Friday ,09 May 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги (page 47)

Младински лиги

Кадетите на Вардар денес ќе го одиграат одложениот дуел од младинската лига со Јуниор К.В

aa3-573x330

 Кадетитите на ракометниот клуб Вардар, кои се натпреваруваат во младинската Група-1 денес ќе одигаат заостанат натпревар. Тие изминатиот викенд требаше да гостуваат кај екипата на РК Јуниор КВ, но поради технички проблеми во салата мечот беше одложен. Истиот доби нов термин, денес, четврток 7.март. Натпреварот ќе се игра во салата „Круме Кепески“  во Скопје со почеток во 16-00 часот. Тимот предводен од Будимир ... Read More »

Пионерите на РК Вардар лесно се справија со РК Драчево

aaaaaaaaa

Денес во “Јане Сандански“ во дуел од 11.коло во пионерската машка лига, РК Вардар го пречека тимот на РК Драчево. Во натпревар во кој по само 5.минути поведовме успеавме да дојдеме до победа со резултат 21-15. Отвривме добро на почетокот по почетните 1-1, успеавме со серија од три врзани погодоци по добрата игра во нашата одбрана  да се одлепиме на ... Read More »

Викендов три машки и еден женски дуел за ракометните надежи на Вардар

fffffffffffffffffffffffffffffffffffffff

Викендов на програмата се три машки и еден женски младински дуел на младите надежи на ракометниот клуб Вардар. Младинските екипи на црвено-црните на три меча се домаќини во СЦ „Јане Сандански“, а на само една средба сме гости. Ова е распоредот на дуели: *Пионери: Вардар-Драчево 03/03/2019 (Ј.Сандански 12:00) *Младинци: Вардар Јуниор- КЛ7 03/03/2019 (Ј.Сандански 16:00) * Младинци: Јуниор КВ-Вардар 02/03/2019 (Сала „К.Кепески“ ... Read More »

Втор натпреварувачки ден од пролетниот дел на ракометната „Јуниор Лига“

a25

На вториот натпреварувачки ден на стартот од пролетниот дел во ракометната „Јуниор Лига“ беа одиграни вкупно пет натпревари. Во женска конкуренција кај генерацијата родени 2006/07 на програмата беа два натпревари. Во првиот се сретнаа екипите на Будимир и Ново Лисиче. Поуспешна беше екипата на Будимир која славеше со резултат 11:5. Во текот на целиот меч, екипата на Будимир беше во ... Read More »

Победа за РК Седмерец, Шампион и Бисинов одиграа со нерешен резултат, во машкиот дел на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2008/09

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански продолжија натпреварите во ракометната „Јуниор Лига“. На програмата беа два меча во машкиот дел, кај генерацијата родени 2008/09 година. На првиот меч се сретнаа екипите на Шампион и Бисинов, дуел кој заврши со нерешен резултат (5:5). Шампион беше тимот кој го отвори резултатот, но следеше серија за екипата од Велес од 0:4, ... Read More »

(Фотогалерија) Вардар триумфално против РК Струга во меч од младинската лига

52653774_10213870568460562_3287979198039195648_n

Вчера во “Јане Сандански“  кадетите на РК Вардар ја пречекаа младинската екипа на РК Струга,против себе момците на Будумир и Станковски имаа силен, повозрасен и мотивиран тим.  Во еден  борбен натпревар, со многу дуели победата остана во Скопје. Вардар победи со 24-20 (11-11). Од оваа средба ви носиме  мега фотогалерија од 60-тина одлични  фотографии, истите се  дело на младиот фотограф-Ива Органџиева. ФОТО: Iva Organdzieva -Рhotography Read More »

Кадетите на Вардар во “рововска битка“ го добија младинскиот тим на РК Струга, Кизиќ одличен со 17 одбрани (ФОТО)

4

Денес во “Јане Сандански“  кадетите на РК Вардар ја пречекаа младинската екипа на РК Струга, против себе момците на Будумир и Станковски имаа силен, повозрасен и мотивиран тим. Во крајно борбен натпревар, со многу дуели победата остана во Скопје. Вардар победи со 24-20 (11-11). Тргнавме лошо во првите пет минути, гостинот го искористи тоа и поведе со 0-3 во 6.минута. ... Read More »

Совладан Илинден, пионерите на РК Вардар стигнаа до првата пролетна победа

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до првата пролетна победа во пионерската лига. Денес избраниците на Петковски и Бисинов, славеа на гостувањето кај екипата на Илинден. Вардар на стартот од мечот во два наврати имаше предност од два гола разлика, беше 0:2 и 1:3, но домашниот тим успеа за прв пат на мечот да го израмни резултатот на 4:4. Сепак ... Read More »

Јуниор лига: Победи за момците на П.Зографски, РК Карпош и РК Урдаревски на отварањето на пролетниот дел

s4

Денес стартуваше пролетниот дел во ракометната „Јуниор Лига“. Во големата сала на С.Ц. Јане Сандански на програмата беа три натпревари кај генерација 2004/05 и еден меч кај генерација 2008/09, сите во машка конкуренција. Програмата ја отворија екипите на ОПШ.Кисела Вода и Партение Зографски, натпревар кој им припадна на Партение Зографски со резултат 5:9, ова беше натпревар единствен денес кај генерацијата ... Read More »

(Фотогалерија) Започна пролетниот дел од “Јуниор лигата“ и кај најмладите во генер.2010

1

Денес во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје започна со одигрување пролетниот дел од Вардар ракометната “Јуниор лига“. Свои мечеви имаа најмладите надежи од генерација родени 2010 и помали кои играат мини-ракомет во мешани тимови, момци и девојки.  Во продолжение неколку фотографии од овие дуели. Read More »