Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Реално Аикидо /Борење (page 5)

Реално Аикидо /Борење

Борење: Четири “бронзи” од меѓународната настапи за Вардар

received_532643032098647

Вардаровите борачи настапуваа изминатиот викенд со голема успешност. Дојдовме до 4 бронзи, за тоа на клубската страница објавија: Овој викенд борачите на БК Вардар имаа богат викенд и само 4 освоени бронзи на меѓународните турнири во : - Бугарија , Плевен “ОСВОБОЖДЕНИЕ” ( 3 бронзи ) - Грузија , Тбилиси “ЗАРИБЕГ БЕРИАШВИЛИ” (1 бронза ) - Германија, Дортмунд “OBERLIGA” Read More »

Спортскиот директор на БК Вардар, Димчевски потпиша договор со компанијата „PESKO TECH“ за спонзорство

z

БК Вардар на својата официјална страница обелодени убава вест за нова соработка и спонзорство. Во истата се вели: Спортскиот директор на боречкиот клуб „Вардар“, господинот Димчевски Мирко потпиша договор  со компанијата #PESKOTECH. Целта на овој постигнат договор помеѓу клубот и оваа компанија  е  договор за взаемна соработка и спонзорство на црвено-црниот борачки колектив.   Read More »

Среќен роденден претседателе на БК Вардар, проф.Љубиша Пешко

11

Денес својот роденден го прославува, Проф.Љубиша Пешко, претседателот на БК Вардар. Тој е роден  08.08.1968 , Скопје-Македонија. Бил репрезентативец на поранешна Југославија и Р.Македонија категорија до 74кг , учесник на повеќе Европски и Светски првенства. Кариерата ја започнува кај Ристо Таков во БК Скопје , потоа Бојан Рангелов го презема во БК Вардар каде со 18 години станува сениорски репрезентативец под водство ... Read More »

Вардаровиот, олимпиец Нуров стана татко, БК Вардар со честитки

291115857_990701094949991_2086330621190088935_n

Македонскиот борец, вардарецот  Магомегаџи Нуров  кој има одличен период во својот живот, пред само неколку дена славеше против Турчинот Фејзулах Актуркво категоријата до 97 килограми слободен стил и го освои златниот медал на Медитеранските игри во Алжир, вчера стана и татко.  БК Вардар на олимпиецот му ја честиташе приновата во семејството, односно ново родениот син. Тие на малиот Осман му ... Read More »

Нуров со голем пресврт дојде до злато за Македонија на МИ во Алжир

154907-nurov-se-izbori-za-zlaten-medal-vo-alzhir

Македонскиот борец Магомегаџи Нуров славеше против Турчинот Фејзулах Актурк со 4-3 во категоријата до 97 килограми слободен стил и го освои златниот медал на Медитеранските игри во Алжир. Актурк имаше водство од 3-0, но Нуров се врати и успеа најпрво да намали на 2-3, а последниот удар го имаше во последните секунди, кога освои дополнителни два бода за златен медал. ... Read More »

Реал Аикидо “Вардар“ ќе организира летен камп во Грција

re3

Клубот за реално аикидо „Вардар“ повторно ќе реализира отворен летен камп, истиот ќе биде организиран во периодот  од 18-ти до 24-ти јуни оваа година. Олимпик Бич во соседна Република Грција ќе биде локацијата каде истиот ќе биде одржан. Тренинзите ќе ги водат тренери со интернационални лиценци, предвидени се основи на Реал аикидо, детска и програма за возрасни, како и специјална ... Read More »

Државно изборно првенство за сениори во борење, Нуров со победа (Фото)

nurov-piedestal-dpi-2022

Вчера во Радовиш се одржа Државното изборно превнство во борење за сениори. Во најдобро издание се претставија борачите на Лирија кои во вкупниот пласман се први со 42 поени, пред Балканец 31, Чаир 26, Бучим 23 итн. Сепак, најголемото изнандување го направи Бесир Алили, кој во категоријата до 61 килограм во финалето го совлада фаворитот Владимир Егоров, носител на бронзен ... Read More »

На Гран-при Москва, Нуров на „мегдан“ со олимпискиот првак Садулаев

yy

Во главниот град на Русија, претстолнината Москва е закажано големо боречко шоу за 3.декември. Станув збор за Алроса Гран-Прих каде што ќе бидат присутни дузина борачки ѕвезди. Вардарецот и македонски олимпиец,  Нуров ќе биде дел од овој настан, тој ни помалку ни повеќе во категоријата до 97 килограми за ривал ќе го има моментално најдобриот борач на планетата во таа ... Read More »

(ВИДЕО) Атрактивна победа на Нуров во руската Лига Волник

nurov-1

Македонскиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров, започна да настапува во најсилната лига во светот Волник – руската лига. Во лигата настапуваат најдобрите руски борачи, но и оние кои се во странство. Ова ќе биде добра можност за нашиот репрезентативец да ја одржува формата и да има што поголем број на борби пред Европското првенство во март во Будимпешта  Имаше вардаровит борач успех ... Read More »

Нуров поразен во репасажот на Светското првенство

nurov-sp-oslo-2021

Репрезентативецот Могамедгаџи Нуров, вчера  загуби во репасажот од Монголецот Батзул Узисајкан 0-6 на Светското првенство во борење (слободен стил) што се одржувца во Осло-Норвешка.  Така, Нуров го освои седмото место на ова Светско првенство 2021, во категоријата -97 килограми. Read More »