Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 9)

Петлиња

Победнички старт на „Пирин Куп“ за генерацијата 2008, избраниците на Колев подобри од Септември Софија

IMG_20230215_132846

Генерацијата 2008 на ФК Вардар предводена од Влатко Колев со победа го стартуваше меѓународниот турнир „Пирин Куп“ кој се игра во Сандански (Бугарија). Денес, вардаровите надежи во рамките на 1.коло беа подобри од екипата на Септември Софија 2 со резултат 4:0. На полувреме имавме водство од 2:0 со головите на Ендрид Кадрији и Дамјан Буцевски. Во вториот дел во листата ... Read More »

ФК Вардар генерација 2008 на меѓународен турнир во Бугарија

330654589_1125628334779259_1538029476164628142_n

Генерацијата 2008 на ФК Вардар на турнир во Бугарија. Избраниците на Влатко Колев во периодот од 14-18.февруари ќе се натпреваруваат на „Пирин Куп“, на кој учество ќе земат 12 екипи поделени во три групи. Вардар е дел од групата Б, во која се уште и екипите на Кул (Скопје), Септември Софија 2 ( Бугарија) и Дачија (Молдавија). Со настапи започнуваме ... Read More »

Младинската школа на ФК Вардар стартува со тренинзи

295113925_103273599139757_749505643900084959_n

Утре со почеток од 09:00 во Маџари, со тренинзи ќе стартуваат и младинските екипи на Вардар. Нема некои промени што се однесува до тренерите кои ќе бидат задолжени за работа со генерациите. Пепи Георгиевски ќе биде вклучен да работи со помладите пионери, додека Марјан Герасимовски останува тренер на пионерите. За кадетите и младинците ќе бидат задолжени Борче Христов и Трајче ... Read More »

Видео од голманскиот камп во Дојран под водство на Мутибариќ Слободан

1111111111111

На кампот кој се одржа во Дојран под водство на Слободан Мутибариќ, тренер на голмани во младинската школа на Вардар, учество земаа 13.голмански надежи. Вардаровиот тренер организираше успешен голмански камп, во продолжение видео од истиот. Видео репортажата на Македонската телевизија за овој камп може да ја поголеднете на следниот ЛИНК  ,,,, На голманскиот камп на Мутибариќ, имаше неколку „чувари на ... Read More »

Генерацијата 2011 на ФК Вардар играше на турнирот во организација на ФК Бутел

320941193_717875239566981_4563778269908063033_n

Генерацијата 2011 на ФК Вардар денес настапи на младински турнир кој го организира ФК Бутел. Нашите млади надежи го завршија настапот во групната фаза, откако не успеаа да се пласираат во полуфиналето. Одигравме три натпревари, на кои остваривме еден нерешен резултат и два порази. На првиот натпревар нашите млади надежи беа поразени од екипата на Нова Колонија со резултат 4:0, ... Read More »

Генерацијата 2011 на ФК Вардар дел од новогодишен турнир во Бутел

318575638_10167807206440112_2277279256738234991_n

Претстојниов викенд, генерацијата 2011 ќе се натпреварува на новогодишен турнир во организација на ФК Бутел. На турнирот во оваа генерација ќе се натпреваруваат осум екипи, поделени во две групи. Вардар е дел од групата Б, во која се уште и екипите на Бутел, Караџов и Нова Колонија. Натпреварите во групната фаза ќе ги одиграме во сабота (24.12). ФК Вардар – ... Read More »

Вардаровите генерации 2008 и 2009 одиграа пријателски натпревари со Брегалница

1

Вчера, нашите генерации 2008 и 2009 гостуваа во Штип, каде одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница. Генерацијата 2008 на Вардар стигна до победа во соочувањето со врсниците од Брегалница, славејќи со резултат 0:2 (0:1). Стрелци на головите беа Дамјан Буцевски и Христијан Јевтоски. Натпреварот на Вардар и Брегалница, кај генерацијата 2009 заврши со почетниот резултат 0:0. Read More »

Пораз за Македонија У15 од Малта, настап забележаа тројца вардарови играчи

318880025_841898110427863_5782569811986750832_n

Македонија У15 загуби на првиот контролен натпревар од репрезентацијата на Малта (2:0). Матео Кесиќ и Илија Митаноски беа стартери на овој прв натпревар на овие две репрезентации, додека во игра влезе и Душан Бојовиќ Заев. Митаноски имал две шанси за да постигне гол на натпреварот. Вториот натпревар се игра во текот на утрешниот ден.     Read More »

Четворица вардарци повикани за Македонија У15, која ќе одигра контролни натпревари со Малта

129870103_3875190415847771_5997105452382539141_n

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години на 11 и 13.декември во Малта ќе одигра два контролни натпревари со соодветната репрезентација на оваа земја. Селекторот на Македонија, Раде Каранфилоски за овие натпревари повика и четворица наши играчи. Се работи за Павел Грбевски, Душан Бојовиќ Заев, Илија Митаноски и Матео Кесиќ. Read More »

ФК Вардар со генерацијата 2011 се натпреваруваше на турнир во Штип

naslovna

Генерацијата 2011 на ФК Вардар беше дел од младинскиот турнир „Форца Куп 2022“ во Штип на кој покрај Вардар учество земаа и екипите на Форца Штип и Беласица. Секој играше со секого, на крајот Вардар го освои второто место, зад екипата на Беласица која заврши како првопласирана. Избраниците на Зоки Тасевски славеа на натпреварот со Форца Штип (3:1), додека беа ... Read More »