Стефан Петриќ е нов член на Вардар Талентираниот српски лев бек Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961. Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година. ... Read More »
Прв Тим
(ФОТО) РК Вардар се поздрави со Моралес и Талески
Куни Моралес и Филип Талески го одиграа последниот натпревар во црвено-црниот дрес. Клубот им подари врамени дресови со нивнит имиња. Моралес се сели во екипата на Загреб, додека Талески ќе настапува за екипата на Бенфика. Read More »
(СТРИМ) РК Вардар – РК Алкалоид
Денес со почеток од 19:00 часот во СЦ.Јане Сандански, ракометарите на Вардар се домаќини на екипата на Алкалоид, во рамките на последното првенствено коло за оваа натпреварувачка сезона. СТРИМ од натпреварот ќе можете да погледнете на линкот, ТУКА. Read More »
Филип Талески утре го игра последниот натпревар за Вардар
Филип Талески ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Вардар, во утрешното соочување со екипата на Алкалоид. Вардаровите навивачи му приготвуваат достојно заминување на Талески од Вардар, кој наредната сезона најверојано ќе настапува во првенството на Португалија, во екипата на Бенфика. Талески во 2020 година пристигна во Вардар од екипата на Балинген и беше еден од најдобрите стрелци на ... Read More »
Вардар во последното коло домаќин на Алкалоид, дуел за 2.позиција на табелата
-Викендов се игра последно коло од плеј-офот кај мажите во ракометната лига. РК Вардар 1961 пред оваа последна рунда на своето конто има 34.бода и го пречекува Алкалоид кој има бод помалце, па оваа средба ќе го даде вице-шамионот на Македонија. На црвено-црните за задржување не позиција број два им одговара и реми. Натпреварот се игра задутре, сабота 27.мај во ... Read More »
Само бод во Кавадарци, РК Вардар не ја одбрани титулата во Супер Лигата
РК Вардар не успеа да ја одбрани титулата во Супер Лигата, откако вечерва одигра со нерешен резултат на гостувањето кај екипата на Тиквеш. Конечниот резултат гласеше 32:32, додека на полувреме домашниот тим имаше предност од 18:15. Во најголем дел од првото полувреме екипата на Тиквеш имаше предност, која во еден момент гласеше и пет гола разлика, но до истекот на ... Read More »
(СТРИМ) ГРК Тиквеш – РК Вардар
Вечерва со почеток од 20:00 часот во во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, ракометарите на Вардар гостуваат кај екипата на Тиквеш, во рамките на претпоследното коло во Супер Лигата. Стрим од натпреварот можете да погледнете на линкот, ТУКА. Read More »
Претпоследно коло во ракометната Супер лига, во сабота Вардар гостува на Тиквеш
Претстојниов викенд на програмата е претпоследното 13.коло во Плеј-Офот на ракометната Супер Лига. Во сабота, црвено-црните патуваат за Кавадарци, каде ги очекува натпревар против екипата на ГРК Тиквеш 2014. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Јасмин“ со почеток од 20:00 часот. Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Цано Куртовиќ. Вардар ... Read More »
РК Вардар со соопштение: Вардар секогаш поставува нови граници што се мотив за нашите ривали
РК Вардар го одбрани трофејот во Купот, откако во големото финале го победи тимот на Еурофарм Пелистер (26:25) и на тој начин стигна до 16.трофеј во ова натпреварување. Екипата на Пелистер испрати жалба до РФМ, за судењете во големото финале, изразувајќи незадоволство од тоа како се одвивале работите на теренот во однос на судиските одлуки. РК Вардар денес преку соопштение ... Read More »
Недановски: Желбата да го освоиме трофејот беше клучна во големото финале на Купот
РК Вардар го одбрани трофејот во Купот, вкупно 16-ти за црвено-црните во својата историја. Во големото финале кое се играше во Охрид, вардарци беа подобри од вечниот ривал, екипата на Еурофарм Пелистер која ја совладаа со резултат 26:25. По одигрување на финалето, впечатоците од победата ги сумираше Владо Недановски, кој истакна дека одлучувачки за триумфот било поголемата желба на неговиот ... Read More »