Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 224)

Прв тим

Гачевски: Не можам да ветам ништо освен дека ќе го дадеме максимумот за да се вратиме на победите

Филип Гачевски голманот на Вардар, во интервју за клубскиот сајт говореше за натпреварот против Силекс кој им престои на Вардарци. Гачевски истакна дека ќе се обидат да ја прекинат црната серија и да се вратат на победничките патеки. „Анализиравме сето она што се случуваше на натпреварот со Работнички, разговаравме за грешките и се трудиме да не ги повториме. Поразите се ... Read More »

Лошиот викенд измина, доаѓа нов со нови три дуели

vardarfans-rk-vardar11-660x330

Црвено – црните тимови на Вардар веќе го заборавија изминатиот викенд кој донесе три порази од исто толку натпревари. Сега Вардар се насочува кон овој викенд каде сите три екипи ФК, РК и ЖРК Вардар ги очекуваат нови дуели. Најпрвин програмата ќе ја отвори ЖРК Вардар и тоа в петок на дуел против германскиот тим на Битигхајм. Вардарки по загубениот натпревар ... Read More »

Вардар казнет од УЕФА со 30.000 евра, поради лоша организација на мечот против Розенборг

346

На последниот меч од групната фаза во Лигата на Европа против Розенборг, екипата на ФК Вардар е казнета со 30.000 евра од страна на УЕФА. Поради лоша организација, палење на пиротехнички средста, како и фрлање на предмети, и влез на куче на теренот, се вели во соопштението на УЕФА, мерки поради кои е казнет нашиот фудбалски шампион. Ова беше вкупно ... Read More »

Вардар – Силекс наместо во среда ќе се одигра во недела

fkv

Снегот и лошите временски услови го одложија 22. коло кое што требаше да се игра во среда (28.02.2018 година), во кое што Вардар требаше да го пречека тимот на Силекс. Поради лошите услови за игра, дуелот на овие два тима е преместен да биде одигран во недела, на кој што Вардар е домаќин. Исто така покрај овој меч, измени претрпува ... Read More »

Среќен роденден Тодороски

vardarfans-todoroski

Денеска свој  роденден слави играчот на Вардар, Тодор Тодороски. Тој е роден на денешен ден во 1999 година во Прилеп. Овој  десен  бек  е дел од црвено-црните од јуни 2016 година, тој најпрво како дел од младинската екипа, и полека се наметнуваше како сериозен кандидат да го облече дресот на сениорската екипа. Среќен роденден Тодор.  Read More »

(ВИДЕО) Работнички ни го нанесе првиот пораз во 2018, Вардар се подалеку од пехарот

0000000000

Фудбалскиот клуб Вардар, вчера го доживеа  првиот пораз во пролетниот дел. Ние бевме поразени  во градското дерби од Работнички одиграно денеска на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје со резултат 2-1. Read More »

Збогум титуло, Вардар доживеа нов пораз од Работнички

fkv-antalija

Тимот на Вардар доживеа нов пораз од Работнички (2:1), сосема заслужено попладнево градскиот ривал се радуваше на победа и три бода. “Црвено – црните” и на овој дуел делуваа многу немоќно, на крајот имаа  и шанси за нерешено, но времето беше прекусо за нови голови. Со овој пораз речиси сигурно Вардар ја загуби титулата. Вардар одново одигра разочарувачки 45. минути, ... Read More »

Попов, Максимов и Тодоровски стартери, познат составот на вардарци, за дуелот со градскиот ривал

vardarfans-sostav

Денес на програмата е градското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Триумф за вардарци е неопходен, во борба за шампионската титула. Тренерот Чеде Јаневски ги одреди 11-сетмината играчи кои ќе го стартуваат овој натпревар. Има три имени во однос на претходните мечеви во пролетниот дел од сезоната. ФК Вардар: Гачевски, Глишиќ, Новак, Попов, Тодоровски, Глигоров, Битанг, Фелипе, Попзлатанов, ... Read More »

(Стрим во живо) Работнички – ФК Вардар 14-00 часот

j4f-621x330

Денес на националната арена “Филип втори“ во Скопје екипата на ФК Работнички е домаќин на црвено-црниот состав. ФК Вардар оди на победа бидејќи само триумф во ова градско дерби против “романтичарите“ не остава во трката за одбрана на титулата во првата лига.  *Од овој дуел  кој почува во 14-00 часот може да проследите директен пренос на следниот ЛИНК Read More »

Градската пресметка мора да им припадне на “црвено – црните”

fkv-antalija

Попладнево од 14.00 часот новото коло во ПМФЛ го отвараат градските ривали од Скопје, тимовите на Работнички и Вардар. На оваа градска пресметка која ќе биде одиграна на Арената Филип II, тимот на Вардар ќе влезе само со една цел, победа и задржување на шансите во борбата за титула. Од друга страна тимот на Работнички ќе сака да ја прекине ... Read More »