евра, реализиран според моделот на јавно-приватно партнерство, фудбалерите од првиот тим на Вардар добија современ тренинг ... Read More »

Најава: Турново – Вардар

vardarfans-fkvardar

Утре со почеток во 13 часот, нашиот црвено – црн тим гостува во Турново, кај тимот на Хоризонт. Овој натпревар е во рамките на 15-сетото коло во ПМФЛ. Вардарци имаат добар меѓусебен дуел против овој тим на последните пет кола. Турновци оваа сезона се наоѓаат на 8 место, со биланс од 2 победи, 7 нерешени, и 5 загубени меча. Најдобар стрелец ... Read More »