Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови (page 295)

Останати спортови

КУГЛАЊЕ! “Успешна контролка“ пред заминувањето во Болцано на Светскиот куп на вардарци

Ситно бројат избраниците на Драги Димитровски пред заминувањето на почетокот од викендов за Бочлано во Италија каде ги чека најголемиот европски предизвик во нивната млада историја. Тие ќе се сретнат со 14 најсилни европски екипи на “Светскиот куп“, собир кој е висококвалитетен турнир. По тој повод вчера во кугларницата “Мусандра“  која од сезонава ќе биде наш домашен терен, се одиграа тест ... Read More »

АТЛЕТИКА! Новиот вардарец Влатко Јакимоски со дебитански маратон во Подгорица

На 30 Октомври ќе се одржи по 23 пат во Црна Гора познатиот Подгоричкиот маратон. Стандардно во соработка со Скопскиот маратон 50-тина атлетичари од Македонија ќе настапат на маратонската и полумаратонската трка. Влатко Јакимоски од АК Вардар ќе го има своето огнено крштевање на пеколната 42 километарска патека. Трпе Мартиновски тренерот на АК Вардар го подготвува Јакимоски за најсериозниот предизвик ... Read More »

КОШАРКА! Вардар У-16 го освоија првото место на турнирот „Демшар куп” во Нови Сад

Кошаркарскиот клуб Вардар ја има веќе долги години најдобрата младинска школа во земјава ,  тие освоиа ново признание кое ја потврдува нивната работа. Младите кошаркари на КК Вардар У-16 го освоија златото на 24.то издание на турнирот „Демшар куп” кој се играше во Нови Сад-Србија.   Вардарци  во групна фаза од турнирот  постигнаа две победи, во првиот меч го совладаа тимот на ... Read More »

Ѓорѓи Кочов е нов тренер на КК Вардар

Новиот член на првата кошаркарска лига, тимот на КК Вардар во новата сезона ќе влезе со нов млад тренер. Неговото име е Ѓорѓи Кочов. Кочов има 31 година, а во минатото настапуваше за тимовите на КК Работнички, МЗТ Скопје и тн, каде има освоено и три титули. Кочов во новата сезона ќе го менува Бојан Христов, кој го водеше нашиот тим во ... Read More »

АТЛЕТИКА! Завировски со резултати на кариерата на 3.000 и 5.000 метри!

Викендов на Националната Арена Филип Втори Македонски се одржаа натпреварите од финалето на младинскиот куп на Македонија. Вардаровиот атлетичар Петре Завировски настапи надвор од конкуренција бидејки е сениор. Неговата цел беше да ги собори своите најдобри резултати на 3.000 метри и 5.000 метри. Кои изнесуваа 10:03 на 3.000 метри и 17:23 на 5.000 метри поставени пред 3 години. Завировски покажа ... Read More »

(ВИДЕО) Вардаровите куглари Влаќевски и Димитровски гости во “ Македонија наутро“

Во утринската емисија на државната телевизија МТВ, “ Македонија наутро“ гости беа двајца куглари на црвено-црниот кугларски колектив. Од Вардар поканети во емисијата се: “кугларскиот Моцарт“ еден од двајцата најдобри вардарови куглари Бојан Влаќевски и харизматичниот потпреседател и куглар на нашиот тим Дарко Димитровски. Тие појаснија неколку работи околу “Светскиот куп“ кој не очекува наскоро и околу куглањето. Погледнете во продолжение во ... Read More »

(ФОТО) Вардар го дозна распоредот во кугларската лига, прво коло супер дерби со шампионот КК Макпетрол

Македонската кугларска лига-МКЛ стартува во средината на идниот месец поточно на 15 октомври со мечевите од првото коло во истата. Веќе се познати сите пет есенски кола во МКЛ, таа годинава брои како и изминатата сезона шест екипи каде покрај нашиот  КК Вардар, учестуваат: шампионот Макпетрол, ГТЦ Мусандра, 18 Август, Хераклеа и Тутунски Комбинат. Вардар оваа сезона ќе ги игра ... Read More »

БОРЕЊЕ! Кадетот Рамазан Гаџиханов поради здравствени причини нема да настапи на С.П во Тибилиси

 Во главниот град на Грузија, Тибилиси во  моментов во тек е Светското првенство во борење за кадети. На истото требаше да настапи и отпатува кадетот на борачкиот клуб Вардар Гаџиханов и неговиот тренер професорот Љубиша Пешко. Вардар поради “глувоста“ и анамеијата која владее во ФБСМ самофинансирачки ги испрати двајцата на свој трошок во Грузија сакајќи да му дадат шанса на младиот ... Read More »

КУГЛАЊЕ! Вардар на 2-ри октомври патува за Италија на “Светскиот куп“, потоа го очекува прво коло во МКЛ, дерби со Макпетрол

Избраниците на Драги Димитровски членовите на црвено-црниот кугларски колектив ги очекува пеколен октомври. Тие од август се подготвуваат за предизвиците во следниот месец. Тренираа во Скопје, одиграа контролка која ја добија со градскиот ривал екипата на КК ГТЦ Мусандра и учестуваа на силен турнир во Бих. Тие во Бања Лука-Република Српска (БиХ) ја имаа најсилната контролка во овие подготовки каде ... Read More »

Во сабота мото клубот Вардар ќе прослави 38 години постоење

Во сабота  на 17-ти септември Мото клубот “Вардар“  -Скопје ќе ја одбележи  38-та година од своето  постоење. MK „Вардар“ е формиран  далечната 1978 година во Скопје. Брои околу 70 членови, има меѓудругото и членови од странство како што се членови  од Косово и Ирска. Прв претседател на МК Вардар бил Вања Битуљану, а од септември 1979 година е Васил Николовски кој ќе биде ... Read More »