Во женската прва кошаркарска сениорска лига по шест кола два тима имаат максимален ефект, во следното коло истите ќе одиграат дерби. ЖКК Вардар има 12.бода колку и тимот на Баскет Кам, овие два колектива во 7.коло ќе се сретнат во дербито на женската кошаркарска лига. Вардарки гостуваат во Македонска Каменица, натпреварот е закажан за сабота (10/12/2022) со почеток во 17-00 ... Read More »
Кошарка
Преглед 6.коло! Само ЖКК Вардар и Баскет Кам максимални
Екипата на Вардар го доби големото дерби на 6. коло, на свој терен во „Кале“, девојките во „црвено-црна“ комбинација славеа победа над актуелниот бранител на шампионската титула – Бадел 1862 со сигурни (69:55). Тоа е и шеста по ред победа за Вардар во новата сезона која ги држи на водечката позиција на табелата. Многу потешка работа имаше Баскет Кам 2011. ... Read More »
Вардар подобар од Баскет Кам, лидери со Соколи 1933 по 8.кола
Најважната победа во осмиот круг им припадна на кошаркарите од Штип. Соколи 1933 славеа во СЦ „Билјанини извори“ против ГКК Охрид со (91:85) и го задржаа одличниот ефект. По осум одиграни натпревари имаат седум победи и само еден пораз, Ист учинок и за скопски Вардар. Во овој круг од натпреваруавњето „вардарци“ без проблеми го совладаа Баскет Кам (79:65), па остануваат ... Read More »
ЖКК Вардар дојде до 6/6, совладан во дербито Бадел
ЖКК Вардар во 6.коло дојде до 6.победа во групата-А, црвено-црните девојки победија во дербито со подмладениот оваа сезона Бадел 1982. На дуелот кој се одигра вчера во „Кале“ црвено-црните дами остварија триумф со резултат 69-55. Поведовме на почетокот со седум плус, дојдовме до високи 10-0 по 3-ката на Муса по што гостинот го зема првиот тајм-аут во 3,минута од мечот. ... Read More »
КК Вардар атакува на 7.победа во низа, домаќин на Баскет Кам
Кошаркарите на КК Вардар се во одлична низа од 6.победи, по првиот пораз дома момците на Јованчев Александар се во одлична низа која донесе прво место на табелата. Викендов во кошаркарската сениорска 2.лига на програмата е 8.коло, во истото црвено-црните се домаќини на Баскет Кам. Дуелот е закажан за задутре, сабота (03/12/2022), натпреварот во малата сала при СЦ „Кале“ е ... Read More »
Преглед 7.коло! КК Вардар и Соколи 1933 се одлепија на врвот
По одигрувањето на седмото коло, трката за првото место во оваа конкуренција остана без еден кандидат, макар и привремено. ГКК Охрид не успеа да се справи со младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка, и во Скопје запиша пораз од (75:86), кој ги тргна „сино-белите“ од водечката позиција. Таму остануваат две екипи, Соколи 1933 и нашиот КК Вардар. Штипјани излегоа ... Read More »
ЖКК Вардар домаќин во дербито на Бадел
По паузата поради настапите на женската сениорска репрезентација продолжуваат дуелите од првата женска кошаркарска лига во групата-А. Вардарки кој се на врвот на табелата по пет кола со максимални 10.бода го пречекуваат тимот на Бадел 1862 на домашен терен во дербито. Ривалот нема најсјаен старт, подмладениот тим на баделки по пет кола има три победи и е на позицијата број ... Read More »
КК Вардар победнички и во Струга за задржување на лидерската позиција
КК Вардар во 7.коло од втората лига беше гостин во Струга, ние гостувавме кај екипата на КК Црн Дрим. Црвено-црните момци немаа проблем против “фенерџијата„ и дојдоа до убедлива победа. На натпреварот кој се играше во салата “Сп.Центар Тими”- Струга победивме со 29.повеќе, ние овој дуел го добивме со резултат 55-84. По ова коло остануваме лидери, единствено само екипата на Соколи ... Read More »
Лидерот, КК Вардар гостува во Струга
По шест одиграни кола црвено-црните се лидери на второлигашката кошаркарска табела, овој викенд ги очекува гостување во Струга. КК Вардар во рамки на 7.коло ќе гостува кај екипата на КК Црн Дрим, натпреварот се игра на 27/11/2022 (недела). Натпреварот кој ќе се игра во салата “Сп.Центар Тими” Струга е закажан со почеток во 15-00 часот. Read More »
Преглед 6.коло! КК Вардар е лидер на табелата
Шестото коло од Втората лига, не донесе некои сериозни промени, особено не на оние водечки позиции на табелата. Фаворитските екипи запишаа уште една победа. Тоа се однесува за ГКК Охрид, кој во доста возбудлив натпревар, успеа да го скрши отпорот на младиот состав на Работнички 2018 (83:76). До скор од пет победи и еден пораз стигнаа и кошаркарите на Вардар, ... Read More »