Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка (page 113)

Кошарка

Кошаркарите на Вардар ги совладаа противниците од Карпош Соколи со 73-85 и го освоија третото место во М20

kkvardar-m20

Во полуфиналето од овогодинешниот Фајнл-Фор загубивме од КК Работнички, а на натпреварот за трето место бевме подобри од Карпош Соколи со 85:73. Не успеавме да ја одбраниме шампионската титула од изминатата година, меѓутоа оваа екипа го обезбеди своето место меѓу елитата за следната сезона. На натпреварот за третото место кај КК Вардар, најпрецизен беше Петар Прентовиќ со 17 поени, и ... Read More »

Кошарка: КК Вардар генер.2005 учествуваше на “Баскет 4 кидс“ турнирот в Белград

32906043_1858560461111149_8023384596991180800_n

Кошарскиот клуб Вардар го заврши учеството на меѓународниот турнир  “Баскет 4 кидс“  во организација на ТВ Спорт Клуб кој се играше в Белград, Србија. На истиот учестуваа најдобрите екипи од ех Ју просторите. Турнирот беше за момчиња родени 2005 година и помали. Вардарци играа со екипа составена од четири играчи родени 2005, а остатокот од екипата (осум играчи) беше пополнет со ... Read More »

Кошарка: Вардар М20 викендов ќе игра на завршниот Ф4

m20-1024x768

По регуларното натпреварување на првенството, нашата кошаркарска селекција М20 се наоѓа на трето место на табелата после ФМП Академија и Работнички. Тие три тима   заедно со четврто пласираната екипа Карпош Сколи, викендов ќе го играат завршниот Фајнл-Фор турнир, за сезона 2017/18. Утре,  сабота (19.05.2018), со почеток од 20-00 часот, во спортската сала на ОУ “Невена Ѓеоргиева Дуња”, го играме полуфиналниот натпревар против ... Read More »

ЖКК Вардар со сребро ја завршија оваа сезона во лигата

31577004_387110391803823_785896379997224960_n

Девојките на Бадел успаа со 3-0 да го совладаат ЖКК Вардар и да обезбедат петта шампионска круна по ред во лигата.  Нашите девојки првенството го завршија како “сребени“ откако в “Кале“ беа поразени со 76:55.  Купот е во нашите витрини, шампионскиот пехар и оваа година го пропуштивме, но сепак овие девојки го дадоа максимумот во текот на целата сезона. Добро ... Read More »

Кошарка: Повикани пет момци од Вардар за селекцијата до 15 години

kkm15

Кошаркарската националната селекција до 15 години претстојниот викенд (недела, 20. мај) ќе одржи тренинг во Спортската сала „Кале“ (мала сала) со почеток во 9:00 часот наутро. Тренерското трио во состав Денис Дервишевиќ (селектор), Марјан Ѓуров (асистент) и Николче Божиновски (ментор) излезе со списокот на кошаркари повикани за овој тренинг. На истиот се најдоа дури пет момци од кошаркарскиот клуб Вардар. ... Read More »

ЖКК Вардар утре го пречекува Бадел во дуел од финалната серија

zkk

Женскиот кошаркарски колектив, Вардар утре ќе одигра нов дуел во финалната серија за шампионската круна во првенството. Девојките на Вардар во моментот губат со 2-0 од Бадел 1862 и се надеваат дека утре, среда, 16.мај ќе ја преполоват предноста на актуелните шампионки. Дека Бадел не е непобедлив сезоната покажавме два пати, најпрвин во финалето од Купот ги совладавме и дојдовме ... Read More »

Кошарка: Вардар М12 со сребро од Лесковац

thumbnail-11-750x330

Овој викенд се одигра и четвртиот Балкански Куп за оваа сезона. После Пловдив, Ботевград и Скопје , Лесковац беше последната дестинација каде што се одигра Блаканскиот Куп за деца до 12 години. Во група вардаровите надежи беа  со домаќинот Актавис и КК Ниш, а со двете екипи извојувавме победа. И кошаркарскиот клуб ФМП во полуфиналето не успеа против нас, за да во големото ... Read More »

Кошарка: Баделки поведоа со 2-0 во финалната серија против Вардар

zkk-615x330

Екипата на Бадел 1862 ја отвори финалната серија со триумф над Вардар на вчерашното соочување во нивната сала. Актуелниот првак победи со десет коша позитива, 61-51 и поведе со 2-0 во финалната серија. Тие се  на една победа од титулата во женскиот кошаркарски шампионат. Шампионките во оваа финална серија  пренесоа еден поен во финалето поради подобриот скор со противникот во лигашкиот ... Read More »

Кошарка: Вардарки денес гостуваат на Бадел во првиот меч од финалната серија

35929620180511-1-750x330

Денес, сабота (12 мај) во 19-00 часот , во Основно Училиште „Невена Георгиева – Дуња“, девојките од ЖКК Вардар ќе одат  по брејк во првиот финален натпревар против ЖКК Бадел 1862. Со овој дуел почнува финалната серија во женската кошаркарска прва лига. Овој натпревар ќе биде дванаесетто дерби, а во досегашните дуели, скорот  е 8-3 во корист на противникот. Read More »

Вардар М20 загуби од ФМП Академија

m20-750x330

На гостувањето кај КК ФМП Академија, нашите кошаркари до 20 години загубија со резултат 83:62. Потполно заслужено домаќинот се радуваше на висока победа, во текот на целиот натпревар беше подобар ривал од “црвено – црните”. И покрај овој незгоден пораз, сепак, Вардар останува и го држи првото место на табела во досегашното натпреварување. Read More »