Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим (page 34)

Втор тим

Продолжува серијата на победи за женската младинска репрезентација

vardar fans mladinki

Девојките на селекторот Симе Симовски продолжуваат да не воодушевуваат со добри игри и резултати пред Европското првенство во Шпанија. После трите победи на квалификацискиот турнир кој се играше во С.Р.Ц. Кале и победите против Исланд, Холандија и Црна Гора, со кој обезбедија пласман на едно големо натпреварување, серијата на победи продолжи и на подготовките. Беа забележани два триумфи против Бугарија ... Read More »

Младинките денес и утре ќе одиграат два контролни натпревари, со репрезентацијата на Србија

vardarfans mladinki

Младинската женска ракометна репрезентација до 19 години продолжува со подготовките за Европското првенство кое од 23 јули-2 август ќе се одигра во Шпанија. Откако одигравме два контролни натпревари со селецијата на Бугарија во Габрово и на двете забележавме победи, нашата селекција ќе ги има последните тест дуели за проверка на формата и подготвеноста на екипата. Селекцијата на Србија во наредните ... Read More »

Младинките продолжуваат со подготовките, пред Европското првенство во Шпанија

vardarfans zrk

Нема одмор за младинската женска ракометна репрезентација до 19 години која напорно се подготвува за престојното Европско првенство, кое ќе се игра во Шпанија (Валенсија) . Оваа селекција има секој ден по два тренинга каде се работи на воигрување и тактичкиот дел. Се испробуваат различни варијанти на игра во нападот и одбраната. Се работи и на физичката подготовка, каде девојките ... Read More »

Одлична сезона за втората екипа на Жрк Вардар, која го освои третото место во супер-лигата и станаа шампиони во младинската лига

vardarfans vtor tim

Вториот тим на Жрк Вардар предводен од Симе Симовски изминатава сезона се натпреваруваше во две конкуренции. Посебен акцент беше ставен на натпреварите во супер-лигата , каде на крајот овие девојки го освоија третото место. Сезоната беша напорна и беше тешко да се игра на два фронта. Ако се земе во обзир и настапот во ЕХФ купот каде бевме елиминирани од ... Read More »

Наташа Нолевска: Сигурна сум дека ќе ја подигаме формата како времето поминува, за да во Шпанија го дадеме најдоброто од нас

vardarfans nolevska

Нема одмор за младинската ракометна репрезентација до 19 години, која напорно се подготвува за предизвикот кој им следува во периодот од 23 јули-2 август. Тоа е европското првенство за младинки кое ќе се игра во Шпанија, во градот Валенсија. Викендов нашите надежи одиграа два подготвителни мечеви во Габрово, со младинската селекција на Бугарија. На двата натпревари нашите девојки забележаа минимални ... Read More »

Ангела Петровска: Со нетрпение го чекаме моментот кога ќе тргнеме за Шпанија

vardarfans angela

Младинската ракометна репрезентација до 19 години напорно се подготвува за предизвикот што им престои, а тоа е Европското првенство во Шпанија. Избраничките на селекторот Симе Симовски веќе речиси две недели активно тренираат, со цел поспремни да го дочекаат ова натпреварување. -Моментално подготовките за престојното Европско првенство течат одлично. Помеѓу нас се сплоти извонредна хемија, така што со нетрпение го чекаме ... Read More »

Вардарки доминираат на списокот на селекторот Симовски, за подготовките за ЕП во Шпанија

DAD_7249

Откако успешно го поминаа квалификацискиот турнир, кој се играше во С.Р.Ц. Кале и го освоија првото место, младинската ракометна репрезентација од денес започнува со подготовки. Првиот собир е закажан попладне со почеток од 17:30 часот, во малата сала во Јане Сандански. Подготовките се за престојното Европско првенство, кое ќе се игра во Шпанија во периодот од 23 јули до 2 ... Read More »

Нина Ладева: Освоеното трето место во Супер-лигата е одличен успех и добра основа за понатамошно надградување на екипата

Заврши уште една ракометна сезона во младинска конкуренција и супер лигата. Вториот тим на Жрк Вардар предводен од тренерот Симе Симовски се натпреваруваше во двете конкуренции. Нивниот голман, Нина Ладева ги собира впечатоците од изминатата сезона, која за нив беше доста успешна. -Според мене изминатата сезона за Жрк Вардар беше многу успешна. Супериорно го освоивме младинското првенство, со максимален учинок ... Read More »

Веб сајтовите на ЖРК и РК Вардар во изборот за ’’најдобар балкански ракометен сајт“

Веб сајтовите на двете ракометни секции на црвено-црните се кандидати за најдобар ракометен веб сајт во изборот организиран од “Балкан Хенбал“ специјализиран и најдобар ракометен сајт на балканов. Истиот избор се одржува по пети пат. Професионалниот пристап на клубот кој сите аспекти не изостана и за официјалните веб изданија истите годинава беа заменети со нова посовремена верзија , редовно ажурирани ... Read More »

Итана Грбиќ уште три години црвено-црна

Жрк Вардар по обезбедување на двете титули почна со засилувања и продолжување на договорите со девојките . Така претходно црвено-црните го промовираа ново име за  својот нов пикер Човиќ која дојде од Подравка . Денес младата Црнагорска инернационалка Грбиќ доби нов договор. Младата Итана Грубиќ која настапува на лево крило доби нов тригодишен договор со Вардар. И ако првично кога ... Read More »