Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 946)

РК Вардар

Нема одмор за црвено-црните, следно на “менито“ е екипата на Тинекс Пролет

vardarfans rk

Вардарци продолжуваат со вистински маратон на одигрување натпревари и силно темпо кое ќе продолжи и во наредниве денови. После двата одиграни дуели против екипите на Борец и Охрид и пласманот во завршницата на купот на Македонија, избраниците на Гонзалес вчера го одиграа вториот натпревар во Супер-лигата. Противник беше екипата на Зомимак, каде забележавме висока победа со резултат 38:27. Нема многу ... Read More »

Вардар лесно до победа во Струмица

Vardarfans top 10

Во заостанатиот меч од 2-то коло во Супер Лигата во Струмица екипата на Зомимак го пречека нашиот Вардар. Помалку чудно, овој натпревар не се одигра во големата сала на Зомимак во Струмица, туку се одигра во училишна сала со капацитет од 500 места. Уште на самиот старт Вардар покажа и им даде јасна порака на играчите на Зомимак и на ... Read More »

Градот Скопје номиниран за наградата “Handball person 2014“

vardarfans skopje

Дванаесет-членото жири составено од еминентни ракометни тренери, ракометари, ракометарки, легенди на спортот, новинари и директори на клубови меѓу кои се Драган Аџиќ, Домагој Дувњак, Андреа Лекиќ номинираа 15 ракометари и ракометарки, тренери, функционери, ракометни случувања и проекти за наградата “Handball person 2014“ во традиционалниот избор на специјализираниот ракометен портал “Хандбал планет“. Меѓу номинираните се најдоа и проектот Сеха Гаспром лигата, ... Read More »

Кадетите и помладите кадети на РК Вардар ќе учествуваат на турнир во БиХ

vardarfans 77

Две генерации на млади ракометари од нашиот машки ракометен клуб Вардар ќе земат учество на турнирот Завидовиќи – Жепче 2015 кој ќе се одигра во Босна и Херцеговина. Нашите црвено- црни момчиња ќе настапат во две младински категории. Кадетите 1998/99 и помладите кадети родени 2000 година и помлади . Полувремињата на овој турнир за помладата генерација ќе бидат 2х15 минути ... Read More »

Да гласаме за Алекс Дујшебаев

vardarfans dusebaev

Третиот стрелец на Рк Вардар и најдобриот млад десен бек за минатата сезона, Шпанецот Алекс Дујшебаев се најде во идеалниот состав на чеврт-финалето на Лигата на Шампионите. Алекс беше наш најефикасен играч на мечот со Киелце кој и беше последен за оваа сезона во ЛШ. Вкупно постигна девет гола и заслужено го доби признанието за најдобар десен бек за оваа ... Read More »

Маратонот продолжува, утре со Зомимак

vardarfans komiti

Маратонската недела за ракометарите на Вардар продолжува утре. По денешните две средби од купот на Македонија, утре вардарци ги очекува дуел од 2-то коло во Супер Лигата против Зомимак во Струмица. Натпреварот ќе се одигра во мала училишна сала во Струмица со почеток во 18 часот. Потоа ни следуваат уште два натправари од Супер Лигата, против Тинекс Пролет во населбата ... Read More »

Среќен роденден Филип Лазаров

vardarfans filip

Денеска нашиот капитен, Филип Лазаров го прославува својот 30-ти роденден. Редакцијата на Вардар Фанс му посакува среќен роденден, многу здравје, среќа и успех на професионален план. Очекуваме до крајот на сезоната да ги подигне трофеите од националното првенство и купот на Македонија. Read More »

(ФОТО)КОМИТИ НА КУП МЕЧОТ НА ВАРДАР

ФОТО ПОДДРШКА НА КОМИТИ НА МЕЧОТ СО РК ОХРИД

Денес нашиот црвено-црн ракометен колектив беше организатор на куп група во Спорткиот Центар Јане Сандански, со две победи се пласираше на завршниот Ф-4 турнир од купот на Македонија. Вардар издвои две победи постигна вкупно 86 гола на двата натпревари. Во првиот го победи  РК Борец со 45:23 , а во вториот  РК Охрид 41:22. Следен предизвик е  утре во  Струмица, каде ќе ... Read More »

Вардар без поголеми проблеми се пласираше во завршницата на купот

vardarfans plasman

Црвено-црните ќе го бранат трофејот од купот освоен минатата сезона, откако во финалето беше совладана екипата на Металург. За само неколку часа одигра два меча во рамките на својата чеврт-финална група од купот. Во првиот меч одигран наутро против Борец забележаа висока победа. Истото сценарио беше актуелно и на дуелот со Охрид, каде е остварен висок триумф, од скоро дваесет ... Read More »

Билетите за сабота по цена од 100 денари, Јане ќе ”гори”

811

Денес пристигна официјално соопштение од Рк Вардар. Билетите за натпреварот против Металург во рамките на 4-то коло на Супер Лигата ќе чинат 100 денари за трибина, односно 300 денари за Вип. Ова е одличен потег на управата на Вардар, со пристојна цена да се наполни салата, и уште во сабота да славиме нова титула, со една одлична игра, и висока ... Read More »