Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 35)

У-16

(Фотогалерија) Еуроспорт лесен „плен“ за пом.пионери на Вардар

naslovna

Во рамките на 12.коло во помладата пионерска супер лига, младите надежи на ФК Вардар со убедливи 9:0 ја победија екипата на Еуроспорт Куманово. Рутинска победа за вардарци, кои и после ова коло ќе останат на врвот на табелата. Извештај од натпреварот можете да прочитате на линкот, ТУКА. Погледнете ја фотогалеријата од триумфот на помладите пионери. Read More »

Пом.пионери немаа проблеми со Еуроспорт, висок триумф за младите надежи на ФК вардар

1

Помладите пионери на ФК Вардар со триумф го стартуваа вториот натпреварувачки круг во лигата. Втор пат сезонава убедливо успеваме да го победиме тимот на Еуроспорт Куманово, овој пат со резултат 9:0. Тренерот Стефановски го започна натпреварот со следниов состав: Филевски, Серафимов, Стојилевски, Кулуковски, Јовановски, Величковски (К), Цветков, Курти, Кузмановски, Таневски и Цикарски. Вардарци имаа целосна доминација и посед на топка ... Read More »

Стартува вториот натпреварувачки круг во младите лиги, Еуроспорт Куманово е противник на Вардар

122584684_3400253793354776_2379959505510939134_o

Претстојниов викенд ќе стартува вториот натпреварувачки круг во младинските фудбалски лиги. Противник за младите надежи на Вардар ќе биде тимот на Еуроспорт Куманово. Вардар важи за фаворит на овие натпревари, се надеваме на добри резултати и освојување на бодови. Помладите пионери на Еуроспорт имаат само еден освоен бод, додека пионерите на кумановчани исто така се заковани на дното на табелата ... Read More »

Филип Јовановски донесе победа за Македонија У16, Величковски асистент за првиот погодок

165977502_1059523337874246_1548102068563099942_n

Македонската фудбалска репрезентација го доби контролниот натпревар против репрезентацијата на БИХ. Младите надежи предводени од Тони Јакимовски до триумф дојдоа со пресврт во вториот дел, односно со погодок во 90.минута од натпреварот. Селекцијата на Босна и Херцеговина имаше предност од 0:1 по првото полувреме. Сепак Македонија не се откажа од желбата за позитивен резултат на овој втор пријателски дуел кој ... Read More »

Помладите пионери го финишираа првиот круг на врвот, преглед на резултати и листа на стрелци

12

Помладите пионери на ФК Вардар го финишираа првиот натпреварувачки круг во лигата. Избраниците на Драган Стефановски-Гаге завршија на првото место со вкупно 29 освоени бодови. На 11 одиграни натпревари, нашите млади надежи забележаа 9 победи и 2 нерешени резултати, без ниту еден пораз. Вардарци го имаат и вториот најдобар напад во лиата со 43 постигнати, како и најдобрата одбрана со ... Read More »

Без натпревари во младинските фудбалски лиги за претстојниов викенд

56

Претстојниов викенд ќе нема натпревари во младинските фудбалски лиги. Поради настапите на три млади репрезентации, У16, У17 и У21, викендов одмараат младите категории. Вкупно 10 играчи од младинската школа на клубот имаат настапи за своите репрезентации во претстојниов период. Од следното коло треба да стартува и вториот круг во младиинските лиги, а противник на Вардар ќе биде екипата на Еуроспорт ... Read More »

Две младински репрезентации доживеаа пораз, настапи забележаа и вардарци

20210324151850

Македонија У16 и У21 денес ги одиграа своите први контролни натпревари, едните во Скопје, другите во Анталија. Македонија У16 беше поразена на првиот тест натпревар од соодветната селекција на Бугарија. На натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ избраниците на Тони Јакимовски беа поразени со резултат 0:2. Од вардаровите играчи, само Марко Стојилевски ја одигра целата утакмица, додека ... Read More »

Македонија У16 и У21 денес со контролни натпревари, осум вардарци во националниот дрес

makedonija

Две млади фудбалски репрезентации на Македонија денес ќе бидат активни со одигрување на конролни натпревари. Тоа ќе бидат Македонија У16 и У21. Дел од составот на Македонија У16 кој денес ќе одигра натпревар со селекцијата на Бугарија, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток од 14:00 часот, се Влатко Кулуковски, Филип Јовановски, Горјан Цветков, Никола Величковски и Марко Стојилевски. Македонија ... Read More »

Како изгледаат табелите во младинските категории после одигрување на 11.некомплетно коло

27

Со одигрување на некоплетното 11.коло, помладите пионери и кадетите на Вардар останаа лидери во своите генерации. Во помладата пионерска лига, Вардар и понатаму има два бода повеќе од тимот на Акад.Пандев, додека во кадетската лига овие две екипи се израмнети според бројот на бодови, но вардарци имаат натпревар помалку, оној од неделата против екипата на Победа кој поради снежните врнежи ... Read More »

(ФОТО) Димковски со неговите голмани на загревање пред натпревар

161204116_3771952769518208_8024674510078872287_o

Пред секој натпревар во младинските лиги, тренерот на голманите, Бојан Димковски, е задолжен да ги загрее своите голмани и да ги подготви за натпреварот. Леонид Илиевски (2005) и Наум Ангелов (2004) се дел од Академијата на Вардар кои ја чуваат мрежата на црвено-црните. Погледнете преку фотографии како изледа една подготовка со голманите пред натпревар. Read More »