Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 (page 105)

У-17

Младинците на Фк Вардар против Љубанци, пионерските екипи патуваат во Штип на контролни мечеви против Брегалница

vardarfans mladinci-14

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар, предводени од тренерот Љупчо Марковски утре ќе одиграат пријателски натпревар против своите врсници од екипата на Љубанци. Мечот ќе се соигра на теренот во Н. Ново Лисиче со почеток од 10 часот. Ова се последни контролни натпревари и подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, каде Вардарци атакуваат на освојување на двојната круна. Веќе ... Read More »

Три Вардарови генерации ги дознаа противниците за полуфиналето во националниот куп

mladinci-21

Денес во седиштето на фудбалската федерација на Македонија беа извлечени паровите за полуфиналните натпревари во националниот куп на младинските категории. Своите противници ги добија нашите пионери, кадети и младинци. Пионерите за противник ја добија екипата на Металург. Првиот натпревар црвено-црните ќе го одиграат на домашен терен. Во есенскиот дел од сезоната, избраниците на Сашо Тодоровски во рамките на 9 коло ... Read More »

Пом. пионери ја победија А. Пандев, контролни натпревари и за другите наши екипи во Дојран

vardarfans-22-660x330

Три Вардарови генерации изминативе денови се наоѓаат во Дојран, каде ги одработуваат своите подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Утрово свој натпревар одиграа помладите пионери на Фк Вардар предводени од тренерот Сашо Јанев. Тие за противник ги имаа своите врсници од екипата на Академија Пандев, кои ги победија со минимален резултат од 1:0. Дождливиот терен не дозволуваше да ... Read More »

Стружанецот Калчиноски од австриски ДСЦ ги засили пионерите на ФК Вардар

vardarfans-

  ФК Вардар отсекогаш бил место каде се собирал “младинскиот фудбалскиот цвет“ од целата наша република. Такво е последното засилување за пионерите на ФК Вардар, младиот стружанец Анел Калчиноски.  Тој во црвено-црните пионери дојде од екипата на австрискиот тим ДСЦ.  Анел е фудбалер кој е роден 2000 година, тој  поседува исклучителни физички карактеристики. Почнал да тренира фудбал доста рано на неполни 8 ... Read More »

Пом. пионери и пионерите на Фк Вардар убедливи против Беласица, на контролни натпревари

vardrafans-10-660x330

Помладите пионери и пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се наоѓаат на неколкудневни подготовки во Дојран, пред стартот на пролетниот дел од натпреварувачката сезона. Тие денес одиграа контролни натпревари против екипата на Беласица, која беше една година повозрасна од нашите екипи. Двете наши генерации забележаа убедливи победи и покажаа дека се наоѓаат во одлична форма, пред најважните предизвици на пролет. Први ... Read More »

Утре пионерите, кадетите и пом.пионери на ФК Вардар ќе одиграат тест-мечеви со Беласица во Дојран

vardarfans-5

Три вардарови генерации кадетите и пионерите и помладите пионери кои предводени од Влатко Колев, Сашо Тодоровски и Сашо Јанев во периодот од 16-21 февруари своите подготовки ги одржуваат во  спортскиот центар Истатов во Дојран. Тие утре ќе одиграат три контролки со своите врсници од струмичка Беласица. Најмалите фудбалски надежи на црвено-црните, помладите пионери својот меч ќе го одиграат со почеток во ... Read More »

Пионерите на Вардар добија квалитетен напаѓач, Саит Битиќи ги засили црвено-црните

vardarfans-192

Ново сериозно засилување во  составот на пионерите на фудбалскиот колектив ова зимо е младиот Саит Битиќи. Тој за време на паузата официјално премина во ФК Вардар од екипата на ФК Арена Спорт Келн, Саид сериозно го засили нападот на  оваа генерацијата која е предводена на клупа од Сашо Тодоровски. Тој е фудбалер кој е роден 2000 година, тој  поседува исклучителни физички карактеристики. ... Read More »

Ново засилување за пионерите на ФК Вардар, Бекир: Ветувам за Вардар ќе оставам “срце на терен“

vardarfans-212-660x330

Во составот на пионерите на фудбалскиот колектив ова зимо има неколку нови имиња. Едно од засилувањата за генерацијата предводена на клупа од Сашо Тодоровски е младиот  Зејнула Бекир. Тој за време на паузата премина во ФК Вардар од екипата на ФК Арена Спорт Келн. Младиот Бекир кој го краси брзината и експлозивноста, но и добрата техничка поткованост во играта,  со фудбалската ... Read More »

Пионерите на Фк Вардар им нанесоа “тежок“ пораз на Македонија Ѓ.П, Марко Ѓорѓиевски постигна четири гола

vardarfans-32

Пионерите на Фк Вардар победуваат и на контролните натпревари, со што покажуваат дека се наоѓаат во одлична форма, пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Сашо Тодоровски утрово на теренот во населбата Ѓорче, одиграа пријателски натпревар против своите врсници од Македонија Ѓ.П. Овој дуел убедливо им припадна на Вардарци, со резултат 5:1. Марко Ѓорѓиевски влегува во гол-форма, откако ... Read More »

(Фотогалерија) Меѓусебен дуел на пионерите и кадетите на ФК Вардар

vardarfans-10

На теренот со вештачка трева во склоп на тренинг центарот на Вардар во скопската населба Хиподром се одигра тест дуел помеѓу две вардарови генерации. Во истиот се сретнаа пионерите и кадетите на црвено-црните. Мечот заврши со реми 5-5, а на полувреме се замина со резулат 3-2 за помладите вардарови надежи. Дуелот се играше  70 минути, односно две полувремиња по 35 ... Read More »