Денес во Охрид, ЖРК Вардар беше поразен од тимот на Куманово во финалето од Купот на Република Македонија со еден погодок. По крајот на финалето беа избрани најдобрите поединци. Вардаровиот голман, Илиќ Андреја го доби признанието за најдобар чувар на мрежата. Read More »
Прв тим
Трајкоска: Ако ја повториме играте од вчера, пехарот ќе биде наш
Вчера, ЖРК Вардар во полуфиналето од Купот на Република Македонија го совлада фаворитот тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. Со што обезбдивме финале против кумановчани. Една од девојките која даде голем придонес, голманот Јована Трајкоска која имаше 5.одбрани во периодот кога се “кршеше” дуелот за оваа средба вели: Се спремавме доста време за Купот и можам да кажам дека очекувано победивме. Бевме сите ... Read More »
(Стрим) Финале Куп: Вардар-ЖРК Куманово
Денес во Охрид тимот на ЖРК Вардар ќе игра во финалето од Купот на Република Македонија. Ривал ни е екипата на ЖРК Куманово. Дуелот кој се игра во 15-00 часот ќе може да се гледа низ видео стрим Read More »
Директен пренос на МТВ-3 од машкото и женско ракометно финале во Купот, Вардар и во двата дела има своја екипа
Денес на програмата се финалните натпревари во ракометниот Куп на Р.Македонија, во машка и женска конкуренција. Вардар ќе има свој претставник и во двата дела, каде ќе се обидеме да стигнеме до трофејот во ова натпреварување. Најпрво со почеток од 15:00 часот ќе се одигра женското финале, во кое ќе се сретнат екипите на Вардар и Куманово, додека од 18:00 ... Read More »
Царчев: Заслуживме да играме финале, каде ќе атакуваме на трофејот
Вардарки успеаа да се пласираат во големото финале на Купот, каде утре ќе играат за трофејот против екипата на Куманово. Денес во С.Р.Ц. „Билјани Извори“ нашите девојки успеаа да го победат тимот на Ѓорче Петров со резултат 30:27 и да изборат финале во ова натпреварување. После натпреварот, шефот на стручниот штаб, Александар Царчев го искоментира полуфиналето и истовремено го најави ... Read More »
Финалеееее… ЖРК ВАРДАР ГО СОВЛАДА ЃОРЧЕ ВО 1/2-ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ
Финале… ЖРК Вардар во Куп полуфиналето ја совлада екипата на Ѓорче Петров со резултат 30-27. Полуфиналето започна со борбена игра на двете страни, одлични акции и изедначен резултат. Беше 6-6 на семафорот во воведниот дел, потоа влеговме во серија, во 20.минута имавме пет гола повеќе од ривалот при резултат 12-7. Ѓорче Петров успеа да ублажи дел од негативата и на ... Read More »
ЖРК Вардар – ЖРК Ѓорче Петров со директен пренос на МТВ-3
Со почеток од 20:00 часот во С.Р.Ц „Билјани Извори“ во Охрид, во рамките на полуфиналето на ракометниот Куп во женска конкуренција ќе играат екипите на Вардар и Ѓорче Петров. Директен пренос од натпреварот ќе можете да погледнете на МТВ-3. Read More »
Убедлива победа за вардарки на гостувањето кај Стружанка, Андреа Илиќ блескаше на голот
Екипата на ЖРК Вардар со висока победа се враќа од гостувањето кај екипата на Стружанка, откако славеа со резултат 24:34. Во првите пет минути од натпреварот се играше гол за гол на двете страни, а во продолжение од натпреварот двете екипи се менуваа во предност. Домашниот тим поведе со 5:4, за вардарки да направат серија од 0:3 и да поведат ... Read More »
(Стрим) Стружанка-ЖРК Вардар 17-00 часот
Денес во предпоследното, 7.коло од плеј-офот тимот на ЖРК Вардар гостуваат кај Стружанка. Дуелот се игра во 17-00 часот. Стрим од мечот можете да погледнете на следниот линк Read More »
Маја стана мама, честито приновата Папуџиева
Вчера во црвено-црното семејство беше голем ден, Марија Папуџиева, една од ретките со црвено-црна крв, харизматична и посебна личност стана мајка. Редакцијата на Вардар Фанс и ја честита приновата на Папуџиева и им посакува здравје на младата дама и на новата мајка. На популарната „Маја“ матичен клуб е Вардар, со кој во раните 90ти имаше Куп трофеј, единствен тим кој ги помати ... Read More »