М18 мажи challenger, 03.08-08.08, Скопје, Македонија. Јуниорската машка репрезентација ова лето ќе земе учество на FIBA challenger кој ќе се одржи во периодот од 03.08-08.08 во Скопје. За да се комплетира изгледот на составот, ќе бидат одржани низа селективни тренинзи на 21. односно 22. јуни. Деталниот распоред ќе биде дополнително објавен. СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ Андреј Митревски – КК ТФТ ... Read More »
Кошарка
КК Вардар М15 на „мегдан “ со Навико Академија ФМП во баражот
Последна од лигите со рестарт во младинската конкуренција, е онаа во М15. Согласно со промените во системот за натпреварување, натпреварите опфаќаат две елиминациски кола со вкупно 13. екипи-учесници. Во првата елиминациска фаза, овој викенд, десет пријавени екипи се бореа за место во четвртфиналето каде директен пласман обезбедија три екипи: Дино Баскет, Куманово 2009 и Вардар. Во вториот круг од натпреварите ... Read More »
ЖКК Вардар М16, денес игра на финалниот Ф-4 турнир во битка за пехар
По возбудувањата во машка конкуренција кои беа овој викенд, денес, на 15. јуни (вторник) продолжуваат и оние во женскиот малдински сегмент. На програмата е финалниот турнир во М16 лигата во женска конкуренција. А во полуфиналето стигнаа четирите најдобри екипи. За титулата државен првак во кадетска конкуренција ќе се борат Крива Паланка и Вардар (натпреварот почнува во 15:00 часот), односно Трокал ... Read More »
„Бронза“ за КК Вардар М16, совладан МЗТ Скопје
КК Вардар повторно „жнее“ награди во младинските категории, вчера се одигра финалниот ден на завршниот турнир во Скопје за момци до 16.години. Во „малото“ финале црвено-црните се сретнаа со екипата на МЗТ Скопје и дојде до победа со 18.поена повеќе, сосема заслужено бидејќи доминиравме во текот на целот дуел со „штркчињата“. Победата дојде со резултат 109-91. Ден претходно, екипата на ... Read More »
КК Вардар М16 совладан во 1/2-финалето од Работнички
Екипата на Работнички ќе игра во финалето на М16 лигата во машка конкуренција откако во првиот полуфинален меч на завршниот турнир во Скопје, извојува победа против Вардар со сигурни (97:85). „Црвено-белите“ имаа постојано водство, во целиот тек на ова полуфинале се покажаа како подобар ривал од „домаќинот“ (натпреварот се играше во салата на КК Вардар, екипа која во финишот успеа ... Read More »
КК Вардар М15 во борба за пехар, рестарт и на оваа конкуренција
Последна од лигите кои ќе бидат дел од рестартот во младинската конкуренција, ќе биде онаа во М15.Натпреварите, кои продолжуваат од 13.јуни, ќе опфатат две елиминациски кола со вкупно 13 екипи-учесници. По двата филтри ќе бидат познати и четирите екипи-финалисти кои ќе се борат за титулата државен првак. Во првата елиминациска фаза десет од овие 13.пријавени екипи ќе се борат за ... Read More »
Две млади екипи на КК Вардар со нови победи
Кај младите кошаркарски екипи од изминатата недела ре-стартирани се со нов формат првенствата. Вчера, сабота 5.мај, три екипи на кошаркарскиот клуб Вардар, две машки и една женска одиграа свои напревари. Кај момците дојдовме до успех и победа над ривалите со добра игра и тимско залагање, кај дамите бевме поразени. Ова се постигнатите резултати: Read More »
КК Вардар ќе организира летен камп во Неа Пори
Кошаркарскиот клуб Вардар оваа лето, ќе организира два летни кампа. Веќе ве известивме за летниот камп кој ќе се одржува во Скопје на терените крај хотелот „Александар Палас“ за овој камп детали може да најдете ОВДЕ. Покрај тоа ќе се одржи летен камп во Неа Пори- Грција од 24-30 јуни. За повеќе информации на банерот подолу. Read More »
Кошарка: Продолжуваат младинските М16 и М18 лиги со сменет систем
Екипите кои се дел од младинските лиги во М16 и М18 конкуренцијата ги продолжија натпреварувањата, по малку променет систем, на елиминации. А по одигрувањето на првите две елиминациски фази, познати се по шест екипи (во двете конкуренции), кои следниот викенд ќе се борат за пласман на „Фајнал-фор“ турнирите. По одигрувањето на првите две кола, пласман во ТОП 6 во М18 ... Read More »
КК Вардар М16 убедлив со КК Партизан Водно Санс, М18 поразен минимално
По смирување на пандемијата повторно започнаа во скратен формат одигрувањата на дуелите во младинските кошаркарски лиги. Вчера две екипи на КК Вардар имаа свој настапи, тимовите М16 и М18. Помладите момци, екипата на КК Вардар М16 се сретна со тимот на КК Партизан Водно Санс и дојде до убедлива победа. Црвено-црните надежи кои доминираа во сите четири периоди триумфираа со ... Read More »