РК Вардар го освои и својот 16.трофеј во Купот на Република Македонија, и само ја зголеми колекцијата на освоени трофеи во својата витрина. Изминативе денови се одигра завршниот ракометен турнир во Купот, во кој славеше Вардар откако во големото финале со резултат 26:25 го победи тимот на Еурофарм Пелистер. Заслужен трофеј за црвено-црните кои во текот на целиот натпревар беа ... Read More »
Прв Тим
Вардар ги собра наградите, Борко најдобар голман, Манасков прв стрелец, Дутра МВП
Во Охрид, по победата на црвено-црните во финалето од Купот на Македонија, Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите на Ф4-турнирот. Сите трите награди заминаа во рацете на вардарци. Борко Ристовски беше прогласен за најдобар голман, Дејан Манасков е најдобар стрелец, додека Бразилецот Леонардо Дутра е прогласен за МВП на завршницата. Read More »
ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ, ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ БЕВМЕ ПОДОБРИ ОД Еурофарм Пелистер
Ракометарите на Вардар го одбранија трофејот во Купот, откако успеаа вечерва да слават во големото финале против екипата на Еурофарм Пелистер. Во С.Р.Ц. Билјани Извори, Вардар го доби финалето со резултат 26:25. Вардар во првото полувреме го контролираше резултатот, за на полувреме да замине со предност од 16:12. Во текот на сите 30 минути бевме во предност, а на четири ... Read More »
Директен пренос на МТВ-3 од машкото и женско ракометно финале во Купот, Вардар и во двата дела има своја екипа
Денес на програмата се финалните натпревари во ракометниот Куп на Р.Македонија, во машка и женска конкуренција. Вардар ќе има свој претставник и во двата дела, каде ќе се обидеме да стигнеме до трофејот во ова натпреварување. Најпрво со почеток од 15:00 часот ќе се одигра женското финале, во кое ќе се сретнат екипите на Вардар и Куманово, додека од 18:00 ... Read More »
Недановски: Клучно за победата беше добрата подготовка и желбата да го освоиме овој трофеј
Вардар ќе игра во големото финале на Купот, откако во полуфиналето беше подобар од тимот на Алкалоид (22:31). Тренерот Недановски е задоволен од триумфот и пласманот во финалето, каде ќе играме со екипата на Еурофарм Пелистер. „Без разлика што загубивме во плеј-офот, ова е полуфинале и секако дека има мотив во овие натпревари. Вардар е бранител на трофејот од Купот ... Read More »
Вардар го победи Алкалоид и се пласираше во финалето на Купот
Ракометарите на Вардар ќе играат во големото финале на Купот, откако вечерва во рамките на 1/2 финалето беа подобри од екипата на Алкалоид со резултат 22:31. Во седмата минута од натпреварот, Вардар имаше водство од 1:3, за екипата на Алкалоид да го израмни резултатот на 3:3. Следеше наша мини серија од два гола за повторно да го вратиме водството од ... Read More »
(СТРИМ) РК Вардар – РК Алкалоид
Денес се играат полуфиналните натпревари во ракометниот Куп на Македонија. Вечерва со почеток од 20:00 часот, Вардар ќе игра со екипата на Алкалоид. Директен пренос од натпреварот ќе можете да погледнете на МТВ-3, а стрим од натпреварот е достапен на линкот, ТУКА. Read More »
МТВ-3 со директен пренос од завршниот ракометен турнир во Купот, Вардар вечерва игра со Алкалоид
Вечерва со почеток од 20:00 часот во С.Р.Ц.Билјани Извори во Охрид, ќе се одигра натпреварот од полуфиналето во Купот, меѓу екипите на РК Вардар и РК Алкалоид. Директен пренос од натпреварот ќе можете да проследите на МТВ-3. Во другото полуфинале кое се игра од 17:30 часот, ќе играат екипите на Е.Пелистер и Пролет. Read More »
РК Вардар против Алкалоид во вечерен термин
Познат е терминот на одигрување на полуфиналниот натпревар на РК Вардар во Купот на Р.Македонија. Натпреварот против Алкалоид ќе се одигра на 11.мај со почеток од 20:00 часот во Охрид. Во другото полуфинале ќе играат екипите на Еурофарм Пелистер и Пролет. Read More »
Вардар со „празни раце“ од Битола, Еурофарм Пелистер е блиску до титулата
Вардар загуби на гостувањето во Битола од екипата на Еурофарм Пелистер и најверојатно нема да ја одбрани титулата во Супер лигата. Црвено-црните се поразени со резултат 26:23. До 10.минута од натпреварот се играше гол за гол, последното израмнување беше при резултат 5:5, за екипата на Еурофарм Пелистер да постигне четири голови во серија и да поведе со 9:5 во 13 ... Read More »