Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 972)

Author Archives: Звонко Ивановски

Нова рутинска победа за Вардаровата генер. “2004“ во детската лига, со што останува со максимален број на освоени бодови во детската лига

vardarfans-135

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра ново коло во детската фудбалска лига. Свој натпревар одигра и Вардаровата генерација родени “2004“ година и тоа само со едната екипа. Вардар(2) за противник ја имаше екипата на Њујорк и ја доби со убедлив резултат од 25:0. Самиот резултат говори за одразот на силите на овој меч. Противникот не успеа ... Read More »

Вардар Јуниор и ГРК Борец ги поделија бодовите, голманот Ѓорѓески јунак за младиот состав на Вардар

vardarfans-remi-na-junior

Вардар Јуниор и ГРК Борец ги поделија бодовите на натпревар во рамките на супер лигата. Овој меч се одигра во спортско рекреативниот центар Кале и заврши со нерешен резултат 31:31. Првите пет минути од мечот поминаа израмнето, со гол за гол на двете страни , до моментот кога Вардарци полека но сигурно започнаа да се одлепуваат од противникот. Избраниците на ... Read More »

Гостување за РК Вардар 2 во Штип, против екипата на Текстилец

6

Денес со почеток од 12 часот во Штип, екипата на РК Вардар ќе го одигра третото коло во рамките на првата ракометна лига. Противник ќе ни биде екипата на Текстилец. По првите две одиграни кола избраниците на Зоран Петковски имаат исто толку победи и се наоѓаат на првото место на табелата. Оваа млада екипа покажува добра игра и резултати на ... Read More »

Кастратовиќ: Ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар – Алтхаус: Ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат

vardarfans-pres

Екипата на ЖРК Вардар одигра со нерешен резултат (27:27) на првиот натпревар во лигата на шампиони во новата сезона. Иако на стартот на второто полувреме имавме четири голови предност и изгледаше дека полека го кршиме отпорот на противникот, се случи она обратното, во еден момент ФТЦ Будимпешта имаше и водство од еден гол разлика. На крајот со поделба на бодовите ... Read More »

(ФОТО) Започнува европскиот поход на Вардарки

gc5

Се загрева атмосферата во пресрет на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и ФТЦ Будимпешта. Двата тима се веќе на теренот каде се подготвуваат за првиот меч во лигата на шампионите. Денес нема да можеме да сметаме на Лекиќ и Кликовац, но тука се новите засилувања, Лакрабер, Херем, Мавсар и Песоа кои ќе го имаат дебито за Вардар во ЛШ. Црвено-црните ... Read More »

Радичевиќ за Вардар Фанс: Верувам во мојот тим, имаме квалитетни играчи на сите позиции и верувам дека дојде време Вардар да го покажеме вистинското лице

vardrafans-radicevik-pred-mecot-so-ftc-budimpesta

Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански со почеток од 20:30 часот стартува новата сезона во лигата на шампиони за екипата на ЖРК Вардар. Противник за нашиот ракометен шампион ќе биде екипата на ФТЦ Будимпешта од Унгарија. Ова е четврта сезона за Вардарки во ЛШ и нова среќа да се стигне до европската титула. Претходниве три години црвено-црните го освојуваа бронзениот ... Read More »

Вардар го победи Работнички кај генер. “2003“ на првиот натпревар од 1/8 на купот

vardarfans-204

Денес на теренот на алумина се одигра првиот осминафинален натпревар од купот на Македонија, помеѓу екипите на Вардар и Работнички, кај генерација родени “2003“ година. Истиот му припадна на Вардар, кој славеше со резултат 1:2 Се играа две полувремиња по 40 минути. Избраницте на Томче Трајановски одиграа одличен меч и на крајот сосема заслужено победија и со предност ќе го ... Read More »

Започнуваат возбудувања во женската лига на шампиони, Вардарки тргнуваат пред својата публика против ФТЦ Будимпешта

vardarfans-start-na-ls

Со натпреварот против ФТЦ Будимпешта кој се игра вечерва во спортскиот центар Јане Сандански започнуваат новите возбудувања во најголемото ракометно натпреварување за екипата на ЖРК Вардар. Четврта среќа за девојките на Индира Кастратовиќ да стигнат до големото финале од лигата на шампиони. Во претходните три сезони стигнувавме до завршниот турнир на четирите најдобри екипи, но тука секогаш постоеше пречка за ... Read More »

Градот Охрид ќе биде домаќин на четвртиот турнир во фудбалската “Јуниор лига“

vardarfans-11

Градот Охрид ќе биде домаќин на четвртиот турнир во фудбалската “Јуниор“ лига, кој ќе се одигра во недела во СЦ „Билјанини Извори“. Ќе настапат четири генерации, во кои ќе се одигра по еден натпревар. Фудбалскиот клуб Вардар ќе учествува со генерација родени “2004“ година. Ви го презентираме распоредот на одигрување на натпреварите. Генерација 2004 година:  11:30 часот: ФК Прилеп – ... Read More »

Распоред на натпревари за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар

vardarfans-6

Викендов кој доаѓа продолжуваат првенствените натпревари за младинските категории на ракометниот клуб Вардар. Пионерите на РК Вардар предводени од Андријана Будимир ќе атакуваат на треттата последователна победа во лигата. Противник ќе ни биде екипата на РК Аеродром. Овој меч ќе се одигра во недела со почеток од 11 часот во спортскиот рекреативен центар Кале. Новата сезона започнува и за младинците ... Read More »