Машката кадетска ракометна репрезентација на Р.Македонија со пораз го стартуваше Светското првенство кое од вчера започна во Хрватска. После голема борба, избраниците на Раде Стојановиќ беа поразени со резултат 27:25 од селекцијата на Норвешка. Македонија имаше негатива во најголем дел од натпреварот, но на крајот можеби испушти шанса да освои и бод од овој премиерен натпревар на мундијалот во Хрватска. ... Read More »
Прв Тим
Царчев ќе прозива на 7.август, ЖРК Вардар ќе учестувава на турниот во Ѓорче
Кормиларот на црвено-црните девојки, Александар Царчев го одреди почетокот на летните подготовки. Црвено-црните ќе започнат со подготовки на 7,август, ќе имаат по два тренинга на стартот. Кондиционите во Градски парк и ракометни во салата „Круме Кепески“. Веќе на 28.август девојките од ЖРК Вардар ги очекува настап на турнирот во Ѓорче Петров на кој ќе настапат 8.екипи, ќе има тимови од ... Read More »
Вардар потпиша со Јапонецот Косуке Јасухира
По една седмица тренирање со екипата Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности, и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар. Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а нашиот клуб има приоритет доколку сака да го откупи негодиот договор. Тој е првиот Јапонец што ... Read More »
Нилтон Мело и официјално го засили Вардар
Младинскиот ракометен репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело и официјално го засили Вардар, откако денеска потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“. Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Вардар претходно потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер, кој може да игра дури на три позиции (лево ... Read More »
Матија Николиќ две сезони ќе биде дел од Вардар
Младиот српски бек Матија Николиќ успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност за плус уште една. Тој веќе работи со екипата во Скопје и ќе продолжи на подготовките за новата сезона. Вардар сезонава ќе има подмладен тим особено на бековската позиција. Николиќ е третото засилување за „црвено-црните, по левото крило Марко Срдановиќ кој исто ... Read More »
РК Вардар од денес на подготовки во Маврово
Тимот на РК Вардар денес заминува во Маврово, каде ќе го одработи главниот дел од подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Вардар ќе настапи со изменет состав во новата сезона, како засилувања во тимот пристигнаа Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Косуке Јасухира, Нилтон Мело и Ансер Родригез. Можно, е во Маврово да се одигра и контролен натпревар, а турнирот во ... Read More »
Познати термините за двомечот меѓу РК Вардар и Рајн Некар
Познати се термините на одигрување на двомечот меѓу РК Вардар и Рајн Некар, во рамките на квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. На 26.август во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните се домаќини на германскиот бундеслигаш, натпревар кој ќе стартува од 19:00 часот. За 3.септември е закажан реванш натпреварот во Манхајм, кој ќе започне од 16:00 часот. Победникот ... Read More »
Познати ривалите на РК Вардар во групната фаза ако го мине Рајн Некар
Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа. Вардар, доколку го мине големиот фаворит Рајн Некар Левен, ќе биде дел од групата А и би играл против францускиот Нант, шведскиот Кристијанштад и португалската Бенфика, каде што игра Филип Талески. Групната фаза стартува на 17 октомври, а до декември ќе бидат одиграни ... Read More »
РК Вардар најави обнова на младинската школа, во план е отварање на школи во Скопје и Македонија
Ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција на која ги изнесе новитети во пресрет на новата натпреварувачка сезона и тоа како клубот ќе функционира. Акцент беше ставен и на младинската школа, која изминативе три години како и да не постоеше, односно малку се вложуваше во младите ракометари. Со назначувањето на Борко Ристовски како извршен директор и на Стојанче Стоилов, како координатор на ... Read More »
Гоце Георгиевски е новиот капитен на РК Вардар
Тимот на РК Вардар ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, со првиот тренинг во С.Ц. Јане Сандански. Со оглед дека Стојанче Стоилов најави крај на играчката кариера, Вардар мораше да одреди капитен за новата сезона, а таа улога ќе ја има искусниот Гоце Георгиевски. Негова замена ќе биде Томислав Јагуриновски. Вардар ќе се обиде да стигне до групната фаза ... Read More »