Натпреварите од 1.коло во втората македонска фудбала лига и официјално се одложуваат, стои на официјалниот сајт на ФФМ. За претстојниов викенд беше закажан старт на новата сезона во ВМФЛ, но истиот е одложен. За следниот викенд, ќе продолжат натпреварите од 2.коло. Вардар требаше во сабота да гостува кај екипата на Арсими, натпревар кој ќе се одигра во друг термин. Првиот ... Read More »
Прв тим
Вардар започнува од Чегране
Стартот на сега веќе едната Втора лига започнува овој викенд. ФК Вардар одново е главен фаворит и се освен враќање во Првата лига ќе значи катастрофа по нашиот тим. Патот на Вардар до Прва лига започнува од едно ,,жешко” гостување и тоа во селото Чегране кај екипата на ФК Арсими. Арсими е нов второлигаш, откако минатата сезона се натпреваруваше во третата ... Read More »
Среќен роденден Брага!
Денес свој 48-ми роденден прославува легендата на ФК Вардар и македонскиот фудбал, некогашниот миленик на вардаровата публика Агиналдо Брага. Брага покрај значајните настапи во кариерата за нашиот тим, играше и за репрезентацијата на Македонија. ,,Вардар Фанс” му го честита роденденот на Брага и му посакува добро здравје и долг живот. Read More »
Христијан Вецески за посилен Вардар
ФК Вардар договори ново име пред стартот на новата сезона. Нов играч на ,,црвено – црните” e Христијан Вецески. Се работи за млад фудбалер кој во минатото има настапувано за екипите на Работнички, Пелистер, Победа. Игра на позицијата централен дефанзивец, а може да одговори и како последен играч за врска. Вецески нема да биде последното летно засилување за Вардар. Се очекува ... Read More »
Панчев жали зошто Вардар не игра на „Градски“
Македонската легенда Дарко Панчев во интервју за „Индекс.хр“ направи споредба со стадионите на Динамо, Црвена Звезда и на Хадук со Градскиот стадион на кој играше Вардар. Тие стадиони, исто како и клубовите, беа и другите брендови на Белград, Загреб и Сплит. Кај нас се е поинаку. Градскиот стадион во Скопје беше стадионот на Вардар повеќе од половина век. Пред неколку ... Read More »
Вардар ги заврши подготовките во Охрид и се врати во Скопје
Фудбалкиот клуб Вардар ги заврши подготовките во Охрид, и вчера вечерта пристигна во Скопје, каде ќе продолжи да тренира пред стартот на новата натпреварувачка сезона во ВМФЛ. Црвено-црните во подготвителниот период одиграа вкупно шест натпревари, против екипите на Локомотива (3:0), Скопје (0:1), ГФК Охрид (0:0), Пелистер (2:2, на пенали 5:4) и Егнатиа (0:0). Вардар во летниот период се официјално се ... Read More »
ФК Вардар ќе „тестира“ со екипата на Егнатиа
Денес на стадионот „Билјанини Извори“, екипата на ФК Вардар ќе одигра контролен натпревар против екипата на Егнатиа од Албанија. Ова ќе биде последна контрола за црвено-црните, на подготовките во Охрид. Натпреварот ќе се одигра со почеток од 18:00 часот. Read More »
ФК Вардар до четврток ќе тренира во Охрид, следат уште два контролни натпревари
Екипата на ФК Вардар до четврток се наоѓа во Охрид, каде ќе одигра уште два контролни натпревари, по што ќе следи враќање во Скопје. Црвено-црните ќе тестираат со екипите на Караорман и Егнатија ( Албанија) и на тој начин ќе ги завршат подготовките во Охрид. Досега, Вардар одигра четири контролни натпревари, против Локомотива (3:0), Скопје (0:1), Охрид (0:0) и Пелистер ... Read More »
Младите играчи се наметнуваат во подготвителниот период, Давор Серафимов одигра 90 минути со Пелистер
Фудбалскиот клуб Вардар го одигра и четвртиот контролен натпревар во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Вчера на стадионот во с.Црно Буки, црвено-црните на меморијалниот натпревар во чест на „Трајан Кочишки Куља“ успеаа да бидат подобри од екипата на Пелистер. Победникот беше решен после изведување на ударите од белата точка, откако во регуларните 90 минути заврши без победник 2:2. Радува фактот што ... Read More »
Вардар го победи Пелистер, после изведување на удари од белата точка
Фудбалерите на Вардар после изведување на удари од белата точка ја победија екипата на Пелистер, на пријателски натпревар во чест на Трајан Кочишки – Куља. Натпреварот кој се одигра на стадионот во с.Црно Буки во регуларните 90.минути заврши со нерешен резултат 2:2. Црвено-црните успеаа први да го отворат резултатот со атрактивниот погодок на Симеон Христов во 37 минута. Во второто полувреме ... Read More »